Маја Вељковиќ Пановска е нов в.д. директор на Драмски театар


Актерката Маја Вељковиќ Пановска е нов в.д. директор на НУ Драмски театар Скопје. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева која се повлекува од лични причини. Маја Вељковиќ Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 година. По дипломирањето реализира повеќе улоги на сцените на повеќе […]

Латино Греми 2023 од Америка се сели во Шпанија


САД– Време е Розалија да блесне. За прв пат, церемонијата на латино Греми награди во 2023 година ќе биде домаќин во Шпанија, наместо во нејзината вообичаена локација во Соединетите Држави. Во изјава за Rolling Stone, извршниот директор на Latin Recording Academy, Мануел Абуд, рече: „Размислуваме дека Севиља ќе го прослави 24-тото доделување на латино Греми […]

Стилистката на Бијонсе ќе ја облекува Барби


САД– Од 1959 година, Барби отсекогаш била синном за стил. Кој би можел да ги заборави греалките за нозе во 80-тите и  со големи фризури барбики од 90-тите. Сега, скоро 65 години откако првпат се појави на пазарот, Барби ги здружува силите со наградената со Еми костимографка и стилистка Зерина Акерс за уште едно сериозно […]

Сѐ уште не правиме разлика меѓу репрезентативна култура и невкус: Интервју со Зоран Анчевски, поет и преведувач


  „Колку повеќе се отуѓуваме, алиенираме од светот и од себеси, толку повеќе јазикот го разбираме како уште едно средство за изразување на нашите потреби, но не и како средство за осознавање на тие потреби. Без претерување, наскоро раскошните класични описи на трпезата може да ни се претворат во „њам-њам“ со можна додавка на уште […]

„Кајмак“ на Манчевски со истовремена европска премиера во Португалија и во Србија


Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ќе има европска фестивалска премиера во иста недела на два реномирани фестивали. „Кајмак“ на 2 март ќе има премиера како еден од деветте филмови во главната конкуренција на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија. Во исто време, „Кајмак“ е во главната програма и на 51. издание на легендарниот […]

Украина: Година дена потоа, новинарите се уште се на првата линија на фронтот


Украина- Конфликтот во Украина, за кој медиумите нашироко пишуваат, ги изненади уредништавта, а пред се новинарите кои се навикнати на воено известување од теренот, затоа што мораа да се прилагодат на неговото долготраење и невидената сила, како и на тешкотиите во проверката на некои информации. За една година „12.000 украински и странски новинари беа акредитирани […]

Можен датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година


Белгија – Можен датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година, вели во интервју за НОВА Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија (ЕК). Тој е во посета на Бугарија и денеска ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, со вршителот на должноста премиер Галаб Донев и со министри. Домбровскис […]

 „Поместени граници“ – изложба на ДЛУМ во Домот на АРМ


 Во галерискиот простор во Дом на АРМ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се отвори седмото издание на изложбата „Поместени граници“, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Оваа изложба е дел од годишната програма на ДЛУМ. Годинава кураторскиот концепт на изложбата го постави Уметничкиот совет на ДЛУМ, а темата е […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Во САД температурите се спуштаат и до минус 45


САД- Поради зимската бура што зафати одредени области на САД, во некои делови од државата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, јавија американските медиуми. Како резултат на снежното невреме беа затворени бизниси и училишта во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови. Налетите на ветрот би можеле […]

Македонците над европскиот просек според познавањето странски јазици


Северна Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните. Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 […]

Учесниците на 54. Светска галерија на карикатури на прием кај Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе приреди прием за меѓународните учесници на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 и на Остен биеналето на цртеж Скопје 2022. Во претседателскиот Кабинет денеска ќе биде поставена и изложба на најуспешните карикатури од досегашните 54 изданија на Светската галерија на карикатури. Годинашната изложба на дела од 54. Светска […]

Хрватскиот Сабор ќе расправа за отповикување на премиерот Пленковиќ


Хрватска – Хрватскиот Сабор денеска ќе расправа за отповикување на премиерот Андреј Пленковиќ на предлог на 33 пратеници од опозицијата, кои како причини наведоа корупциски скандали, неуспех во спроведувањето на здравствената реформа и навремена реконструкција по земјотресот. Предлогот за покренување на прашањето за доверба првпат се расправа во Парламентот откако Пленковиќ ја презеде премиерската функција […]

„Лајбах“ ќе ја донесе Евровизија во Украина среде војна


Словенија- Словенечката култна група „Лајбах“ за еден месец ќе одржи концерт во Украина. Со тоа ќе бидат првата странска група која настапува во Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година. Овој индустриски рок бенд ќе одржи „многу посебен концерт“ на 31 март во Бел Етаџ мјузик хол во Киев, се […]

Меѓународен симпозиум: „Да си го вратиме назад просторот за дигитални информации“


Меѓународен симпозиум за високо образование на тема „Да си го вратиме просторот за дигитални информации“ ќе се одржи денеска во Скопје, организиран од Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС, во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Како што е најавено, претставници на академската заедница, експерти за медиумска писменост и млади […]

Собраниската седница за реконструкција на Владата ќе продолжи во 10 часот


Собраниската седница и во продолжението по полноќ помина во меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Пратениците од опозицијата со обвинувања за лошата економска состојба, нефункционирањето на институциите, неспособноста на власта да се справи со корупцијата, недовршувањето на капиталните проекти, повторувајќи го ставот дека реконструкцијата на Владата не е во интерес на граѓаните, туку за пазарење на […]

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени по Рихтер го погоди Таџикистан


Земјотрес со интензитет од 6,8 степени е регистриран во источниот дел на Таџикистан. Потресот се случил во 05:37 часот по локално време на длабочина од околу 20,5 километри. Епицентарот бил во автономната област Горна Бадакшан, што се граничи со Авганистан и Кина. Таа територија е ретко населена и е опкружена со огромниот планински венец Памир. 

Сончево, кон крајот на денот наоблачување и слаб дожд


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 23 февруари 2023 година, 54-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 311 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 17 часот и 16 минути. Денов трае 10 часа и 57 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 8 часот […]

Генералната директорка на УНЕСКО бара построга регулација на социјалните мрежи


Франција – Генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле денеска повика на глобален дијалог за да се најде начин да се регулираат активностите на компаниите кои поседуваат социјални мрежи и да се ограничи нивната улога во ширењето дезинформации. Азуле зборуваше на меѓународен собир на парламентарци, новинари и активисти на граѓанското општество за регулирање на социјалните мрежи како што […]