УХМР за утре најавува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град, најавуваат од УХМР. И во Скопската Котлина утре […]

Македонија е 18. ракометна сила во Европа


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави најновата ранг листа на националните тимови за 2023 година. Ранкингот се формира според бодовите освоени на последите три големи натпреварувања и квалификациите, па така Македонија со вкупно 94 поени го зазема 18 место.   Ние во изминативе три години освојуваме во просек по 30 поени, односно од 2021 (СП […]

Кевин Костнер го ограничи пристапот на поранешната сопруга до неговите пари


Лос Анџелес – Кевин Костнер го намалил кредитниот лимит на неговата поранешна сопруга на 30.000 долари откако открил дека таа му потрошила 100.000 долари за правни и сметководствени услуги, според наводите во судските документи. Костнер изјави дека бил принуден да ѝ го ограничи пристапот на Кристин Баумгартнер до неговите кредитни картички откако открил дека таа […]

Блискоста меѓу Вилијам, Кејт, Хари и Меган на погребот на кралицата било илузија


Лос Анџелес – Смртта на кралицата Елизабета Втора во септември беше тешка за повеќето Британци, како и за семејството. Речиси очигледно беше дека Меган Маркл „се бори“ со прошетката меѓу народот кај замокот „Виндзор“, придружувајќи ја Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и нејзиниот сопруг, принцот Хари, при поздравувањето на ожалостените по смртта на монархот. Познавачот на […]

Италијанска турнеја на романот „ Америка“ на Жарко Кујунџиски


Во текот на следните денови  писателот  Жарко Кујунџиски ќе престојува во Италија, каде што ќе учествува на две јавни презентации на италијанското издание на романот „Америка“. Првиот настан, како што информираат од издавачката куќа „Антолог“, е денеска во градот Мола ди Бари во просториите на книжарницата Libreria Culture Club Cafè. Настанот е со почетокот од […]

Добиен првиот меѓународен „Impact Factor“, ФВМС ја потврди својата лидерска позиција во науката во државата


Научното списание и официјална публикација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Macedonian Veterinary Review” успешно го заврши процесот на евалуација кај престижната Clarivate Analytics – Web of Science Core Collection и го доби својот прв Impact Factor (фактор на влијание) според Journal Citation Reports™ (JCR) за […]

Тоа е птица, тоа е авион, тоа е Карди Б на ревијата на Скијапарели во Париз


Париз– Тоа е птица! Тоа е авион! Но! Карди Б седи во првиот ред на шоуто за висока мода на Скијапарели во Париз – очигледно. Карди Б пристигна на високоочекуваното шоу на високата мода на Скијапарели за есен/зима ’23 во изглед кој ќе го запре сообраќајот или шемата на птичји лет. Ако мислите дека целосно […]

Ријана руши рекорди на „Спотифај“ без да објавува нова музика со години


Лос Анџелес – Иако минаа седум и пол години откако Ријана го издаде последниот албум „Anti“, таа повторно соборува рекорди. Имено, таа стана првата пејачка со 10 песни што достигнале милијарда прегледи на стрим-платформата „Спотифај“, а со тоа достигнување се пофали на својот интернет-простор. Ријана ја прослави веста со потписот „Bad Gal billi“ што е сленг-израз за […]

Петтата авантура на Индијана Џонс со солидна заработка на кино-благајните


САД- Петтата авантура на Индијана Џонс започна финансиски над сите очекувања. Филмот „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ заработи, имено, 130 милиони долари на самиот почеток на прикажувањето во кината. Од оваа сума, 60 милиони долари се собрани во кината низ Северна Америка, а 70 милиони во остатокот од светот. Во САД, податоците ќе бидат […]

„Нина е херој на своето време“: Кардула направи постер за девојчето со крофните од Нови Сад


Нина Нинковиќ го крена регионот на нозе, откако реши да продава крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот болен татко. Македонскиот графички дизајнер и сликар, Зоран Кардула создаде постер за малата Нина, а во разговор за „Блиц“ вели дека девојчето е херој на своето време. – Редот формиран од нејзината тезга е знак […]

Македонски Телеком и А1 изедначени во процентот на мобилни корисници


Во четвртиот квартал на 2022 година, најголемите мобилни оператори Македонски Телеком и А1 Македонија биле изедначени според бројот на мобилни корисници, односно секој од нив има по 47,83 отсто од корисниците на мобилната телефонија, кои во последното тромесечје на минатата година биле вкупно 1.932.871, се дознава од најновиот квартален извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Од […]

Дигитализација во здравството – дали и колку се заштитени здравствените податоци на граѓаните?


