МВР предупредува: Филмски сцени со огнено оружје ќе се снимаат вечер на „Владимир Полежановски“


Во објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје вечер ќе се снимаат сцени за серијата „Бистра вода“, во кои ќе биде употребено огнено оружје. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи по информација добиена од страна на продуцентот на играната серија „Бистра вода“, снимањето ќе се одвива во периодот од 22.00 до 02.00 часот. 

Викенд со поп-музика во Штип: Кренато фестивалското знаме на ,,Макфест” 


Со кревање на макфестовското знаме и официнално почна 37.издание на Фестивалот на забавни мелодии  „Макфест“. Организаторите и покровителите на денешната прес-конференција  објавија целосна подготвеност за првата вечер која започнува од 20 часот. Александар Арсовски од Општина Штиш вели дека вечерва публиката ќе може да ужива во 12 композиции. -Општина Штип како организатор и покровител на …

Викенд со поп-музика во Штип: Кренато фестивалското знаме на ,,Макфест”  Read More »

Со помош на холограм – отворена изложбата „Светлината на накитот низ вековите”


Во Музејот на Северна Македонија од денеска е отворена изложбата „Светлината на накитот низ вековите”, каде посетителите имаат можност да видат презентација на предмети од минатото, со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми. Фокусот е ставен на женски и машки накит од 19 век, поточно ѓердани, игли за коса, обетки. …

Со помош на холограм – отворена изложбата „Светлината на накитот низ вековите” Read More »

Моника Белучи со нов филм и нов имиџ


Италија– Моника Белучи го промени својот изглед за снимањето на новиот филм… Имено, таа на Инстаграм објави дека глуми во филмот „Девојката во фонтаната“ (The Girl in the Fountatin), во режија на Антонџулио Паченти, којшто ќе биде прикажан прво на фестивалот „Лумиер“ во Лондон, Англија, и на Филмскиот фестивал во Торино. На сликата-реклама за филмот, Белучи …

Моника Белучи со нов филм и нов имиџ Read More »

Кој ќе учествува на Евросонг во Ливерпул – многу земји од регионот се откажаа


Швајцарија– ЕБУ  ја објави листата на земји кои следната година ќе се натпреваруваат во Ливерпул, а меѓу 37-те потврдени земји е и Хрватска, Србија и Словенија. Сепак, три земји од поранешна Југославија, Македонија, Црна Гора и Бих, одлучија да се повлечат од натпреварот, а Бугарија исто така се повлече од учеството. Како причина за повлекувањето, …

Кој ќе учествува на Евросонг во Ливерпул – многу земји од регионот се откажаа Read More »

Заплови суперјахтата „Еврима“ на „Риц-Карлтон“ 


САД– Првата од трите предвидени луксузни суперјахти од колекцијата на „Риц-Карлтон“ (Ritz-Carlton Yacht Collection), којашто е во сопственост на познатиот синџир хотели под ист назив, тргна на своето прво патување. Јахтата „Еврима“, што на грчки значи „откритие“, ќе плови по Средоземното Море и кај Карибите, а ќе ги посетува и Средна и Јужна Америка. Патувањата ќе …

Заплови суперјахтата „Еврима“ на „Риц-Карлтон“  Read More »

Шаде се враќа со нов албум по 12 години снимен во студиото на Бред Пит


  Франција- Многубројните обожаватели на поп-ѕвездата со кадифен глас сигурно ќе се израдуваат кога ќе слушнат дека Шаде Аду работи на нов албум, а многумина ќе се изненадат што оваа тајна ја откри никој друг туку Бред Пит. Британската кантавторка Хелен Фоласад Аду го издаде својот последен албум во 2010 година, па нејзиното враќање по …

Шаде се враќа со нов албум по 12 години снимен во студиото на Бред Пит Read More »

Анкета: 76 отсто од граѓаните во Турција подржуваат зачленување во ЕУ


Турција– Мнозинството од граѓаните во Турција верува дека соработката со европските земји е од витално значење за безбедноста на земјата, покажува анкета објавена во весникот „Дејли Сабах“. Фондацијата за економски развој, невладина организација штоа главно се занимава со односите меѓу Турција и ЕУ, на прес-конференција ги презентираше заклучоците и резултатите од неодамнешното истражување на тема …

Анкета: 76 отсто од граѓаните во Турција подржуваат зачленување во ЕУ Read More »

Божо Вреќо пред концертот во Скопје: Севдахот ме избра мене за свој совршен партнер


  Божо Вреќо е босански пејач кој на своите настапи ја негува босанската севдалинка, во модерен и во џез манир. Она по што е препознатлив на сцената е неговата екстраваганција, а имиџ по кој е карактеристичен се фустаните, наметките и модните детали што со гордост ги носи. Дел од нив се од неговата сопствена работилница …

