Кевин Спејси ослободен од обвинение за сексуален напад


САд– Поротата во еден од судските процеси против Кевин Спејси во Њујорк, го отфрли обвинението за сексуален напад на негова адреса. Ентони Рап тврдеше дека Спејси се обидел да го заведе на забава во њујоршката општина Менхетн, пред 36 години, и побара 40 милиони долари отштета. Тогаш Рап имал 14, а идната холивудска ѕвезда – 26 […]

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ со штанд на Саемот на книгата во Франкфурт


Издавачката куќа „Прозарт медиа“, организатор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, со свој штанд учествува на Саемот на книгата во Франкфурт, кој е најголем во светот,  „Прозарт медиа“ е поканета од Саемот на престижната „Invitation program“ заедно со 20 издавачи од целиот свет. -Саемот на книгата во Франкфурт со оваа покана обезбедува и штанд за […]

Првпат кандидат од МВР за потпретседател за Европа на Извршниот комитет на Интерпол


Првпат кандидат од МВР на Република Северна Македонија беше номиниран за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на Интерпол. Делегацијата што го претставува Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија на 90.Генерално собрание на Интерпол, кое во периодот од 18 до 21 октомври се одржува во Њу Делхи, Индија, присуствуваше на […]

НАТО Академија на Филозофскиот факултет на УКИМ


Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје беше домаќин на НАТО Академија во заедничка организација со Евроатлантскиот совет на Република Северна Македонија. Пред учесниците на НАТО Академијата предавање одржа проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ кој говореше на темата „Реформа на безбедносниот […]

Рускиот суд нареди апсење на новинарката Овсјаникова


Русија – Руски суд нареди апсење на поранешната новинарка на руската државна телевизија Марина Овсјаникова, јавија дел од руските медиуми. Овсјаникова е позната во јавноста по тоа што во март, откако започна војната во Украина, „влета“ во програма во живо на телевизија со натпис „Не за војна“. Кон средината на јули во близина на Кремљ, таа […]

Петровска ќе присуствува на промоцијата на 22-та класа питомци во чин потпоручник


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Воената академија „Михаило Апостолски“ во Скопје ќе присуствува на свеченоста по повод промоцијата на 22-та класа питомци во чин потпоручник и свечена заклетва на 26-та класа на питомци на Воената академија. Како што најавија од Министерството за одбрана, на свеченоста ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко […]

Студија: Сексуалната злоупотреба врз деца во Британија е епидемија


Англија– Сексуалното насилство врз деца во Британија е епидемија што погодува милиони жртви, а грозоморните и ужасни дејствија се кријат со децении, бидејќи институциите и политичарите имаат приоритет на угледот пред благосостојбата на младите луѓе, тврди новото јавно истражување. Независната студија за сексуална злоупотреба врз деца, една од најголемите и најскапите од ваков вид во таа […]

Куарем квартет и Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С со концерт во Филхармонија


Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концерт на Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С и квартетот Куарем. На концертот ќе бидат изведени специјално оркестрирани композиции напишани од членовите на Куарем квартет и музика чијашто инспирација се танците од целиот свет. Гости на концертот се светски познатата перкусионистка и вокал Наташа Роџерс и […]

„Норма“ на сцената на НОБ со првенката Ѓиновска-Илкова


На сцената на Националната опера и балет вечер во 20:00 часот ќе биде изведена „Норма“, ремек-делото на Винченцо Белини, која се смета за една од водечките белканто опери во светската оперска литература. „Норма“ е трагична опера во два чина, која најмногу се поврзува со магичната арија-молитва на Норма „Casta Diva“. Трогателна приказна за друидската свештеничка […]

Промоција на проектот „Светлината на накитот низ вековите”


Во НУ Музеј на Република Северна Македонија денеска напладне ќе се одржи промоција на проектот „The light of jewelry through the centuries“ или „Светлината на накитот низ вековите”. Станува збор за пренесување, односно презентирање на предметите од минатото со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми, кои ја осветлуваат можноста за промоција и презентација […]

Конференција за премостување на јазот меѓу формалните и неформалните практики во судството на Западен Балкан


Во организација на Институтот за демократија (ИДСЦС) денеска во Скопје ќе се одржи завршната конференција на проектот „Премостување на јазот помеѓу формалните процеси и неформалните практики кои ја обликуваат судската култура на Западен Балкан“. Конференцијата, како што соопштуваат организаторите, има за цел да отвори дискусија за предизвиците со кои се соочува правосудството и да даде […]

Османи на министерски состанок на Берлинскиот процес


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок. Берлинскиот процес како процес комплементарен на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан има за цел изградба на рамка за унапредување на односите […]

Македонското и бугарското МНР со изјави за навредите, за ЕУ амбасадорите добрососедството суштинско за евроинтеграциите


Министерството за надворешни работи вчера ги осуди непримерните квалификации во содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, што се однесуваат на македонскиот народ. Бугарското МНР, пак, излезе со став дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската […]

Претставниците на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ


Германија–Официјални претставници на Западен Балкан и на Европската унија во Берлин договорија мерки за спречување на илегалната миграција на „балканската рута“, од кои најважни се усогласувањето на визната политика на западнобалканската шесторка со стандардите на ЕУ и сузбивањето на шверц на луѓе, соопшти германското МВР. На состанокот на министрите за внатрешни работи како дел од […]

Утрото студено, потоа сончево и топло до 21 степен


Времето денеска ќе биде претежно сончево, утрото студено со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 21 октомври 2022 година, 293-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 72 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минута, а ќе зајде во 17 часот и 45 минути. Денов трае 10 часа и 54 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

За кралицата до Холивуд: Меган Маркл му раскажа се на „Варајати“


  САД- Војвотката од Сасекс, попозната по нејзиното моминско презиме Меган Маркл требаше да биде почестена во 2022 година во категоријата на Variety’s Power of Women, славејќи ги значајните достигнувања во забавата и медиумите од страна на жените во текот на целата година. Таа требаше да биде наградена и за филантропска и за креативна работа […]

Ковачевски се сретна со премиерот на Емиратите, разговарале за инвестиции


  Напорите на Владата ги прави за ублажување на последиците од енергетската криза и важноста од нови инвестиции за земјава, беа меѓу темите на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со потпретседателот и премиер на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум. Како што соопшти владината Прес-служба, по средбите со раководствата на инвестициските фондови во […]

Зошто е здраво да се јаде јапонско јаболко?


Јапонското јаболко е слатко есенско и зимско овошје, за кое стручњаците велат дека е пријател на имунитетот и помага во превенирањето на карциномот. Кај нас ова овошје сепак малку се конзумира. Јапонското јаболко најчесто расте во градините, како украсно растение. Уште е познато под името каки јаболко, кое потекнува од Азија, а може да се […]

НАТО ќе им помогне на Шведска и на Норвешка доколку бидат изложени на закани


Белгија– НАТО ќе им помогне на Шведска и на Финска доколку двете земји се соочат со закани во процесот на зачленување кон Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Незамисливо е сојузниците да не дејствуваат, доколку Шведска и Финска бидат под каква било форма на притисок“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел. Изјавата […]