„Мое здравје“, „Телемедицина“, „Е-рецепти“, се само дел од дигиталните услуги кои ги нуди Министерството за здравство, а министерот Фатмир Меџити сè повеќе ги промовира и најавува новите дигитални услуги преку кои граѓаните ќе имаат опција што е можно повеќе да ги избегнуваат непотребните редови и чекања пред болничките шалтери. Последна од низата дигитални услуги е […]

Избор од Христо Петрески на македонски и српски јазик


Издавачката куќа „Арка” објави избор од поезијата на Христо Петрески на македонски и српски јазик. Изборот е објавен под заеднички наслов „Третиот камен”, а во него се содржани песни од книгите „Обратна”, „Пергамент” и „Здив пред огледало”. Станува збор за обемен избор од три понови стихозбирки на Христо Петрески, меѓу кои е и стихозбирката „Пергамент”, […]

Презентација на Мултимедијалниот проект „Сеќавања“ на Фунда, Батухан и Беди Ибрахим во Софија


Во галеријата на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, вечер во 18,30 часот, ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Сеќавања“ на Фунда Ибрахим, Батухан Ибрахим и Беди Ибрахим. Проектот содржи изложба на сликарски дела, уметнички инсталации и видеоарт од тројцата автори, активни во ликовната, филмската и театарската уметност. Како што се наведува […]

Ѓоковиќ ја започна одбраната на титулата на Вимблдон со победа против Кацин


Лондон – Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Вимблдон, откако денеска во првото коло го совлада Аргентинецот Педро Кацин со резултат 6:3, 6:3, 7:6 (7:4). . Натпреварот траеше два часа и 14 минути. Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против Австралиецот Џордан Томпсон, кој во првото коло го совлада Американецот […]

Костадиновска Стојчевска: Обезбедивме 40 милиони денари за капитални проекти за единиците на локалните самоуправи


„Културата игра клучна улога во формирањето на идентитетот на едно општество и во збогатувањето на животот на секој поединец. Таа нè поврзува, нè инспирира и нè облагородува. Со капиталните дотации отвораме перспективи за развојот на културата која зближува и покрај својата разноликост, а во тоа е и нејзината уникатност“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот состанок […]

Њукасл го промовира Тонали, стана најскап Италијанец на сите времиња


Њукасл – Премиерлигашот Њукасл денес го промовира своето засилување, играчот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали. Договорот на 23-годишниот Италијанец со англискиот клуб е со важност до летото 2028 година. Претходно беше објавено дека Милан ќе добие 70 милиони евра и бонуси од продажбата на Тонали. Фудбалерот од средниот ред е во редовите на Росонерите […]

Уметничка прошетка низ Скопје преку изложба- сеќавање на скопскиот земјотрес и на Ацо Шопов


Мотив за размисла и поттик за творците е текстот на македонскиот поет Ацо Шопов, ,,Во пет и седумнаесет”, кој е посветен на земјотресот во Скопје и светската солидарност. Спојот на литературата и ликовната уметност, поезијата и ликовната уметност се во синергија на сетила, емоции и интелект. ДЛУМ преку селекција од кураторот (Дијана Томиќ Радевска), носител […]

Вимблдон ќе го чествува Федерер


Лондон– Вимблдон ќе ги прослави достигнувањата на Роџер Федерер во Ол Ингланд клубот со посебна церемонија на Централниот терен на вториот ден од шампионатот во вторник. Осумкратниот шампион од Швајцарија, кој најави повлекување минатиот септември, ќе го посети местото на некои од неговите најголеми триумфи и ќе му се оддаде почит пред почетокот на играта. […]

Алиу: Законот за медиуми ќе го направиме врз основа на забелешките и на она што го велат експертите


Се анализираат коментарите, критиките и сугестии по втората фаза од Законот за медиуми (Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги) кои стигнале во голем број до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).  -Се надевам дека за две недели ќе имаме драфт. Во прашање ни се национални телевизии, локални, оператори… Нема сите да бидат […]