Извештај на ЕК: Собранието да има активна и позитивна улога во процесот на преговори со ЕУ


Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2022 година се оценува дека работата на Парламентот беше нарушена со политичка поларизација, што го одложи усвојувањето на многу закони. ЕК нотира дека пратениците треба да бидат активни и да имаат позитивна улога во процесот на преговори со ЕУ. -По интензивните дебати, Парламентот донесе заклучоци за предлог …

Извештај на ЕК: Собранието да има активна и позитивна улога во процесот на преговори со ЕУ Read More »

Лидерите на ЕУ на средба во Брисел за да разговараат за излез од енергетската криза


Белгија –  Лидерите на Европската унија денеска треба да се сретнат во Брисел на уште еден дводневен самит на кој влијанието на војната во Украина врз енергетскиот пазар на блокот ќе биде фокусна точка. Прашањето за тоа како да се намалат цените на гасот се очекува да ги задржи лидерите фокусирани бидејќи неодамнешниот предлог на …

Лидерите на ЕУ на средба во Брисел за да разговараат за излез од енергетската криза Read More »

Министрите за внатрешни работи на Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес


Германија – Со состанок на министрите за внатрешни работи, како што најави германскиот канцелар Олаф Шолц, продолжува берлинскиот процес што во 2014 година го иницираше тогашната канцеларка Ангела Меркел со цел за приближување на Западен Балкан до ЕУ. Во Берлин денеска ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес – осум членки …

Министрите за внатрешни работи на Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес Read More »

Чешката Амбасада организира конференција „Можности за проширување“


Чешката амбасада во земјава денеска организира конференција „Можности за проширување“, како дел од серијата настани што ги организираат заедно со Амбасадата на Чешка во Бугарија, со цел подобрување на добрососедските односи и дијалогот меѓу Скопје и Софија, како и можностите за зајакнување на економската соработка. На конференцијата обраќања ќе имаат чешкиот амбасадор во земјава Јарослав …

Чешката Амбасада организира конференција „Можности за проширување“ Read More »

Скопје без градски превоз


Скопјани денеска нема да можат да ги користат услугите на јавниот градски превоз откако синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера најавија дека од 04:30 часот наутро автобусите нема да возат. Проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП вчера беше тема и на вонредната седница на Советот на Град Скопје каде доцна попладнето беше …

Скопје без градски превоз Read More »

Земјотрес со јачина од 2,7 степени, епицентарот во Скопје


 Земјотрес со јачина од 2,7 степени по Рихтеровата скала синоќа е почувствуван во Скопје. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 13 километри од Кисела Вода, на длабочина од пет километри.

Сончево и ветровито, дневната температура до 23 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен …

Сончево и ветровито, дневната температура до 23 степени Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 20 октомври 2022 година, 292-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 73 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 50 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов трае 10 часа и 56 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

Поради недостиг, да се користи само една доза од вакцината против колера, вели СЗО


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) и нејзините партнери денеска препорачаа земјите каде што има колера привремено да користат само една доза вакцина наместо две, како што е вообичаено, поради недостиг на светско ниво затоа што е зголемен бројот на заразени од оваа болест која се пренесува преку водата.   Во денешното соопштение на СЗО и …

Поради недостиг, да се користи само една доза од вакцината против колера, вели СЗО Read More »

Меси е прв фаворит за Златната топка 2022/23 според Goal.com


Франција– Престижниот портал специјализиран за фудбалски вести  „Goal.com“ ја објави листата на фаворити за Златната топка за сезоната 2022/23. Тројца напаѓачи на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе се на првите три места на рангирањето. Топ 10 листата изгледа вака: 1. Лионел Меси (ПСЖ) – 12 гола и 8 асистенции во сезоната 2022/23; 2. …

Меси е прв фаворит за Златната топка 2022/23 според Goal.com Read More »

Скопјани утре ќе останат без градски превоз, најавува синдикатот на ЈСП


Скопје утре ќе останат без градски превоз. Синдикатите попладнево по седницата на Советот на Град Скопје револтирани дека нема договор за нивните барања, ја напуштија седницата и најавија дека утре нема да има јавен градски превоз. – Репрезентативните синдикати на ЈСП беа присутни на вонредната седница на Советот на Град Скопје и очекувавме брз и …

Скопјани утре ќе останат без градски превоз, најавува синдикатот на ЈСП Read More »

