Продолжение на комисиската расправа за предлогот јавниот обвинител Јовески да биде уставен судија


Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да ја продолжи дебатата за утврдување на Предлогот за избор на судии во Уставниот суд. Членовите на Комисијата треба да  продолжат со расправата за предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.  На крајот на октомври минатата […]

Вицепремиерката Грковска во посета на Австрија


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска е во тридневна работна посета на Виена, каде ќе има средба со австриската министерка за правда, Алма Задиќ, со цел продлабочување на соработката меѓу двете држави. Како што соопштија од владината прес служба, во рамки на посетата вицепремиерката Грковска ќе се сретне и со претседателот на […]

Најстудено на Попова Шапка -4 степени


Утрово најниска температура од -4 степени е измерена на Попова Шапка, следат Берово и Лазарополе со – 1 степен.  Во Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови и во Крушево температурата на 0 степени, 1 во Крива Паланка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола и во  Прилеп, 3 Струмица, 4 Штип, Куманово и Претор, 5 Демир Капија, Виница и […]

Бразил започна истрага за накит вреден 3,2 милиони долари подарен на Болсонаро


Бразил- Бразилскиот министер за правда Флавио Дино денеска и нареди на полицијата да го истражи наводното непријавување накит, подарок од Саудиска Арабија вреден 3,2 милиони долари, кој го добил поранешниот претседател Жаир Болсонаро. Болсонаро и неговата сопруга Мишел добија дијамантски ѓердан, прстен, часовник и обетки од саудиската влада, кои беа конфискувани од царината на аеродромот […]

„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во ЕУ е во ризик од сиромаштија


Германија – Едно од четири деца во земјите на Европската унија е изложено на ризик од сиромаштија, соопшти хуманитарната организација „Спасете ги децата“. Новиот извештај на организацијата покажува дека бројот на деца доведени до работ на сиромаштија се зголемил за 200.000 во 2021 година и достигна 19,6 милиони. Зголемувањето на трошоците за живот, климатската криза и пандемијата на Ковид-19 […]

Изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија (КИЦ) денеска во 18 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата, како што најавија од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, авторот го претставува својот последен циклус од […]

Рама во официјална посета на Германија


Албанскиот премиер Еди Рама денес ќе престојува во официјална посета на Берлин, Германија. Посетата е во функција на улогата домаќин на Албанија на Берлинскиот процес за Западен Балкан, која премиерот Рама ја презеде на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември 2022 година. -Премиерот  ќе оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, со фокус на […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.   ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.   ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Изложба „Мајчиство“ во рамки на програмата по повод 75 години Национална галерија


Националната галерија ја најави годишната програма по повод одбележувањето на 75 годишнината од нејзиното постоење. Програмата ќе започне со изложба по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Изложбата која е насловена „Мајчинство” – дела од колекцијата на Националната галерија, ќе биде поставена вечерва во 19 часот во просторот на Чифте амам. -Месец март […]

Пратеничките ќе бараат со закон да се казнува говорот на омраза


Закон со којшто ќе се казнува говорот на омраза ќе бараат пратеничките во Собранието откако во јавноста се почесто се искажуваат навреди, дисквалификации, дискриминација и омаловажувања не само кон нив, туку воопшто кон жените. Ова ќе биде еден од заклучоците што треба да бидат усвоени на седницата на 8 Март во Собранието на која ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 7 март 2023 година,  66-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 399 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 17 часот и 30 минути. Денов трае 11 часа и 30 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе […]

Реакција од Министерство за транспорт на објави за мериторно решавање предмет за одобрение за градење во Охрид


Во однос на информациите објавени во одредени медиуми за мериторно решавање предмет за огласување на ништовно на Одобрение за градење на инвеститор во општина Охрид, Ве информираме дека Секторот за управно надзрорни работи во Министерството за транспорт и врски постапил согласно пресудата на Управниот суд број У-3.бр.341/2020 од 08.03.2022 година, со кое Управниот суд го […]

Променливо облачно, во јужните делови слаби локални врнежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб […]

Почина Љупчо Јакимоски поранешен директор на МИА и МРТ


  Во 61-та година од животот, по кратко боледување, почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ. Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје – група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен […]

ДЕА отвори канцеларија во Тирана- засилена борба против трговијата со дрога и перење пари


Албанија- Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА,  заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al. Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што […]

Бил Гејтс стана дедо: Ќерката Џенифер роди здраво женско бебе


САД- Основачот на „Мајкрософт“, милијардерот и филантроп Бил Гејтс и  неговата екссопруга Мелинда Френч Гејтс официјално станаа баба и дедо. Џенифер Гејтс и нејзиниот ссопруг Најел Насар го дочекаа своето прво бебе, потврди двојката во заедничката објава на Инстаграм во неделата. „Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство 💓🙏🥰“, ја напишаа двојката на објавата, на […]

Џенифер Лопез е новото лице на „Интимисими“


САД- Италијанската компанија за долна облека Intimissimi ја избра Џенифер Лопез да биде нејзино ново заштитно лице. Како глобален амбасадор, Лопез е ѕвезда во кампањата за пролет 23, која започна денес, позирајќи во парчиња долна облека. интимна облека. Рекламите се инспирирани од едно италијанско лето во Позитано, со нијанси на фуксија кои ја претставуваат бугенвилата, […]

По десет години преговори, постигнат договор за заштита на океаните


По една деценија преговори, нациите постигнаа историски договор за заштита на светските океани. До 2030 година, 30 отсто од морињата да бидат заштитени подрачја, за да се заштити и закрепне морската природа, предвидeно е во Договорот за отворени мориња, пренесува Би-би-си. Договорот беше постигнат во саботата, по речиси 38 часа разговори во седиштето на Обединетите нации (ОН) […]

Аријан Адеми потпиша за кинескиот Беижинг Гуан, договор вреден 9 милиони евра


Македонскиот репрезентативец и капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми ставил потпис на тригодишен договор со кинескиот клуб Беижинг Гуан, вреден околу девет милиони евра. Новиот клуб на Адеми ги решил финансиските проблеми и долговите кон одредени играчи поради кои не смееја да реализираат нови трансфери, а нашиот репрезентативец ќе има загарантирана плата од три милиони […]