Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари со репрезентацијата на Португалија


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2024. На списокот на Лазаров се наоѓаат: голман: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ десен бек: Томислав Јагуриноски, Мартин Серафимов и Мартин Велковски пивот: Жарко Пешевски, Костадин […]

Одбиена нова молба на убиецот на Роберт Кенеди за пуштање од затвор


САД– Специјална комисија на американската сојузна држава Калифорнија вчера го одби новото барање за условно ослободување поднесено од Сирхан Сирхан, кој според пресудата, смртно го застрелал сенаторот Роберт Кенеди во 1968 година. Инаку, во август 2021 година, друга комисија даде зелено светло за негово ослободување, но во јануари следната година, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом […]

Што кажаа министерките за култура на отворањето на изложбата на Лубарда во Скопје?


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзината колешка, црногорската министерка за култура и медиуми, Маша Влаовиќ, синоќа во Музејот на современата уметност свечено ја отворија изложбата на дела од еден од најголемите уметници на 20 век, Петар Лубарда. Во присуство на голем број гости од јавниот и од политичкиот живот во земјава, министерката Костадиновска-Стојчевска рече […]

Мишел Јео: Од акциона хероина до номинација за Оскар


САД- Мишел Јео е икона. Некои Американци можеби неодамна препознаа каква икона е таа, но за голем дел од светот, нејзината слава расте веќе 40 години. Јео си ги исекла забите во десетици филмови за боречки вештини во Хонг Конг во 80-тите и 90-тите. Но, на 60 години, по повеќе од 40 филмови со вкупна […]

Модата е уметност, a дизајнот знае за етика: Моден викенд во Скопје од 9 до 11 март


Моден викенд Скопје  со оправдано уверување дека модата е уметност, повеќе од две децении го организира престижниот моден настан кој оваа година од 9 до 11 март по 26 пат ќе се случи на нова локација и со нов концепт.  Мотото на 26-то издание на FWSK е “Јазикот на етиката и дизајнот”, локацијата ќе биде […]

Великанот на четката Петар Лубарда ја собра елитата во МСУ: Црногорскиот пејсаж и историските теми нѐ маѓепсаа (галерија)


Во годината кога се одбележуваат 60 години од скопскиот земјотрес, Скопје доби најскапоцен сликарски опус „завиткан“ во „експресивниот фигуративен стил, кој се граничи со асоцијативна апстракција“,  кој му донесе широко меѓународно признание на Петар Лубарда, еден од најистакнатите сликари на територијата на поранешна Југославија од втората половина на 20 век. Високите гости од Црна Гора, […]

Бесими: Со комплетираниот состав на Владата подготвени сме за издавање еврообврзница


Кога веќе имаме комплетиран состав на Владата, како што веќе најавив јавно, подготвени сме на повторно издавање еврообврзница со тие услови што ќе важат на пазарот, но со најсоодветна процедура, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Бесими, кој учествува на панелот „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност“ во рамки на […]

Владиката Петар отвора телевизија со дозвола на АВМУ


Фирмата „Преобразба“, во сопственост на владиката и митрополит преспанско-пелагониски Петар на Македонската православна црква (Петар Каревски), доби дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат. Одлуката е објавена на веб-страницата на АВМУ и истата се однесува на Скопскиот регион, со времетраење од девет години. Преобразба […]

Одобрен првиот домашен тест кој открива и ковид и грип


САД– Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест кој може да открие и ковид и грип. Тестот користи брис од нос што и може да даде резултати за околу половина час, а во САД се продава без рецепт. Може самостојно да го користат сите лица над 14 години, како и […]

Ревија и мастерклас: Денови на италијански дизајн во Скопје


На 9 март во Ист Гејт Мол со модна ревија на најновите колекции на италијанските брендови ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, и KIKO MILANO, ќе се отвори 26. Моден викенд Скопје, во организација на Света Богова- […]

Режисерот Морфов доби отказ од Народниот театар во Софија, интелектуалците потпишуваат петиција за оставка на директорот