СЗО: Ковид-19 сè уште е итен здравствен проблем


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека Ковид-19 останува глобална вонредна состојба, речиси три години откако првпат беше прогласена. На 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи вонредна состојба поради Ковид-19. Таквата одлука помага да се забрзаат истражувањата, финансирањето и меѓународните јавно-здравствени мерки за борба против болеста. Агенцијата на ОН соопшти дека иако …

СЗО: Ковид-19 сè уште е итен здравствен проблем Read More »

Федерер би можел да биде дел од тимот на Би-би-си


Англија– Пензионираниот швајцарски тенисер Роџер Федерер може да се приклучи на коментаторскиот тим на Би-би-си на Вимблдон следната година. Оваа вест ја објави „Tennis365“ повикувајќи се на зборовите на поранешната трета светска тенисерка и британска новинарка Сју Баркер. Федерер претходно изјави дека по завршувањето на кариерата би сакал да се испроба како коментатор. Четириесет и едногодишниот …

Федерер би можел да биде дел од тимот на Би-би-си Read More »

„Луј – 77 години на сцена“- инспиративни импресии од концертот на првата македонска музичко-образовна институција


       На 17 октомври 2022 година, во големата сала на НУ Филхармонија, во 20 часот, се одржа концерт по повод патрониот празник на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“, Скопје.             Со овој концерт под насловот „Луј – 77 години на сцена“, се одбележани 77 години од постоењето на првата македонска музичко-образовна институција, основана во …

„Луј – 77 години на сцена“- инспиративни импресии од концертот на првата македонска музичко-образовна институција Read More »

Министерство за култура до ДЛУМ: Немаме надлежност да финансираме вработувања на здруженија


Соработката со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) продолжува во насока на изнаоѓање на најсоодветно решение за проблемот со недостиг на простор и вработување на едно лице, притоа имајќи предвид дека ДЛУМ е здружение, а Министерството за култура нема надлежност да финансира вработувања на здруженија. Вака надлежното министерство им одговори на членовите на ДЛУМ …

Министерство за култура до ДЛУМ: Немаме надлежност да финансираме вработувања на здруженија Read More »

Расмусен под истрага поради банкарски скандал


Данска – Полицијата го истражува поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за неговата улога во банкротот на летонската банка ПНБ, објави данскиот весник „Борсен“. Според летонските власти, Расмусен, кој беше заменик-претседател на независната менаџерска група на ПНБ, и други поранешни менаџери се под истрага поради нивното претходно раководење со банката, пишува порталот Политико. Администраторот на стечајната маса рече дека обвинетата …

Расмусен под истрага поради банкарски скандал Read More »

Наградата „Сахаров“ за 2022 за украинскиот народ


Франција – Храбриот народ на Украина, претставен од нивниот претседател, нивните избрани лидери и граѓанското општество се лауреати на наградата „Сахаров“ за 2022 година, која ја доделува Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Стразбур. Одлуката ја соопшти лично претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, со прекин на пленарната сесија на која се расправаше за земјите …

Наградата „Сахаров“ за 2022 за украинскиот народ Read More »

Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје со нова опрема донирана од Јапонската Амбасада


Нова опрема во вредност од 21.471 евра доби ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје, во рамки на ЦЦП проектот. Опремата се состои од четири апарати –  биофидбек, една паметна ракавица, еден апарат вокаСтим Мастер и една паметна табла, сите наменети за справување со различни попречености. Директорката на Завод за рехабилитација …

Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје со нова опрема донирана од Јапонската Амбасада Read More »

Цените на бензините и дизелот непроменети, поевтинува мазутот


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука од денеска на полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на одлуката од 17 октомври 2022 година. – Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното …

Цените на бензините и дизелот непроменети, поевтинува мазутот Read More »

Претседателот Пендаровски ги прими средношколците кои освоија награди на 4. Балканска олимпијада во физика


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими учениците кои освоија награди на 4. Балканска олимпијада во физика што се одржа во хибриден формат од 7 до 9 октомври во Кипар. Тројцата средношколци Јан Стојановски, Матеј Гелев и Емилија Николовска на оваа олимпијада освоија златен, сребрен и бронзен медал, како и специјална награда за најдобар постигнат резултат …

Претседателот Пендаровски ги прими средношколците кои освоија награди на 4. Балканска олимпијада во физика Read More »