Во Кривичниот суд прво рочиште за кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница


Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска треба да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Советот […]

Пратениците на пауза до 20 часот


По неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата, Собранието е на пауза до 20 часот. За збор се пријавени уште четири пратеници. Попладневната дебата помина во партиски препукувања, се сведе на тоа кој што направил додека бил на власт, а доминираа теми од економијата, земјоделството, здравството,… Пратениците зборуваа за „Скопје 2014“, стоковните резерви, […]

Путин го одликуваше Стивен Сигал со Орден за пријателство


Русија- Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликуваше американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство. Во указот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, се наведува дека Стивен Фредерик Сигал (70) е награден за неговиот голем придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“. Во ноември 2016 година, Путин потпиша декрет со […]

Воздухопловни активности на „Криволак“, како дел од заедничката обука со Вооружените сили на САД во навигациско наведување


На армискиот полигон „Криволак“, денеска со прелети на воени воздухоплови, се реализираше заедничка обука во навигациско наведување на специјализирани тимови од Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД. – За време на активноста, два воени воздухоплови, од состав на ВС на САД, преку симулација на блиска воздушна поддршка, овозможија проверка на процедурите […]

Дејвид Гир: Европска куќа во Битола за младите како идни граѓани на ЕУ


Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Битола Тони Коњановски во присуство на министерката во Министерството за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска потпишаа Меморандум за разбирање за отворање „Куќа на Европа“ во Офицерски дом во Битола. Со овој проект ние целосно го почитуваме културното наследство и минато на офицерскиот дом кој има уникатен белег, истакна евроамбасадорот Гир […]

Фон дер Лајен ќе се сретне со британскиот крал Чарлс


Англија– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе се сретне и со кралот Чарлс за време на нејзината посета на Велика Британија за да ги финализира преговорите со британската влада за новиот договор за трговските правила за Северна Ирска по Брегзит. Комисијата потврди дека Фон дер Лајен ќе се сретне и со кралот […]

Зголемениот поврат на ДДВ наскоро на собраниска седница


Управата за јавни приходи со посредство на Министерството за финансии ги поднесе измените за мерката „Мој ДДВ“ за скенирање на фискални сметки со кои се предвидува зголемување на износот што им се дава на граѓаните за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и тие сега се во собраниска процедура, потврди денеска директорката на Управата […]

Еди Редмејн е стилската ѕвезда на црвените килими


САД-Помина времето кога актерите шетаа по црвениот ќилим облечени во црн смокинг само затоа што тоа беше единствената облека што се сметаше за прифатлива за машките филмски ѕвезди  пред блицовите на фотоапаратот. До неодамна, само екстремните ѕвезди се осмелија да носат неконвенционална облека на црвениот ќилим. Сега, ѕвездите од Холивуд ни даваат поеклектични изгледи за […]

Јануарска плата се уште не зеле 35.939, а декемвриска 12.692 вработени


 Управата за јавни приходи (УЈП) навреме ги има преземено сите законски надлежности што ги има во делот на присилна наплата – опомени, решенија, блокади, … за работодавачите навреме да им ја исплатат платата на вработените лица, информира денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.   -Обврска за пресметка за плата (МПИН) за јануари 2023 година имале […]

Почнува прибирањето податоци за вработените вп МВР кои оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво


Од денеска започнува прибирањето на податоци за вработени коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво. Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор, објави министерот […]

ЕСМ Снабдување со топлина ја презема базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда


 ЕСМ Снабдување со топлина соопшти дека во законска постапка ја презема базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, […]

Османи во дводневна посета на Вашингтон


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи е во дводневна посета на САД каде утре ќе има презентација пред Хелсиншката комисија во Вашингтон на тема „Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“. Како што соопшти, МНР, во рамки на својата агенда, денеска тој ќе има средба и со Дерек Шоле, […]

Поевтинуваат горивата


Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и  дизел горивото поевтинуваат за денар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,50  денари за литар, 83,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а 76 денари на ЕУРОДИЗЕЛ […]

Оливија Њутн-Џон: Холивуд се сеќава на ѕвездата како „прекрасна сила на природата“


Австралија– Илјадници луѓе и оддадоа почит на починатата британско-австралиската актерка и пејачка и ѕвезда на култниот филм „Брилјантин“ Оливија Њутн-Џон на државниот споменик во нејзиниот роден град Мелбурн. 73-годишната поп-ѕвезда  почина во август на нејзиниот ранч во Калифорнија, САД по долга битка со ракот на дојката. Нејзината ќерка Клои Латанзи изјави дека нејзиното срце е […]

Дојавата за бомба во Судот во Охрид лажна, вработените вратени на работните места


Лажна била дојавата за поставена бомба во зградата на Основниот суд во Охрид. По извршените проверки на објектот, вработените во Судот се вратени на своите работни места. Инаку, дојавата била извршена утрово во 7.50 часот до полицијата во Охрид, од страна на Судот до која била доставена електронска порака од непознато лице. Веднаш потоа беа […]

„Бистра вода“, првата македонска крими-драма, со кино и ТВ премиера


На 1 март 2023, среда, во 20 часот во Синеплекс ќе се одржи светската премиера на првата епизода од најновата и прва македонска крими-драма, серија инспирирана од вистински настани.Продуцент, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи.  Премиерата на првата епизода е увертира во телевизиската премиера во недела на 5-ти март на ТВ Алфа, како […]

Археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе биде уреден, осветлен и вклучен во туристичката мапа


На 20 километри од Штип, во подножјето на планината Плачковица во близина на реката Козјак, се наоѓа археолошкиот локалитет Баргала чии остатоци потекнуваат од византискиот град подигнат од 4. до 6. век, а за негово постоење се пронајдени написи од 341 година од н. е. На местото на овој антички град деновиве почна да се […]

Новитет од „Старбакс“- кафе со маслинов зејтин


Италија- Иако во нивната земја постои извонредна традиција на пиење кафе, Италијанците сега ќе имаат можност да пробаат малку поинакво кафе. Имено, по различните вкусови кои им се нудат на љубителите на кафето, „Старбакс“ претставува пијалок со екстра девствено маслиново масло. Палетата на пијалоци под името што се поврзува со маслото – Олеато, содржи екстра […]

„Жизел“ пак на репертоарот на НОБ- голем интерес за врвниот класичен балет


Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 февруари и 2 март во 20 часот. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата […]

Романот од едицијата „Порта Европа“  – „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак ќе биде промовиран онлајн


Наградуваниот роман „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак ќе биде претставен со онлајн-промоција на 28 февруари (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Цибуљак, ќе зборуваат и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски, кој ја преведе од романски јазик. Книгата „Градина од стакло“, која е добитник […]