„Од високо подобро се гледа“ – „Синедејс“ се отвора со македонска премиера на „Мими“


Нѝ причинува големо задоволство да го најавиме отворањето на 21 издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“ со македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски, на 7-ми јули, четврток, на кровот на ГТЦ. Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ од 7 – 14 јули 2022, годинава фестивалот обединува повеќе […]

Принцот на Данска испишан од елитен интернат по  информации за малтретирање на студентите


Данска– Принцот Фредерик и принцезата Мери од Данска објавија дека го отпишуваат својот син од елитен интернат откако се појавија извештаи за сексуална злоупотреба и малтретирање во институцијата. Фредерик (54) е наследник на данскиот престол. Тој и Мери, 50, имаат четири деца: принцот Кристијан, 16; принцезата Изабела, 15; и близнаците принцот Винсент и принцезата Џозефина, […]

Kонцертот на Бајага и инструктори од Сава Центар во 2019 од денес на блуреј и двојно ЦД


  Бајага и Инструктори во 2019 година прославија 35 години постоење, а по тој повод одржаа концерт за рок бенд, оркестар и хор во белградскиот Сава центар. Нивните најголеми хитови беа специјално аранжирани за оваа пригода, а на сцената ги придружуваа белградски солисти под диригентство на Војкан Борисављевиќ и хорот на АКУД Иво Лола Рибар […]

По Армани, Луј Витон – Кејт Бланшет нов амбасадор на скапоцен накит


Франција– Луј Витон во вторник во Маракеш ќе ја открие својата најголема колекција на скапоцен накит , со нов амбасадор на брендот: Кејт Бланшет. Оскаровката, австралискатаљ актерка глуми во рекламната кампања за колекцијата Spirit, фотографирана од Sølve Sundsbø, која треба да се појави на WWD во петок и во магазинот The Economist и Financial Times […]

Ќерката на Ким Бесинџер призна дека абортирала два пати: Се избрав себе си


САД- Ајрланд Болдвин, ќерката на актерите Алек Болдвин и Ким Бесинџер, ја сподели својата болна вистина со фановите. Имено, таа на TikTok објави дека имала два абортуси, едниот како последица на силување, а другиот за време на поранешна врска. „Мислам дека не е ничија одговорност да зборува за тоа ако не се чувствува удобно“, рече […]

Совети за заштита од оси лете


Осите во зимските месеци се во хибернација… Во април се будат, а во јули, август и септември се најактивни. Тоа значи дека опасноста за убод од оса периодов е најголема. Зошто осите боцкаат? Тие го прават тоа кога се чувствуваат загрозени. Тоа е нивниот начин да се одбранат од можен напад. Слично како и пчелите, […]

Руперт Мардок и Џери Хол се разведуваат по шест години брак


САД- Медиумскиот тајкун Руперт Мардок и манекенката Џери Хол се разведуваат, јавуваат американските медиуми. Разводот ќе биде четврти за г-дин Мардок (91). Г-ѓа Хол (65) претходно беше долгогодишен партнер на фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер. Претставниците на Мардок и г-ѓа Хол, кои се венчаа во црква во центарот на Лондон во 2016 година, допрва […]

Чилиќ е позитивен на Ковид по вежбањето со Новак Ѓоковиќ на Вимблдон


Англија– Вимблдон го имаше првиот заболен од Ковид-19 во понеделникот кога поранешниот финалист Марин Чилиќ, кој минатата недела вежбаше со бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ, беше принуден да го напушти турнирот. Хрватскиот поранешен шампион на УС Опен беше подготвен да игра со Рафаел Надал во четврт-финалето и беше фотографиран како игра на Централниот терен минатиот […]

САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот


САД ги поздравуваат напорите на Франција да постигне успешно решение и остануваат подготвени да играат конструктивна улога во олеснување на компромисот, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот, на прашањето како го коментираат предлогот на Париз за тргање на бугарското вето за евоинтеграцијата на Северна Македонија. – Со оглед на значењето на овој […]

