Реонот околу поликлиниката „Бит Пазар“ денеска и утре без вода


Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, денеска и утре од 10:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат амбуланта и зградата на „Вардар Мебел“, а со намален притисок ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков“. Како што информираат од ЈП […]

Балетската класика „Рајмонда“ на сцената на НОБ


Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена раскошната балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов, која со раскошната убавина на класичниот танц важи за еден од бисерите на балетската уметност. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Прекрасните костими и спектакуларната сценографија се на гостите од Украина, Гана Ипатиева […]

Kонцерт и промоција на нов албум на Bopheads


Џез ансамблот Bopheads составен од, во моментот, најзначајните имиња на македонската сцена, вечер ќе одржи концерт во Малата сала во Филхармонија, по што и официјално ќе биде промовиран нивниот прв албум. Во Малата сала на Филхармонија ќе се одржи овогодинешното концертно издание на „Dinner Sessions“. Идеен творец на овој проект е пијанистот на Bopheads, композиторот […]

Од Скопје и Охрид ќе се лета до 48 дестинации, раст на патничкиот, пад на карго сообраќајот


Со зимскиот распоред на летови  што почнува утре (30 октомври) од скопскиот аеродром ќе има вкупно 41 дестинација, до каде ќе летаат 13 авиокомпании, а на охридскиот аеродром седум редовни дестинации со четири авиокомпании. Разликата со летните распореди на летање се само сезонските летови и на скопскиот и на охридскиот аеродром. – Скопскиот аеродром има […]

Можни прекини во е-услугите на УЈП поради планирани активности во ИТ системите


Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП денеска можни се прекини во е-услугите во период од 9 до 17:00 часот.  – Може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе […]

Ковачевски и Донев во Шупли камен на стартот на изградбата на железницата на Коридор 8


Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев денеска кај местото Шупли Камен во близина на Куманово официјално ќе биде означено продолжувањето на изградбата на пругата кон Бугарија, на која нема градежни активности од јуни 2020 година. На настанот ќе биде презентиран проектот за претстојните фази од изградбата на делницата, а […]

Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси не е случаен, тврди полицијата во Сан Франциско


САД – Нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во нивниот дом во Сан Франциско не бил случаен, соопшти полицијата. -Тоа не беше случаен акт. Тоа беше намерен напад, изјави синоќа на прес конференција началникот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, одбивајќи да ги коментира можните мотиви […]

Почнува зимското сметање на времето


 Од вечерва почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час поназад. Владата одлучи да остане досегашниот систем на сметање на времето по направените анализи дали да продолжи летното сметање на времето. Министерството за економија беше задолжено да ги направи сите потребни анализи за да […]

Сончево со слаб северен ветер и температура од 25 степени


Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени. Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец и максимална температура до 24 степени. Во наредните денови продолжува периодот на стабилно, претежно сончево и релативно топло времe.

Астрономски календар


Денеска е сабота, 29 октомври 2022 година, 300-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 64 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 17 часот и 33 минути. Денов трае 10 часа и 33 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 11 часот […]

Реч на Јелена Лужина на отворањето на изложбата на Илија Аџиевски


Инспиративна реч за монументалното портретно творештво на скулпторот Илија Аџиевски, синоќа, на отварањето на неговата ретроспективна изложба „Портретот во фокус“ во Даут пашиниот амам во Скопје, имаше писателката, и поранешен професор на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Јелена Лужина . Како пријателка и почитувач на неговото дело, Лужина, […]

Комеморација за Марин Бабиќ : Животот му беше театар, а театарот живот


Со аудио снимка на која покојниот Марин Бабиќ рецитира поезија и видеозаписи од неговите драмски претстави и филмски и телевизиски остварувања денеска во Драмски театар почна комеморативната седница за познатиот актер и творец на манифестацијата „Глумците пеат“ кој по кратко и тешко боледување почина на 15 октомври во Скопје на 74-годишна возраст. -Го сакаше Драмски, […]

Намирници што највозрасната личност на светот ги јадела секој ден


Англија– Британската компанија „Идн’с гејт“ спроведе истражување со највозрасните луѓе во светот во обид да се открие што им помогнало да живеат така долго. Тие проучувале шест лица со над 100 години, земајќи ги предвид исхраната, стресот и социо-економскиот статус. Според сѐ, Французинката Жан Луиз Калмен (1875 – 1997) била највозрасната личност на светот – доживеела […]

Дарја Ризова и Саша Ханџиќ со награди на „Брчко дистрикт“ во БИХ


Актерите на камерната драма „Нема да биде крај на светот“, Дарја Ризова и Саша Ханџиќ добија награди на Интернационалните театарски средби „Брчко дистрикт“ кои завршија денеска во Босна и Херцеговина. Стручното жири во состав: Жељко Митровиќ, актер; Емина Муфтиќ, актерка;  Драган Деспот, актер одлучи одлучи наградата за најдобра млада актерка да ја додели на Дарја Ризова […]

Аплицирани над 20.000 вакцини против сезонски грип


Заклучно со вчерашниот ден се аплицирани над 20.000 вакцини против сезонскиот грип, а закажани се 39.000 термини за кои граѓаните преку Мој Термин добиле порака за вакцинирање со точен датум и вакцинален пункт, информираше министерот за здравство Беким Сали. При денешната посета на вакциналниот пункт при Центарот за јавно здравје Скопје во Амбуланта Пролет, Сали […]

Осум лица пронајдени мртви во Оклахома, можно е да се работи за повеќекратно убиство


САД – Осум лица се пронајдени мртви во изгорена куќа во предградието на Тулса во американската сојузна држава Оклахома, а полицијата истражува дали се работи за повеќекратно убиство. Пожарот избил вчера во мирното предградие Броукен Ероу. Според тамошната полиција, иако се истражуваат околностите како дошло до смртта, вклучувајќи ја и можноста за потенцијално убиство, се верува […]

Ристо Пенов избран за министер за локална самоуправа


  Собранието денеска со 63 гласа „за“ го избра Ристо Пенов за министер за локална самоуправа а. Пенов доаѓа на министерската функција откако неговиот сопартиец од ЛДП, Горан Милевски, поднесе оставка од функцијата од лични причини. Расправата за изборот на Пенов траеше три дена, а во тек на денешната дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека […]

Концертот на Божо Вреќо во Филхармонија е откажан


Компанијата „Чујте и почујте“ ја известува  публиката дека концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Филхармонијата во Скопје, е откажан поради технички причини. Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе […]

Првиот настап на „Добри гости“ – серија книжевни гостувања низ земјата утре во Штип


Со гостување во Штип, издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје утре ќе го започне проектот „Добри гости“ преку кој ќе иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори и во соработка со локални чинители.   Настанот ќе се одржи во Домот на култура „Ацо Шопов“ […]

Илија Аџиевски со своите вешти раце ги продухови портретите на плејада познати личности: Ретроспективна изложба која мора да се види (галерија)


Портрети на неговите пријатели, духовно блиски личности, сограѓани со кои се познавал и го делел задоволството и креативниот занес во создавањето на уметнички творби. Меѓу нив и други ликовни уметници, поети, филозофи, писатели, естетичари, историчари на уметност или сродни по продуховеност пријатели. Со своите вешти раце, вдахновен од Мештровиќ, и ликовната естетика на Антун Аугустинчиќ […]