Министерот Сали ќе го посети вакциналиот пункт во Центарот за јавно здравје-Скопје


Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе го посети вакциналниот пункт во Центарот за јавно здравје Скопје (амбуланта Пролет), каде се одвива имунизацијата против сезонски грип. На 19 октомври почна бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население во центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите. Како што соопшти […]

Три “Писма од Македонија” во Истанбул – Денови на македонската литература во Турција


Со претставување на македонскиот писател Томислав Османли  вчера вечер завршија книжевните вечери “Писма од Македонија” во Истанбул. Во рамките на трите одлично посетени денови на литературата на Македонија што се оджаа од 25 до 27 октомври во Македонскиот културен центар во Истанбул, Турција на 25 октомври беше претставен писателот Ким Мехмети, наредниот ден нашата поетеса […]

Висока мода во Токио: Манчевски меѓу дами со стил


Македонските актерки Ана Стојановска и Сара Климоска блеснаа со модерниот стил на црвениот килим на 35.Меѓународен филмски фестивал во Токио, по повод светската премиера на филмот Кајмак во режија на Милчо Манчевски. На Ана Стојановска  стилист и беше Катарина Ивановска и носеше потпетици Stuart Weitzman, палто Markov, панталони Maison Margiela, и чанта Aleksandar Mcqueen. Сара […]

Најсреќниот човек на светот не е среќен: Интервју со Теона Стругар Митевска


„Длабоко сум засегната  со неправдата и вистината. Цврсто и храбро чекорам и стојам зад секој мој филм, Оскарот и наградите придонесуваат еден филм да бидę повеќе виден и токму тоа е целта на сето она што го правам, креирам и создавам, вели режисерката и косценаристка Теона Стругар Митевска (48), во ексклузивното интервју за „Независен“  неколку […]

Пендаровски и неговата сопруга се сретнаа со членки на Здружението за помош и поддршка на болни од крцином „Љубов сме – Jemi dashuri“


Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска имаа средба со членки на Здружението за помош и поддршка на пациенти кои се лекуваат од карцином  „Љубов сме – Jemi dashuri“ и здравствени работници од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Посетата се организира по повод Октомври – месецот за подигање на свеста за борба […]

Лажни се пријавите за бомби во три училишта, за останатите се уште се прави проверка


До сега во три училишта се завршени проверките и утврдено е дека е лажна пријавата за поставена бомба, а проверките во останатите училишта се во тек, соопштија од Министерството за внатрешни работи за МИА, информирајќи за случајот за денешните пријави за бомби во девет скопски училишта. Претходно денеска, околу 14:00 часот во СВР Скопје беше […]

Во Белград 600 бебиња добија физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина


  Србија – Наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во ГАК „Народен фронт“ во Белград добија физиолошки раствор, соопшти новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ. Децата не се загрозени, вакцината ќе ја примат во наредниот период. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерката Грујичиќ одржа вонредна прес-конференција на која соопшти дека 600 бебиња на ГАК […]

„Портретот во фокус“ – голема изложба на скулптури на Илија Аџиевски во Даут пашин амам


„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски. Тематскиот концепт што го издвоивме од творештвото на Аџиевски, на публиката ќе и биде достапен од 27 октомври 2022 (четврток),  и ќе трае во текот на еден месец. Поставката ќе биде изложена во Даут пашиниот амам, а отворањето […]

Македонскиот кандидат за Оскар со премиера во Скопје – од утре во кино „Милениум“


По вечерашната македонска кинопремиера на филмот на режисерката Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ , од утре ќе игра две недели во киното Милениум. Проекциите ќе бидат од 20 и од 22 часот.   Филмот на Митевска на 2 септември имаше светска премиера на фестивалот во Венеција во програмата Хоризонти, играше и во Торонто […]

Зимското сметање на времето почнува ноќта меѓу 29 и 30 октомври


Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (29 октомври) и недела (30 октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува секој […]

