СЗО ги повика САД да споделат податоци за потеклото на коронавирусот


Швајцарија – Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земји да ги споделат своите информации за потеклото на коронавирусот, откако американските власти оценија дека инцидент во лабораторија што ја предизвика пандемијата. Последните денови потеклото на пандемијата на коронавирусот повторно го привлече вниманието на светот. – Ако некоја земја има информации за потеклото на пандемијата, […]

Европската комисија ги промени правилата за дозволеното количество арсен во храната


Белгија– Европската комисија денеска усвои нови правила кои пропишуваат помали дозволени количини арсен во прехранбените производи, што е чекор во спроведувањето на европскиот план за борба против ракот со ограничување или елиминирање на канцерогените хемикалии во храната. -Денеска преземаме дополнителни мерки за натамошно намалување на ризикот од изложеност на канцерогени загадувачи од нашиот синџир на […]

Уставните измени ќе се носат преку јавни дискусии, за опозицијата тие не се приоритетни


Уставните измени ќе се носат преку јавни дискусии со вклучување на сите засегнати страни со еден изграден широк општествен консензус, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски. Дебатата за уставни измени, според него, мора да почне на експертско ниво, бидејќи треба прво да се напишат уставните амандмани за да можат граѓаните и сите други да видат како […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, […]

Месецот на Франкофонијата започна со гала прикажување на филмот „Со полно работно време”


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија, вечерва со гала прикажување на францускиот филм „Со полно работно време” го започнаа месецот на Франкофонијата. Амбасадорот на Франција во Скопје, Сирил Бомгартнер, кој имаше обраќање пред започнувањето на филмот рече дека Франкофонијата освен што е јазик, исто така е и една организација во […]

Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска денеска беа сослушани во Обвинителството


Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска беа сослушани во Обвинителството, а во врска со поведената дисциплинска постапка против нив. -Комисијата денеска одржа седница на која беа сослушани трите јавни обвинителки, кои да дадоа свои искази и се изведоа сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба […]

Маја Манолева ќе биде новиот заменик министер за здравство


Во просториите на Министерството за здравство денеска Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство, информираше Министерството за здравство на својата веб страна. – Д-р Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство од д-р Владимир Рендевски, кој ѝ посака успешна работа на д-р Манолева и продолжување на реформите во здравствениот систем, се вели во […]

Болницата во Струмица ќе добие нов 4Д ултразвучен систем, донација од јапонската амбасада


Одделот за гинекологија во општата болница во Струмица ќе добие нов 4Д ултразвучен систем вреден 51.462 евра, како подарок од јапонската амбасада. Денеска амбасадорот Оцука Казуја потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ за да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. „Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од […]

Данецот Валтер ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер


Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер денеска спогодбено ја раскина соработката со тренерот Ларс Валтер по серијата незадоволителни резултати и елиминацијата од Лига Европа во групната фаза. Данецот Валтер седна на клупата на битолскиот прволигаш во јуни лани, кога потпиша двегодишен договор. Под негово водство Еурофарм Пелистер го освои македонскиот Суперкуп и за прв пат во […]

Учениците и студентите ќе ги добијат средствата по основ на стипендии и субвенциониран студентски оброк


Министерството за образование и наука информира дека до средината на март сите корисници на ученички и студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк ќе ги добијат средствата кои им следуваат заклучно со овој месец. Како што соопштија денеска од МОН, постојните корисници на ученички и студентски стипендии, кои ова право го оствариле во некоја од претходните […]

Свечено отворено Американско катче во Струга


Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска ги отворија просториите на Американското катче, сместени во новата општинска зграда. -Формирањето на Американското катче во Струга и неуморната работа низ сите овие години влијаеше и понатаму влијае позитивно врз младите стружани. Тие секојдневно имаат можност да стекнат искуство или […]

„Жените стануваат невидливи по одредена возраст“: Белинда Карлајл има нов сингл


САД- „Жените стануваат невидливи по одредена возраст“, вели пејачката Белинда Карлајл која на 64-години, вели, сепак, не се жали. „Можам да излезам со капа и без шминка и никој да не ме погледне двапати. Мислам дека е одлично. Ме зјапаат од кога имав 17 години. Убаво е да се лизгаш наоколу анонимно“. Во овој момент […]

Нема смена на Пленковиќ во Саборот


Хрватска- Премиерот Андреј Пленковиќ ја има довербата на хрватскиот Сабор и стабилно мнозинство, потврдeно е денеска со гласањето за импичмент на премиерот, кое го побара опозицијата, на иницијатива на Татковинско движење. За импичментот гласаа 56 пратеници, 77 беа против, а еден воздржан. Против импичментот гласаа 77 пратеници, со што порачаа дека повиците на опозицијата до […]

ЕУ ја одложи забраната за продажба на возила на бензин и дизел до 2035 година


Белгија – Одложено е гласањето на земјите од Европската унија за законот со кој се става крај на продажбата на нови автомобили со внатрешно согорување, односно продажбата на автомобили на бензин и дизел до 2035 година, бидејќи Германија и Италија се против ваквото решение. Бидејќи не е одреден нов датум за гласање на иницијативата, портпаролот […]

Колку чини лебот во балканските земји, во Србија е замрзнат на 30 денари


  Во споредба со другите земји од Западен Балкан според статистиките заклучно со август, Албанија е земјата каде што лебот поскапел најмалку, додека во Црна Гора цената на овој главен производ е двојно зголемена. Имено, лебот во Албанија поскапе за 20%, па и сега жителите на оваа земја го купуваат по цена од 0,51( 32 […]

„Реплек АД“ Скопје ги објави финансиските резултати за 2022 година


Продолжува јакнењето на позициите на странските пазари и проширување на извозното портфолио на „Реплек АД“ Скопје. Минатата година „Реплек АД“ Скопје оствари раст на продажбата од 9%. Приходите од продажба на странските пазари учествуваат со 68% во вкупните приходи на компанијата остварени минатата година. Зголемувањето во овој сегмент, покрај зајакнувањето на постојните позиции на странските […]

Ева Каили од ЕП останува во затвор уште два месеца


Белгија– Европратеничката Ева Каили, до неодамна потпретседателка на Европскиот парламент, останува во затвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел. Претходно оваа недела, нејзината одбрана побара Каили да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локалните медиуми. Претходно денеска судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена […]

Дизелот поскапува за два денара


Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува […]

95. Оскари на 12 март ексклузивно на МРТ со Миланка Рашиќ


Македонската Телевизија ексклузивно ќе го емитува 95-то доделување на Оскарите  в недела, 12 март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2022 година. Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд , ќе го пренесуваат преку 200 земји во светот. Миланка Рашиќ,  […]

Викендов облачно со повремени врнежи од дожд


Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни со над 20 литри на квадратен метар и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 […]