Бајден планира да го зголеми военото присуство на САД во Полска


САД – Американскиот претседател Џо Бајден планира да најави зголемување на военото присуство на САД во Полска, како и промени во распоредувањето на американските воени контингенти во балтичките земји, одобрени од него пред руската инвазија на Украина, јави Ен-би-си њуз, повикувајќи се на официјални лица. Промените во регионалното воено присуство може да се изразат особено во […]

НАСА првпат лансираше ракета надвор од САД


Австралија– НАСА успешно ја лансираше првата ракета од комерцијален објект надвор од САД. Ракетата долга 13 метри беше лансирана од вселенскиот центар Арнхем, северна Австралија. Тоа беше прво такво лансирање во Австралија по повеќе од 25 години. НАСА ќе изврши уште две лансирања од таа земја. Полетувањето беше одложено околу два часа поради лошите временски […]

Самит на НАТО во Мадрид, на агендата нов стратешки концепт


Шпанија – Во Мадрид денеска почнува самитот на НАТО, на кој се очекува една од главните теми да биде новиот стратешки концепт кој Русија би ја дефинирал како директна безбедносна закана за Алијансата. Самитот, кој завршува на 30 јуни, ќе се одржи во клучниот момент за Алијансата по неуспесите во Авганистан и внатрешните несогласувања во […]

Франција ги враќа заштитните маски во јавниот превоз


Франција – Французите би требало повторно да почнат да носат маски на преполни места, особено во јавниот превоз, бидејќи Франција се бори со новиот бран на заболени од Ковид-19, изјави синоќа министерката за здравство Брижит Боругињон. – Не велам дека треба да биде задолжително, но барам од народот на Франција да стави маска во јавниот превоз, […]

Албанија ги набави првите тестови за мајмунски сипаници


Албанија– Поради туристичката сезона, кога е зголемено движењето на граѓаните, а со тоа можноста да се пренесе зараза со мајмунски сипаници и во земјата, Албанија ги набави првите тестови за оваа болест. Според Институтот за јавно здравје, ако сè уште нема потврден случај на мајмунска сипаница, обезбедени се првите 250 тестови, со кои ќе се […]

Во Скопје состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ ЕУ


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија ЕУ, со којшто ќе копретседаваат Соња Мираковска од македонскиот Парламент, и европратеникот Андреас Шридер. На состанокот во Скопје треба да допатуваат европратениците Ирена Јовева, Марион Валсман, Владимир Билчик, Симона Балдасаре, Масимо Казанова и Илхан Ќучук, кој е и известител за […]

70 години од „Фросина“- изложба на фотографии и документарец за првиот македонски игран филм 


Во рамките на активностите за одбележување на 70-годишниот јубилеј од премиерата на првиот македонски игран филм – „Фросина“, денеска во Кочани, во организација на Кинотеката и ЈОУ Библиотека „Искра“, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложба на фотографии од филмот проследена со пригодно предавање и дискусија за значењето на овој филм во историјата на македонската кинематографија. […]

 „Празник на липите” во ДПМ


Традиционалната Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите”, ќе се одржи денеска во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.   На свеченоста ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол” на поетите Аднан Озер (Турција) и Гордана Михаилова Бошнакоска (Северна Македонија).   Беседи за добитниците ќе одржат Ерол Туфан, проф.д-р Христо Петрески и академик Влада Урошевиќ.   На […]

ССМ со протест пред МТСП за линеарно зголемување на платите


Незадоволството од неисполнетото барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска од 10 часот до 13 часот ќе го изрази пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП) согласно одлуката на Штрајкувачкиот одбор. Откако минатата недела не беше прифатен амандманот на ССМ  во собраниската Комисија за финансирање […]

Сончево и топло, попладне појава на пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 28 јуни 2022 година, 174-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 191 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот […]