Почина Мунбин, уште една јужнокорејска К-поп ѕвезда
Сеул – Мунбин, К-поп пејач и член на машкиот состав „Астро“, почина на 25-годишна возраст, објавија неговата музичка куќа и јужнокорејската полиција. („К-поп“ е кратенка за специфичната „корејска поп-музика“.) Младиот пејач е пронајден мртов во својот дом во јужен Сеул во средата ноќта, потврди гласноговорникот на Националната полициска агенција, додавајќи дека обдукцијата ќе ја утврди причината […]