Божо Вреќо пред концертот во Скопје: Севдахот ме избра мене за свој совршен партнер Read More »

Кевин Спејси ослободен од обвинение за сексуален напад


САд– Поротата во еден од судските процеси против Кевин Спејси во Њујорк, го отфрли обвинението за сексуален напад на негова адреса. Ентони Рап тврдеше дека Спејси се обидел да го заведе на забава во њујоршката општина Менхетн, пред 36 години, и побара 40 милиони долари отштета. Тогаш Рап имал 14, а идната холивудска ѕвезда – 26 …

Кевин Спејси ослободен од обвинение за сексуален напад Read More »

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ со штанд на Саемот на книгата во Франкфурт


Издавачката куќа „Прозарт медиа“, организатор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, со свој штанд учествува на Саемот на книгата во Франкфурт, кој е најголем во светот,  „Прозарт медиа“ е поканета од Саемот на престижната „Invitation program“ заедно со 20 издавачи од целиот свет. -Саемот на книгата во Франкфурт со оваа покана обезбедува и штанд за …

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ со штанд на Саемот на книгата во Франкфурт Read More »

Првпат кандидат од МВР за потпретседател за Европа на Извршниот комитет на Интерпол


Првпат кандидат од МВР на Република Северна Македонија беше номиниран за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на Интерпол. Делегацијата што го претставува Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија на 90.Генерално собрание на Интерпол, кое во периодот од 18 до 21 октомври се одржува во Њу Делхи, Индија, присуствуваше на …

Првпат кандидат од МВР за потпретседател за Европа на Извршниот комитет на Интерпол Read More »

НАТО Академија на Филозофскиот факултет на УКИМ


Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје беше домаќин на НАТО Академија во заедничка организација со Евроатлантскиот совет на Република Северна Македонија. Пред учесниците на НАТО Академијата предавање одржа проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ кој говореше на темата „Реформа на безбедносниот …

НАТО Академија на Филозофскиот факултет на УКИМ Read More »

Рускиот суд нареди апсење на новинарката Овсјаникова


Русија – Руски суд нареди апсење на поранешната новинарка на руската државна телевизија Марина Овсјаникова, јавија дел од руските медиуми. Овсјаникова е позната во јавноста по тоа што во март, откако започна војната во Украина, „влета“ во програма во живо на телевизија со натпис „Не за војна“. Кон средината на јули во близина на Кремљ, таа …

Рускиот суд нареди апсење на новинарката Овсјаникова Read More »

Петровска ќе присуствува на промоцијата на 22-та класа питомци во чин потпоручник


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Воената академија „Михаило Апостолски“ во Скопје ќе присуствува на свеченоста по повод промоцијата на 22-та класа питомци во чин потпоручник и свечена заклетва на 26-та класа на питомци на Воената академија. Како што најавија од Министерството за одбрана, на свеченоста ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко …

Петровска ќе присуствува на промоцијата на 22-та класа питомци во чин потпоручник Read More »

Студија: Сексуалната злоупотреба врз деца во Британија е епидемија


Англија– Сексуалното насилство врз деца во Британија е епидемија што погодува милиони жртви, а грозоморните и ужасни дејствија се кријат со децении, бидејќи институциите и политичарите имаат приоритет на угледот пред благосостојбата на младите луѓе, тврди новото јавно истражување. Независната студија за сексуална злоупотреба врз деца, една од најголемите и најскапите од ваков вид во таа …

Студија: Сексуалната злоупотреба врз деца во Британија е епидемија Read More »

Куарем квартет и Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С со концерт во Филхармонија


Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концерт на Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С и квартетот Куарем. На концертот ќе бидат изведени специјално оркестрирани композиции напишани од членовите на Куарем квартет и музика чијашто инспирација се танците од целиот свет. Гости на концертот се светски познатата перкусионистка и вокал Наташа Роџерс и …

Куарем квартет и Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С со концерт во Филхармонија Read More »

„Норма“ на сцената на НОБ со првенката Ѓиновска-Илкова


На сцената на Националната опера и балет вечер во 20:00 часот ќе биде изведена „Норма“, ремек-делото на Винченцо Белини, која се смета за една од водечките белканто опери во светската оперска литература. „Норма“ е трагична опера во два чина, која најмногу се поврзува со магичната арија-молитва на Норма „Casta Diva“. Трогателна приказна за друидската свештеничка …

„Норма“ на сцената на НОБ со првенката Ѓиновска-Илкова Read More »

Промоција на проектот „Светлината на накитот низ вековите”


Во НУ Музеј на Република Северна Македонија денеска напладне ќе се одржи промоција на проектот „The light of jewelry through the centuries“ или „Светлината на накитот низ вековите”. Станува збор за пренесување, односно презентирање на предметите од минатото со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми, кои ја осветлуваат можноста за промоција и презентација …

Промоција на проектот „Светлината на накитот низ вековите” Read More »