Boksy.mk прва детска апликација за читање и слушање книги


Во функција е првата детска апликација за читање и слушање книги Бокси.  Преку апликацијата ќе може да се потикнат децата да читаат повеќе книги, а времето поминато пред екраните на мобилните уреди да биде корисно, едукативно и забавно. Искуствата со овој модел, кој е успешно применет на нордискиот пазар покажуваат подобрување на читачките навики на најмладите […]

„Резервен“ – мемоарите на принцот Хари ќе бидат објавени на 10 јануари


  САД– Датумот на објавување и насловот на мемоарите на принцот Хари конечно се потврдени од Penguin Random House. Титаните на издавачката дејност потврдија дека мемоарите на членот на британското кралско семејство ќе бидат насловени „Резервен“ и го одредиле датумот на објавување на 10 јануари.  Насловот веројатно е упатување на прекарот што им е даден […]

Запоставувањето дете поради телефонот носи можни лоши трајни последици


САД – Паметните телефони се голем дел од човековото секојдневие, па лекарите предупредуваат дека тоа станува сериозен светски проблем. На пример, родителите кои ги игнорираат своите деца и минуваат доста време на своите паметни телефони, ги изложуваат децата на опасност од депресија, сметаат стручњаците. Кинески научници кои проучувале 530 ученици на возраст од 10 до 18 […]

Адел се врати на сцената со вино – нов раскошен спот за песната „I Drink Wine” (видео)


САД- Адел се врати! Поп-ѕвездата во четвртокот објави ново бујно музичко видео за нејзината песна „I Drink Wine” во она што беше нејзино прво ново видео од јануари. Во Спотот Адел,  15-кратна добитничка на Греми, 34, лебди низ река додека — погодувате! – пие  вино. Музичкото видео е прво за ѕвездата откако го објави едно […]

Кирил Џајковски дел од новиот проект на Амстердам Синфониета – фузија од музика, поезија и танц


Во текот на септември и октомври се реализираа 11 изведби на проектот The Waste Land на Амстердам Синфониета. Овој музичко балетски перформанс е инспириран од една од најпознатите поетски творби на 20тиот век „Пуста земја“ (The Waste Land) од Т.С. Елиот. Освен од Кирил Џајковски во овој проект се користеше музика и од Stravinsky, Layegh, Berg, Nyman. […]

По Истанбул, Софија, Тирана и Њујорк: Отворен македонски КИЦ во Загреб


По Истанбул, Софија, Тирана, Њујорк, Загреб е петтиот македонски културно-информативен центар во светот. Сите центри, набргу по нивното отворање, го положија испитот за нивната оправданост и неопходност. КИЦ во Загреб цели кон висока оценка на тој испит, соопшти министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченоста по повод официјалното отворање на македонскиот Културно-информативен центар во Хрватска. Како што соопшти […]

Стабилно и претежно сончево време и во наредните денови


Продолжува периодот на стабилно и претежно сончево време. Утринската температура за време на викендот наместа ќе се спушта под нулата, соопшти УХМР. Утринските температури до среда ќе бидат во интервал од минуст 2 до 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 26 степени.

Влада: АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи


АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 11.569 мегават часови електрична енергија при што во термоелектраните се произведени 8.449, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.120 мегават часови. Со тоа АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, информираат од Владата. […]

„Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш објавена во Москва


По повод 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство“ во 1902 година во Санкт Петербург, издавачката куќа „У Никитских ворот“ од Москва ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш. Преводот на руски јазик е на Олга Панкина, која во последниве три децении има објавено преводи од врвните […]

Сали: Потребна е соработка со цел да се обезбедат услови за елиминација на вирусниот хепатитис


„Јас не можам да чекам“ е мотото под кое веќе две години се одбележува процесот на елиминација на хепатитис, со цел да се нагласи потребата од зајакнување на борбата против вирусниот хепатитис и навременото тестирање и лекување, како најзначајниот фактор на ризик за појавата на рак на црниот дроб, истакна министерот за здравство Беким Сали […]