Аргентинска ноќ со пет ѕвездички – Скопје уживаше во врвна храна, врвно вино и страсен танц

Гостите уживаа во ново, гастрономско изненадување за сите трагачи по нови и автентични вкусови, по првата тематска вечер на која се дегустираше турската кујна


Убави и дотерани гости уживаа една аргентинска вечер со пет ѕвездички во центарот на Скопје- Limak Skopje Luxury Hotel беше домаќин на втората тематска вечер која ги спои италијанската и шпанската кујна на врвно избраното мени базирано на специјалитети од телешко месо и на тестенини.

Гостите уживаа во ново, гастрономско изненадување за сите трагачи по нови и автентични вкусови, по првата тематска вечер на која се дегустираше турската кујна.

Аргентинската вечер почна со уникатен пречек: насмеани, млади, вработени на хотелот, под будното око на Jелена Костадиновиќ, директор за продажба и маркетинг, облечени во дресот на аргентиската репрезентација, ги дочекуваа гостите, со звуци на аргентиска музика.

Посетителите вкусија автентични аргентински специјалитети од менито „Буенос Аирес“, подготвени од искусниот главен готвач на хотелот и од неговиот тим. Ова мени е базирано на специјалитети од телешко месо, што е карактеристично за аргентинската кујна. Имено, Аргентина е најголем потрошувач на црвено месо во светот како резултат на неговата големата застапеност во исхраната на Аргентинците.

Аргентинската магија преточена во автентични вкусни рецепти беше збогатена со врвните вина на најголемата македонска винарница „Тиквеш“. Аргентинците се познати и по производство и консумација на вино и се петти најголем производител на вино.

Аргентинскиот дух беше дополнително зачинет со енергичното аргентинско танго, кое го изведоа дел од танчерите учесници на меѓународниот маратон во танго, кој ќе се одржува во Limak Skopje Luxury Hotel.

 

Што јадеа и пиеја гостите во петокот вечер, во Limak Skopje Luxury Hotel ?

 

Богатото мени стартуваше со топло предјадење Vitel Tone-салата од динстано телешко со крема од инчуни, јајце, ајзберг и чипс од капари, комбинирано со виното Domaine Barovo Sauvignon Blanc.

Топлото предјадење Empandas de carne се состоеше од панцероти со мелено јунешко, зеленчук и крем сос, комбинирано со виното Alexandria Cuveee Rose, како и со Zapallitos rellenos- полнети тиквички со мелено месо, свежа моцарела и домат, комбинирано со виното Luda Mara Merlot.

Главното јадење беше јунешки стек со чимичури сос и аспарагус со пармезан, комбинирано со виното Domaine Lopovo Pinot Noir.

За десерт беше послужен колач со ванила и карамел, комбиниран со виното Luda Mara Temjanika и VS Zolta.

Од Limak Skopje Luxury Hotel најавуваат нови тематски вечери на врвно гастрономско и амбиетално уживање, а како следна е српската вечер. (Л.С.)

 

Фото: Limak Skopje Luxury Hotel