„Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија „КО-РА“


Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола.   И оваа година Галерија „КО-РА“ , како што најавуваат оттаму, ќе се придружи во одбележувањето на Денот на вљубените, во прослава на љубовта, виното, но оваа година воедно одбележувајќи […]

По минималната плата, се бара зголемување и на останатите плати


По договорот за зголемување на минималната плата, се погласно се бара зголемување и на останатите плати. Дел од синдикатите излегоа со барање да се почитуваат Законот за минимална плата и колективните договори, во спротивно најавуваат радикализирање на идните чекори. По Синдикатот на УПОЗ, вчера со реакција излезе и Конфедерацијата на слободни синдикати која побара до […]

Канадската Влада се подготвува да преземе акција против камионџиите


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека полицијата и сите нивоа на власт се подготвуваат да преземат акција против камионџиите, кои со денови протестираат против мерките за ограничување на коронавирусот и прописите за вакцинација, јави ДПА. Демонстрантите мора да се откажат од блокадите или да се соочат со тешки последици за какви било незаконски […]

Активни 11.727 Ковид случаи, според надлежните, вакцинацијата е најдобра заштита


Активни се 11.727 Ковид случаи во државава од кои најголем број 7081 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје при направени 3.996 тестови, регистрирани се 1.348 нови случаи со КОВИД-19, 11 починати и 1 247 оздравени пациенти. Од вкупно 1.348 нови случаи регистрирани се 196 реинфекции. Продолжуваат апелите на надлежните […]

Облачно со северен ветер, температурата до 14 степени


Времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 12 февруари 2022 година, 43-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 322 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 17 часот и 1 минута. Денов трае 10 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Во Онтарио прогласена вонредна состојба поради протестот на камионџиите


Канада – Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, денеска прогласи вонредна состојба поради двонеделните протести на камионџиите против пандемсиките ограничувања. Демонстрантите и натаму одбиваат да го деблокираат сообраќајот, особено мостот Амбасадор, што е клучната сообраќајница за трговијата  меѓу Канада и САД. Премиерот Форд, од Конзервативната партија, денеска изјави дека јасно ќе им стави до знаење […]

Били Ајлиш се сретна со Бајден во Белата куќа


САД– Поп-ѕвездата Били Ајлиш во средата ја посети Белата куќа за да се сретне со претседателот Бајден пред нејзиниот концерт во Вашингтон. „Кога слушнав дека моите пријатели @billieeilish и @finneas се во градот на шоу, знаев дека морам да ги поканам во Белата куќа“, напиша Бајден на Твитер во средата вечер со фотографија од него, […]

Омажи се за мене- Џенифер Лопез на филмска премиера во венчаница


САД- Џенифер Лопез носеше венчаница на премиерата во Лос Анџелес на нејзиниот филм „Marry Me“ со Бен Афлек во вторникот. Според Page Six, мини фустанот од тантела е од колекцијата „Love“ на Џамбатиста Вали. Одликувајќи се со долги чипкани ракави и целосно здолниште, фустанот е дел од првата невестинска линија на куќата. Лопез (52) го […]

Олимпискиот медалист Георгиевски бара итна корекција од АМС за висината на ваучерот


Таеквондистот Дејан Георгиевски ја нарече срамна одлуката на Агенцијата за млади и спорт (АМС) околу износот на спортскиот ваучер кој му го додели на освојувачот на сребрениот олимписки медал во Токио и побара истата веднаш да биде коригирана. Реакцијата на Георгиевски и Македонската таекводно федерација доаѓа по одлуката на АМС да му додели со ваучер […]

Драмски театар со „Мојот маж“ на Меѓународен фестивал во Љубљана 


НУ Драмски театар од 9 до 14 февруари ќе учествува на Меѓународниот фестивал „РУТА Група Триглав“ во Љубљана. На 13 февруари ансамблот на Драмски ќе ја изведе претставата „Мојот маж“ која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ и има добиено повеќе награди: за севкупен уметнички ангажман на […]

