ЗНМ избра членови на Управен, Надзорен одбор и на Советот на честа


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера во рамки на годишното собрание покрај претседател, избра и членови на Управен и Надзорен одбор, како и членови на Советот на честа. За членови на Управен одбор, меѓудругото, беа избрани и двајца медиумски работници од Медиумска информативна агенција (МИА). Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и […]

Флик нема да добие отказ од германската репрезентација  по елиминацијата во Катар


Германија – Селекторот на Германија, Ханс Дитер Флик, ќе ја задржи функцијата во националниот тим. Како што објави „Sport1.de“, прашањето за оставката на 57-годишниот стручњак не се разговара и покрај елиминацијата на германската репрезентација од плејофот на Светското првенство. Членовите на извршниот комитет на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) се уште му веруваат на Флик. Селекторот е […]

СП2022: Како да го победиме денес Мбапе, се прашува Полска


ОАЕ– Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик се пошегува пред осминафиналниот дуел на Светското првенство во Катар против Франција, наведувајќи дека на полскиот тим ќе му биде потребен скутер да го стигне францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, кој е познат по својата брзина. Како да се одбраниме од Килијан Мбапе? Мораме да бидеме брзи, потребен ни е скутер […]

Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана, порака за посветеноста на ЕУ во регионот, смета Османи


Самитот ЕУ – Западен Балкан што треба да се одржи на 6 декември во Тирана е голем настан и е сериозна порака за посветеноста на ЕУ во регионот, оцени денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Најави дека владината делегација на овој Самит ќе ја предводи Претседателот на Владата, ќе бидат остварени и билатерални средби […]

Саутгејт пред дуелот со Сенегал: Во 2018 година во Русија немаа многу среќа, овој пат заслужено се најдоа во плејофот


ОАЕ– Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, зборуваше за посветеноста на тимот на осминафиналето на Светското првенство во 2022 година против Сенегал. – Нивото на фудбалот ширум светот значително порасна, а во групната фаза видовме за што се способни африканските, азиските и арапските тимови. Истото важи и за Сенегал конкретно: добро изведена игра, многу надарени играчи, одличен […]

Шестмина повредени во експлозија во зграда во Турција (видео)


Турција– Шест лица се повредени во експлозија на котел за греење во станбена зграда во градот Шанлиурфа во областа Акчакале во Турција. Експлозијата се случила рано утрово и од нејзината јачина на урнал таванскиот дел на подрумот и се искршиле прозорците на становите во петкатницата. Шестемина повредени се пренесени во болница, а според локалните власти […]

Бегај за „Ил Темпо“: Го замолив папата, Светата столица да ја признае независноста на Косово


Албанија – Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој беше во посета на Ватикан, во интервју за италијанскиот весник „Ил Темпо“ изјавил дека на средбата со папата Франциск го замолил Светата столица да ја признае независноста на Косово. – Несомнено е дека улогата на папата во одржувањето на мирот на Балканот е исклучително важна. Поради оваа причина, го […]

Спасовски: Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици


Во борбата против нелегалната трговија со дрога СВР Скопје минатата година може да се пофали со заплена од рекордни 215 килограми марихуана, а годинава дури 1,5 килограми кокаин, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР […]

ТЕЦ Осломеј вклучен во производство


ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на конзумот, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија. Во ТЕЦ Осломеј, се појаснува во соопштението, во претходниот период се вршеле неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и […]

Амбасадата на САД во Тирана ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни на 6 декември


Албанија – Американската амбасада во Тирана упати предупредување до своите граѓани да бидат внимателни на 6 декември, кога во албанскиот главен град се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан, а опозицијата најави протест. Во објавата на веб-страницата на Амбасадата се наведува дека поради преземените мерки за поддршка на самитот ЕУ-Западен Балкан, во Тирана во вторник, се очекува затворање на патиштата и пренасочување […]

Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок тарифите даваат ефекти


Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно податоците, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 […]

Градовите Битола и Епинал на пат на продлабочување на соработката


Делегација на Општина Битола во рамките на прославата на заштитникот на збратимениот францускиот град Епинал – Свети Никола, престојуваше во градот под Вогезите. Притоа е договорена соработка, особено во преносот на искуства и добри практики во делот на подобрувањето на урбаната мобилност, енергетската транзиција и други прашања поврзани со комуналната сфера, јави дописникот на МИА. […]

Вицегувернерката Митреска: Меѓународните финансиски организации ја оценија монетарната политика како навремена и соодветна


„Народната банка е во групата ретки земји коишто започнаа со нормализација на монетарната политика, уште од крајот на минатата година преку постепено повлекување ликвидност. Меѓународните финансиски институции потврдуваат дека реакцијата на нашата централна банка на инфлацијата е навремена и соодветна, впрочем да не беше така, немаше да се квалификуваме ниту за Кредитната линија за претпазливост […]

Каролина Кенеди го прошета принцот Вилијам во библиотеката на ЏФК


САД– Најмладото дете на Каролина Кенеди, Џек Шлосберг, секако ги носи убавите гени од кланот Кенеди. 29-годишниот адвокат толку многу личи на неговиот покоен вујко Џон Ф. Кенеди, кој загина во авионака несреќа, дури ја имаат истата густа и кадрава коса. Шлосберг го поздрави принцот Вилијам по неговото пристигнување во Претседателската библиотека и музеј Џон […]

Селекторот на Австралија: Договорот ми заврши, а јас мислам само на одмор


ОАЕ– Селекторот на Австралија Греaм Арнолд по елиминацијата од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство не ги кажа своите очекувања за евентуално продолжување на работата во репрезентацијата. – Не размислував за мојата иднина. Договорот ми заврши, а јас мислам само на одмор. Работевме напорно, сега можеме да одмориме, изјави Арнолд. Ја истакна играта на Меси во […]

Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија


Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утрово најстудено со -1 степен е на Попова Шапка, а со измерени девет степени во Гевгелија. Во Маврови Анови утрово до 8.30 часот темепeратурата била 1 степен, 2 во Лазарополе, 3 во Берово и Крушево,  4 степени во Крива Паланка, 5 Скопје-Зајчев Рид и Прилеп, 6 степени се измерени […]

Пехарот на Мундијалот од злато го прават Италијанци- за првакот копија, оригиналот за ФИФА


Италија/ ОАЕ– Фабриката GDI Bertoni, која се наоѓа во близина на Милано, со години произведува трофеи и медали за најдобрите фудбалски тимови, вклучувајќи го и трофејот за победниците на Светското првенство. Седиштето на GDE Bertoni е мала зграда лоцирана во индустриска област во Падерно Дугнан, град на периферијата на Милано во северна Италија. Зградата е […]

Кејт Мидлтон со впечатлив изнајмен фустан и дијамантски ѓердан на Леди Дајана во Бостон


САД- Принцезата од Велс зрачеше со одржлив стил во изнајмена светло зелена тоалета за доделувањето на наградите Earthshot минатата ноќ. 40-годишната Кејт го носеше впечатливиот фустан на настан со ѕвезди во Бостон, Масачусетс заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам. Неверојатниот изглед до подот е на британскиот бренд Solace London, но кралската мајка на три деца […]

За Ковачевски и Агелер корупцијата го кочи напредокот на Македонија , САД со дополнителни санкци за корумпирани официјални лица од Балканот


Иако чекориме на патот кон Европската Унија, корупцијата го кочи напредокот на Северна Македонија, согласни се премиерот Димитар Ковачевски и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, најави дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица од Балканот […]

Облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд. Ќе […]