Театарскиот режисер Александар Морфов, кој неодамна се судри со директорот на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, Васил Василев, околу забраната за македонската актерка Билјана Драгичевиќ-Пројковска да гостува во претставата „Животот е убав“, добил отказ! Линк до целиот текст тука

Костадиновска-Стојчевска – Влаовиќ: Новите иницијативи на Балканот, се нови можности и за посилна културна соработка со Црна Гора


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Maша Влаовиќ, на која се разговараше за досегашната и за идната соработка во областа на културата меѓу двете земји, како и за одличните релации во рамките на регионалната соработка. Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ се согласија дека […]

Расте бројот на заболени со рак на дебелото црево, вели Институтот за јавно здравје


Ракот на дебелото црево е едно од најчестите малигни заболувања на модерното време, со околу 1,8 милиони нови случаи во светот секоја година, што претставува околу 10% од сите случаи на малигни тумори, вели Одделот за здравствена промоција и следење на болести од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Националниот ден за подигање на свеста за […]

Ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга


Со средства од Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција и Општина Струга ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга. Договорот за реконструкција денеска го потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска. Проектот, како што појасни Лозаноска, предвидува енергетски ефикасен објект во […]

ЕУ ги модернизира возачките дозволи, воведува и дигитални


Белгија – Европската комисија денеска предложи модернизација на возачките дозволи, вклучително и воведување дигитални дозволи, први во светот, кои ќе важат во цела ЕУ. Предложени се и нови одредби за подобрување на примената на сообраќајните прописи во прекуграничниот сообраќај. Комисијата наведе дека во 2022 година на патиштата во ЕУ загинале повеќе од 20.000 луѓе, а […]

Романите за Џејмс Бонд стануваат расно коректни


Англија- Дојде време романите за Џејмс Бонд на Иан Флеминг да бидат одново напишани. Британскиот весник „Телеграф“ открива дека пред повторното издавање на романите за Бонд во април по повод 70-годишнината од „Казино Ројал“, првата книга од серијата, носителите на правата Иан Флеминг Публикации Ltd нарачале рецензија од чувствителни читатели . Секоја книга ќе содржи […]

Коцерт на „40 Fingers“ на 7 април во Македонска Филхармонија


Во Македонската Филхармонија на 7 април ќе се одржи концерт на италијанскиот квартет на акустични гитари „40 Fingers“, во кој членуваат италијанските гитаристи Matteo Brenci, Emanuele Grafitti, Andrea Vittori i Marco Steffi. Станува збор за четворица музичари, со сосема различни музички приказни кои преку т.н. техника „fingerpicking“ на акустични гитари, истражуваат нови звучни универзуми, изведувајќи широк репертоар […]

Домот „Фрогмор“ на Хари и Меган му припадна на принцот Ендрју


Англија– Британскиот крал Чарлс му го додели „Фрогмор“ на принцот Ендрју, иако во минатото овој имот им припаѓаше на принцот Хари и Меган Маркл, пишува „Сан“ (The Sun). Кралскиот имот „Фрогмор“ во Виндзор, беше подарок од кралицата Елизабета Втора за Хари и Меган за нивната свадба во 2018 година. Се наоѓа близу домот „Аделаид“, главната […]

Зендаја стана најплатена ТВ ѕвезда


САД-  Актерката и модна икона, Зендаја наводно сега е една од најплатените ѕвезди на телевизија по новиот договор со HBO. Зендаја наводно склучила договор со HBO за да добие околу 1 милион долари по епизода на Euphoria што ја носи во друштво како Мајкл Китон (Допесик), Џејсон Судеикис (Тед Ласо), Елизабет Мос (Сјајни девојки), Харисон […]

„Со полно работно време“ – oтворање на месецот на Франкофонијата со гала филмска вечер и филмска проекција


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија, со поддршка на спонзори и МКЦ, по повод отворање на месецот на Франкофонијата, организираат гала филмска вечер со проекција на филмот „Со полно работно време“. Филмот ќе биде премиерно прикажан в петок, 3 март 2023, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат). Настанот ќе го […]