Апели за мир, љубов и добра волја меѓу луѓето од бадниковата прослава


Што е попотребно од мирот на земјата и од мирот во секој човек, од мирот во семејството, мирот меѓу народите и државите. Што повеќе им доликува на луѓето од тоа да живеат во мир и да покажуваат добра волја, рече поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан во обраќањето по повод бадникарската церемонија во Соборниот храм. По […]

Прослава на Бадник во Соборниот храм во Скопје (видео)


Почна традиционалната прослава на Бадник пред Соборниот храм во Скопје. Пристигнаа кумовите Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, како и здравичарот Живко Поповски – Цветин. Пред Соборниот храм, претходно, со пајтон пристигнаа и стариот кум д-р Никола Пановски, како и минатогодишниот здравичар д-р  Миодраг Врчаковски. Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и свештенослужителите на новите […]

Јапонија и Австралија потпишаа договор за соработка во одбраната


Австралија – Јапонија и Австралија денеска потпишаа договор за соработка во одбраната, како последен чекор во зајакнувањето на меѓусебната безбедност поради зголемувањето на воената и економската моќ на Кина. Јапонскиот премиер Фумио Кишида и неговиот австралиски колега Скот Морисон на денешниот виртуелен самит се согласија дека двете земји треба да ја зајакнат соработката во области како […]

Заев: Бадник да помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција


Премиерот во оставка Зоран Заев го честита Бадник и посакува празникот предвесник на Христовото раѓање, кој традиционално се празнува во семејствата,  да помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција.   -Семејните вредности, топлината и почитта нека се шират и пренесуваат меѓу сите граѓани. Да помислиме и да помогнеме на сите луѓе, и на оние кои […]

Новата колекција на Прада и Адидас користи рециклирана пластика од океанот


САД- Спортскиот гигант и модниот гигант повторно се здружија-Адидас и Прада ја продолжија соработката, овојпат со фокус на одржливоста и воведувањето нови категории. Достапна на 13 јануари, колекцијата Adidas for Prada Re-Nylon за прв пат ќе вклучува  реди ту веар облека, додатоци и чанти. Овие категории се во прилог на новите модели на високи и […]

Русија испрати падобранци како дел од мировниот контингент на ОДКБ во Казахстан


Русија – Руските Воздухопловно-космички сили и транспортната авијација испратија припадници на Воздухопловните сили во Казахстан, како дел од мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), соопшти денеска Секретаријатот на таа организација. „Руските воени единици на Воздухопловните сили се приклучија на колективните мировни сили на ОДКБ“, се вели во соопштението на Секретаријатот, пренесува руската […]

Австралискиот федерален суд ја одложи депортацијата на Ѓоковиќ


Австралија– Австралискиот федерален суд го прифати барањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и му дозволил да остане во Мелбурн до понеделник. Ова го соопшти адвокатот на првиот рекет на светот. Претходно се дозна дека Федералниот суд на Австралија ќе го разгледа барањето на Ѓоковиќ за да му биде дозволено да остане во Мелбурн за да учествува […]

Духовно-културен проект ја сплоти естрадата- „Божикна серенада” доби филмска приказна


Снимен е видеозапис за песната „Божикна серенада” – шести по ред традиционален подарок за Божик од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки.   -Овој видеозапис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Низ една филмска приказна нè враќа во минатото на […]

Зголемени цените на угостителските услуги


Ииндексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување е забележано во групата Храна за 0,4 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,6, Безалкохолни пијалаци за 0,6 и Ноќевања за 0,6 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во декември […]

САД го осудија насилството во Казахстан и повикаа на воздржаност


САД – Соединетите Американски Држави го осудија насилството и вандализмот во Казахстан. Стејт департментот ги повика демонстрантите и властите во централноазиската земја да се воздржат. Нарекувајќи го Казахстан „вреден партнер“, ги повика сите Казахстанци да ги почитуваат институциите, човековите права и медиумските слободи. Осум полицајци и припадници на националната гарда на Казахстан загинаа во протестите, а […]

Анимирани и филмови за тинејџери од средината на јануари во Кинотека


Првите денови од календарската година, Кинотеката традиционално им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите и за нив подготови програма од средината на јануари.   За најмладите гледачи од 13 јануари на пладневни проекции ќе ги прикаже популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на […]

Спортот во 2021 – Американците најуспешни на Игрите во Токио, Италија триумфираше на ЕУРО 2020


Спортската 2021, како и годината претходно, се соочи со предизвиците што на организациски план ги наметна пандемијата на Ковид-19, но под строги здравствено – безбедносни протоколи големите натпреварувања се вратија на сцената и со едногодишно задоцнување се одржаа одложените Летни олимписки игри и Европското фудбалско првенство. Повеќе од 11.000 спортисти од 206 држави од 23 […]

Крис Нот исфрлен од последната епизода од „Сексот и градот: И просто, така оди тоа“


САД-  Крис Нот е отстранет од претстојното финале на серијалот за продолжение на „Сексот и градот“ на HBO Max „ And Just Like That”  потврдија од „Варајети“. Серијата ќе ја емитува својата последна епизода од сезоната на 3 февруари. Ликот на Нот, Џон Џејмс „Мистер Биг“ Престон,, беше „убиен“ во првата епизода на „И просто, […]

Лепче со паричка на Василица, а не на Бадник


Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, […]

Бадник – предвестие за Божиќ


Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање.   Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот […]

Божиќна порака на г.г. Стефан: Сите неприлики на современото човештво доаѓаат од моралната криза


Православните верници утре (7 јануари) ќе го прослават Божик, раѓањето на Синот Божји, Исус Христос. По тој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници упатија божиќна порака. – Радосниот празник на Христовото рождество е спасоносниот ден во кој […]

Посетата на бугарскиот премиер Петков на 18 јануари, Скопје и Софија подготвени за конструктивен дијалог


Новиот бугарски премиер Кирил Петков првата посета на Северна Македонија ја најави за 18 јануари. Од Скопје уверување за подготвеност за конструктивен дијалог за надминување на разликите. Претседателот Стево Пендаровски уверува дека Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и е подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба. Тој […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 6 јануари 2022 година, 6-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 359 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 16 минути. Денов трае 9 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Магла на повеќе патни правци, одрон на патот Свети Николе – Миладиновци


На патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава […]

Србија и Македонија во 2021 преку „Отворен Балкан“ и вакцинација до најдобри можни односи


Србија во 2021 година покрај евроинтегративните процеси, дијалогот со Косово и реформите, на надворешно-политички план имаше напнати односи со Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, а единствен сосед со кој односите се развиваа кон градење на најдобри можни односи, беа односите со Северна Македонија. Три од повеќето дадени изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ во текот […]