Керолин Кенеди е новиот американски амбасадор во Австралија


  САД- Керолин Кенеди (64) , ќерката на убиениот американски претседател Џон Кенеди, ја започнува својата втора дипломатска функција како амбасадор на САД во Австралија. Додека беше номинирана од претседателот Бајден на крајот на минатата година и потврдена од Сенатот минатиот мај, Кенеди денеска официјално му ги предаде акредитивните писма на генералниот гувернер на Канбера […]

Во тек е етапната исплата на јулските пензии


Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почнува етапната исплата на јулските пензии, кои продолжуваат да се исплаќаат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, […]

Средба на Османи и Курти со Блинкен во Вашингтон


  САД– Американскиот државен секретар Антони Блинкен во Вашингтон се сретна со претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. Блинкен на средбата го истакна постојаното партнерство меѓу САД и Косово и им се заблагодари на лидерите за силната поддршка на Украина, како и за приемот на бегалци од Авганистан. На средбата се разговарало […]

Работна средба на Стопанската комора и Владата за енергетската криза


  Претставници на Владата и на Стопанската комора денеска ќе одржат работна средба за предлог-решенијата околу состојбите со енегетската криза. Делегациите кои ќе ги предводат министерот за економија Крешник Бектеши и заменик претседателот на Комората и претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) Кочо Анѓушев, ќе ја разгледаат најновата ситуација со движењето на цените на струјата […]

Бербок вети долгорочно присуство на германската армија во Словачка


  Словачка – Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок синоќа по разговорите со нејзиниот колега Иван Корчок во Братислава изјави дека Берлин е посветен на долгорочно распоредување војници и противвоздушни ракетни системи Патриот во Словачка за заштита од руските закани. – Патриот ќе останат додека ви требаат. Ова не е само минлива работа, туку солидарност […]

Започна мобилното издавање пасоши за нашите државјани во Кина


  Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во Амбасадата во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи на нашите државјани и во НР Кина. Со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена). Проширување на […]

Концерт на Сара Ароести во Музеј на холокаустот на Евреите од Македонија


Во рамки на фестивалот „Скопско лето“ вечерва со почеток во 20:30 часот во Музеј на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се одржи концерт на американската пејачка и композиторка Сара Ароести. Со својот албум „Монастир“ Ароести ја слави богатата еврејска култура што некогаш цветала во Монастир (денешна Битола) пред Втората светска војна. Со предци од […]

Сончево со мала облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер


  Времето претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 27 јули 2022 година, 203-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 162 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 21 минута, а ќе зајде во 19 часот и 59 минути. Денов трае 14 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Гир и Лудва домаќини на Европската вечер на  „Охридско лето“: Ја славиме културата во историски момент


  Евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорот на Чешка во земјава, Јарлослав Лудва вечерва се домаќини на Европската вечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Пред настапот на реномираните чешки музичари, виолончелистот Иван Вокач и виолинистот Леос Чепицки во црквата Света Софија, евроамбасадорот Гир истакна дека овој настан е доказ за тоа што може да се […]

Бранко Цвеиќ, познатиот „Бане Бумбар“, почина на 75 години


  Денеска во Белград почина долгогодишниот член и поранешен директор на Југословенскиот драмски театар, актерот Бранко Цвеиќ, соопштено е вечерва. Роден е во Белград на 25 август 1946 година, а дипломирал на Петтата белградска гимназија во 1965 година и истата година се запишал на актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Белград. Заедно со […]

Олена Зеленска за американскиот „Вог“- се уште се навикнувам на улогата на прва дама


САД– Првата дама на Украина Олена Зеленска се појави на специјалната дигитална насловна страница на американскиот Vogue со придружно интервју. Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со новинарката Рејчел Донадио во зградата на претседателската канцеларија во Киев и беше фотографирана од Ени Лејбовиц. „Како што војната во Украина влегува во критична нова фаза, […]

Kратењето на буџетот за филмска продукција наместо за 33, ќе биде за 17 до 18 проценти


  Ребалансот на буџетот веќе е изгласан. Кога добивме најава за кратење на буџетот за филмската продукција за 33 проценти, веднаш реагиравме до Владата и до кабинетот на премиерот. Сега имам и официјална информација дека кратење на буџетот ќе биде од 17 до 18 проценти, посочи директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски. Тој на […]

Со посета на Камерун, Макрон ја започна африканската турнеја


Камерун– Со посета на Камерун, претседателот на Франција Емануел Макрон денеска ја започна турнејата во три африкански држави, која е со цел да се зајакнат политичките врски со континентот и да се помогне во зголемувањето на земјоделското производство поради растечката нестабилност во снабдувањето со храна предизвикана од војната во Украина. Камерун е главен производител на […]

Тројца повредени по верижна сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица


Три лица се повредени по верижна сообраќајна несреќа што денеска околу 12:50 часот се случи на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во близина на Мотел Парк Панорама и месноста Баткова Чешма. Според информации на Итната медицинска помош, повредените се хоспитализирани и дел од нив се упатени во најблиските клинички центри. Бројката на повредени, како […]

Охрид ќе биде центар на електронската музика следниот викенд, светски диџеи на „Охрид колинг“


Познати светски диџеи и годинава ќе настапат на фестивалот „Охрид колинг“ што од 29 јули до 1 август ќе се одржува во Касарната во Охрид, во организација на Авалон продукција. Седмото фестивалско издание, како што информираше денеска на прес-конференција Бобан Милошески, сопственик на Авалон продукција, на сцената ќе го донесе Timmy Trumpet, кој е меѓу […]

Дремката ја зголемува можноста за мозочен удар


САД – Луѓето кои често придремуваат дење, имаат поголема веројатност да развијат висок крвен притисок и да доживеат мозочен удар, според ново обемно истражување објавено во списанието „Хајпертенжн“ (Hypertension). Учесниците во испитувањата кои вообичаено дремат во текот на денот, имале 12 отсто поголеми шанси да развијат висок крвен притисок – долгорочно и 24 отсто поголема опасност да […]

Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик во Софија


  Романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски, чие второ издание беше објавено деновиве во „Матица македонска“ од Скопје, излезе на бугарски јазик во Софија. Бугарскиот превод од македонски јазик за книгоздателството „Изида“ е на Мариjан Петров, а уредник на едицијата е Пламен Тотев. Во најавата за изданието меѓу другото стои дека се работи за фасцинантна […]

Македонија со „Најсреќниот човек на светот“ на филмскиот фестивал во Венеција 


Македонија после многу години се враќа на Венецијанскиот Филмски Фестивал со филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска. Ова е прво учество на Македонија со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот – Венеција, по речиси триесет години. По успехот на „Пред Дождот“, Манчевски […]

Кој да биде домаќин на Евросонг во 2023- англиските ѕвезди со свои предлози


Англија– Поранешната евровизиска победничка Шерил Бејкер предложи Кардиф да биде  домаќин на Евровизија во  2023 година. Тоа доаѓа откако организаторите објавија дека натпреварот нема да се одржи во Украина, која победи на годинешното шоу, поради тековната војна во земјата, и наместо тоа, домаќин ќе биде Англија, како второпласирана на Евросонг 2022. Неколку градови, вклучувајќи ги […]