Се снима моден трилер за Диор и Шанел-Менделсон и Бинош во главните улоги


САД- Аpple TV Plus го снима модниот трилер „The New Look“, на Тод А. Кеслер („Bloodline“) за метеорскиот подем на францускиот моден дизајнер Кристијан Диор, со Бен Менделсон („Bloodline“) и Жулиет Бинош („Англискиот пациент“). Трилерот од Втората светска војна, „Новиот изглед“ се отвора во Париз окупиран од нацистите, кога завршува владеењето на Коко Шанел (Бинош) […]

Забрчанец: Во регионот имаме највисок индекс на отвореност


Со својот ангажман и со ангажманот на мојот тим и на ПР секторите на министерствата дадовме суштински придонес и државата ја доби најтранспарентната влада од независноста до денес, изјави досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец за „Фокус“.   Тој додаде дека е горд на петте години во службата за придонесот кон […]

Четири случаи на подсој на омикрон регистрирани во Црна Гора


Црна Гора – Четири случаи на инфекција со подгрупата на вирусот омикрон БА.2, нарекуван и стелт омикрон, се регистрирани во Црна Гора, се наведува во денешното соопштение на Институтот за јавно здравје. Според Светската здравствена организација, новиот подсој на омикрон БА.2, не е „загрижувачки“. Засега не постојат докази, што укажуваат на тоа, дека оваа нова подваријанта […]

Џоли побара од Сенатот да го поддржи Законот за насилство врз жените


САД– Актерката и активистка Анџелина Џоли се врати во Вашингтон во средата попладне за да ја изрази својата поддршка за жртвите на семејна злоупотреба, барајќи од Сенатот да го обнови Законот за насилство врз жените (VAWA), за кој таа тврди дека обезбедува основна заштита на преживеаните од злоупотреба. „Стоејќи овде, во центарот на моќта на […]

„Ковид-19“, „Делта“, „Омикрон“- скулптури на Нела Јанковска инспирирани од пандемијата


Академската скулпторка од Крива Паланка Нела Јанковска е дел од годишниот реномиран настан на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, „Зимски салон“, што пред два дена официјално беше отворен во Чифте амам.   На деветнаесеттата манифестација „Зимски салон“ на тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ беа изложени дела од македонски уметници, членови на ДЛУМ, како […]

Стинг ги продаде правата за целата своја музика на „Јуниверзал“ за 250 милиони долари


Англија– Британскиот пејач и текстописец Стинг го продаде целиот свој музички каталог на „Јуниверзал мјузик паблишинг груп“, се соопштува на интернет-страницата на компанијата. „’Јуниверзал мјузик паблишинг груп‘, водечкиот оддел за музичко издаваштво на УМГ, денеска го спроведе купувањето на музичкиот каталог на Стинг“, се вели во соопштението. Компанијата ќе ги стекне правата за сите соло проекти […]

Во Битола и Берово најстудено, најмногу снег во Маврови Анови


Најстудено е утрово во Битола и во Берово со – 6 степени, во Струмица се измерени -5, во Скопје-Петровец и Претор -4, во Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија -3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Охрид, Гевгелија -2. Во Виница и Дојран се измерени нуластепени, а максимални два степена се регистрирани во Крушево. Најмногу снег […]

Форбс: Питер Џексон е најплатена славна личност во 2021


САД- На првото место се најде Питер Џексон, режисер и продуцент најпознат по филмовите „The Lord of the Rings“. Џексон заработи 580 милиони долари откако минатата година во ноември продаде дел од неговата компанија која се занимава со визуелни ефекти. На тој начин стана милијардер. На второто место на листата се најде Брус Спрингстин кој […]

Почина композиторот Тоде Новачевски, автор на хитовите на Маријана и Росана


Композиторот Тоде Новачевски, автор на најпопуларните песни на поп дуетот Маријана и Росана, почина во Мелбурн, Австралија по повеќегодишно тешко боледување. Имаше 66 години.   Тој беше поранешен сопруг на пејачката Маријана Сариќ, која со сестра си близначка Росана ги испеаја неговите најголеми хитови, како антологиските „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај […]