Божикната порака на Кејт Мидлтон е полна со љубов


Англија– Кејт, војвотката од Кембриџ, ќе биде дел од специјалниот божикен концерт што британската јавност ќе може да го гледа на Бадник.

И сега, како подготовка за тоа емитување, таа споделува фотографии од настанот и зборови во кои можат да уживаат кралските фанови ширум светот.

Во средата, Кенсингтонската палата објави транскрипт од воведот што  Кејт Мидлтон го сними за „“Royal Carols: Together at Christmas,” “, и во него таа зборува за добра волја во време кое не било толку добро за многумина.

„Многу сум возбудена што ќе бидеме домаќини на „Заедно на Божиќ“ овде во Вестминстерската опатија, место кое е навистина посебно за Вилијам и мене“, рече војвотката од Кембриџ -со изглед во празничен дух- во црвен џемпер на Миу Миу.

Нејзината порака беше снимена во готската црква во Лондон на 7 декември, за време на посетата во која помогна во украсувањето на новогодишните елки донирани од кралицата Елизабета Втора, од големиот парк на монархот во Виндзор, и помогна да се подготват венци донирани од Кралското хортикултурно друштво.

Следниот ден се снимаше коледарската служба.

„Сакавме да им се заблагодариме на сите оние неверојатни луѓе кои ги поддржаа нивните заедници“, продолжи таа. „Исто така, сакавме да ги препознаеме оние чии борби можеби беа помалку видливи“.

И среде пандемијата, тоа опфаќа многу луѓе.

„Поминавме низ толку мрачно време“, рече војвотката со сочувство. „Видовме толку многу предизвици. Ги изгубивме нашите најблиски. Ги видовме нашите здравствени и други работници од првата линија под огромен притисок. И, исто така, бевме повеќе емотивно и социјално дистанцирани и изолирани еден од друг“.

„Но, претпоставувам дека преку таа разделба, сфативме колку многу си требаме еден на друг и како гестовите на љубезност и љубов навистина можат да ни донесат утеха и олеснување во време на неволја“.

На крајот, војвотката додаде: „Се надевам дека секој ќе може да ужива во оваа вечер со своето семејство и пријателите. И ви посакувам многу среќен Божиќ и среќна Нова Година“.

На хорот на Вестминстерската опатија ќе се приклучат и поп-ѕвездите Ели Гулдинг, Леона Луис и Том Вокер.