Министерот Бесими на средба со директорката на УЈП


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе ја посети Управата за јавни приходи каде ќе одржи работен состанок со директорката Сања Лукаревска и со раководството на УЈП. На состанокот ќе се разговара за реализираните проекти и реформи на Управата за јавни приходи во изминатиот период и за проектите и активностите на кои ќе се работи во […]

Бројот на новозаболени во првите три дена од годинава во постојан пад


Бројот на новозаболени од Ковид-19 од почетокот на годината е во постојан пад и во првите три дена од годинава регистрирани се вкупно 923 нови случаи, додека оздравени се 1.328 и починати 15 лица, со што бројот на активни случаи постојано се намалува и изнесува 4.817 лица. Според податоците од Институтот за јавно здравје на […]

Сончево и топло, од четврток промена на времето


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и со […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 4 јануари 2022 година, 4-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 361 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 14 минути. Денов трае 9 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Синот и ќерката на Трамп повикани на распит пред Јавната обвинителка на Њујорк


САД– Јавната обвинителка на Њујорк повика на испитување уште две од децата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, како дел од граѓанската истрага за измама поврзана со бизнисот на Трамп, јави денеска весникот „Њујорк Тајмс“. Поканите, издадени од канцеларијата на јавната обвинителка Летиција Џејмс, им биле предадени уште на […]

Адел ја купи куќата на Силвестер Сталоне, четврта во Беверли Хилс


САД- Адел ја започнува новата година токму со купувањето на вилата на Силвестер Сталоне во Беверли Хилс, според Дејли Меил. Сталоне првпат ја наведе куќата за продажба со осум спални и 12 бањи во јануари 2021 година за 110 милиони долари, пред да ја спушти цената на 85 милиони долари во мај, но Адел, наводно, […]

ФДА одобри бустер доза на Фајзер/Бионтек за деца од 12 и повеќе години


САД– Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го прошири овластувањето за итна употреба на засилувачка доза на вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за да вклучи деца на возраст од 12 и повеќе години. Бустер дозата е со иста јачина на дозата (30-микрограми) како и дозата одобрена во примарната серија, се вели во соопштението. ФДА претходно одобри засилена доза на […]

Три млади момчиња загинаa во сообраќајка на Корчула


Хрватска- Синоќа во тешка сообраќајна несреќа на островот Корчула загинале три млади момчиња, сите тројца од Смоквица, пренесува порталот Индекс.хр. Според информациите од Хрватска, несреќата се случила вчеравечер околу 12.45 по полноќ. Сообраќајната незгода се случила кога 19-годишник, управувајќи со сопствено возило со дубровничка регистерска табличка, движејќи се од Блато во правец на Вела Лука, изгубил […]

Влез на Косово само со две дози од вакцина


Косово– Од денеска за влез во Косово е потребна потврда за вакцинација со две дози од вакцината против коронавирус. Луѓето кои не се вакцинирани со двете дози од вакцината нема да смеат да влезат, пишува Коха. Одлуката беше донесена од владата на привремените институции во Приштина на почетокот на декември 2021 година, кога беа донесени […]

Грчкиот митрополит кој кажа дека господ го штити од зараза почина од Ковид-19


Грција- Митрополитот на грчкиот округ Етолија-Акарнанија, Космас, кој отворено се противеше на вакцинирањето, почина на 76 години по едномесечна борба со ковид-19. Космас, кој одбивал да се вакцинира, бил примен во болница на 1 декември, по што завршил на интензивна нега. Космас беше жесток критичар на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи […]

Царината лани наплатила 103,47 милијарди денари


Царинската управа ја завршила 2021 година со вкупно наплатени приходи во износ од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет. Наплатените приходи во 2021 година, како што информираат од Царинската управа, се поголеми за 24,7 отсто во однос на 2020 […]

Болсонаро хоспитализиран поради болки во стомакот


Бразил – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, откако беше хоспитализиран поради болки во стомакот, се огласи на својот профил на Твитер и информира дека можеби ќе треба да оди на операција. – Ќе бидат направени повеќе прегледи за да се утврди дали ќе биде неопходна операција во абдоменот, објави Болсонаро на Твитер, заедно со фотографија на која го крева палецот во […]

Јајце: Шест изненадувачки здравствени бенефити


САД– Едно јајце е преполно со хранливи материи. „Јајцата се висококвалитетни протеини и содржат широк спектар на витамини и минерали, како што се витамин А, витамин Д, витамини од групата Б и фолна киселина“, изјави претходно за Инсајдер Натали Ризо, регистрирана диететичарка во Њујорк. Едно големо јајце содржи и витамин Е, витамин Б12, калциум, ниацин, […]

Омикрон го избегнува имунитетот подобро од Делта, открива данска студија


Данска – Варијантата на коронавирус Омикрон е подобра во заобиколувањето на имунитетот на вакцинираните луѓе отколку варијантата Делта, според данската студија објавена минатата недела, помагајќи да се објасни зошто Омикрон се шири побрзо. Од откривањето на силно мутираната варијанта Омикрон во ноември, научниците се тркаат за да откријат дали таа предизвикува помалку сериозна болест и […]

Израел планира да ги отвори границите за некои вакцинирани туристи


Израел– Израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека од 9 јануари ќе им дозволи на целосно вакцинирани туристи од одредени земји да влезат во Израел, со што ќе се стави крај на речиси општата забрана за пристигнување на лица кои не се државјани. На странските туристи кои не биле вакцинирани или не прележале Ковид-19 и понатаму им е забранет […]

Дали Хали Бери се омажи за Ван Хант?


САД– Оскаровката Хали Бери е опсипана со честитки. Причина: актерката објави фотографии на која таа и нејзиниот партнер – пејач и текстописец Ван Хант, се на некое егзотично место, се бакнуваат, а на главата има венец од цвеќе. До фотографијата пишува: „Па, официјално е!“   Честитките почнаа да пристигнуваат веднаш по објавата на Инстаграм, веста […]

По тепачката на ски терени во Маврово приведени осум лица


Осум лица, четворица државјани на Косово и четворица од Гостивар се лишени од слобода откако меѓусебно се степале на терени на ски центарот Маврово. Во тепачката во која биле користени и спортски реквизити, две лица се потешко повредени и пренесени на Скопските клиники. За дел од учесниците може да бидат поднесени и кривични пријави за […]

Полициски службеници извлекле тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица 


Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне добиле пријава (повик за помош) од Ј.Д. (20) од Битола кој, поради големи снежни наноси на планината Галичица, со своето патничко моторно возило „сузуки” и со уште двајца сопатници, А.В. и Ѓ.Д., бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење […]

Опозицијата со 180 амандмани ги блокира измените за избор на дипломати за претседавањето со ОБСЕ


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека опозицијата со 180 амандмани го блокира предлогот кој се однесува на еден член од Законот за надворешни работи, кој претставува ограничување при селекцијата на дипломати за претседавањето со ОБСЕ. Односно, според тој член, за еден дипломат да замине на мисија треба од завршувањето […]

„VIVA L’OPERA!“- традиционален гала оперски концерт во НОБ


„Viva L’opera!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ што ќе се одржи в среда и четврток, 12 и 13 јануари 2022, во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ). – Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во […]