Балканот низ анегдоти: Скопје ќе ја памети книжевната вечер со Мухарем Баздуљ
Синоќа, градината на кафе-книжарницата Буква во срцето на Скопје беше сведок на прекрасна вечер посветена на креативноста на исклучителниот гостин на српскиот Културно-информативен центар СПОНА, Мухарем Баздуљ, кој го претстави актуелниот роман „Невидлив придружник“ на читателите во Македонија, неодамна објавен во издание на белградска „Лагуна“. Романот се промовира во Скопје, 15-тина дена пред официјалната промоција […]