Саудиска Арабија на Мурињо му нуди 120 милиони евра за двегодишен договор
Рим – Фудбалската федерација на Саудиска Арабија му нуди на тренерот на Рома, Жозе Мурињо, двегодишен договор во вредност од 120 милиони евра, објави денеска римскиот весник „Кориере дело Спорт“.
Португалскиот стратег седна на клупата на Рома во 2021 година и со италијанскиот клуб лани го освои пехарот во Лигата на конференции, а договорот го врзува до 30 јуни 2024.
Весникот наведува дека саудиската Федерација сака Мурињо да го предводи националниот тим во квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.
Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија е без селектор откако Французинот Ерве Ренар неодамна поднесе оставка.