Без вода дел од неколку улици во Општина Центар


Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од улиците „Борка Талески“, „Рајко Жинзифов“, „Апостол Гусларот“ и дел од ул. „Стефан Јакимов Дедов“ во Општина Центар. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот со водоснабдувањето е поради водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ бр.18, а ќе биде од 09:00 часот до […]

Литванија ја повика ЕУ да ги користи балтичките пристаништа за извоз од Украина


Вилнус – Литванија ја повика Европска Унија да ги користи балтичките пристаништа за извоз на украинско жито по суспензијата на Договорот за жито. – Балтичките пристаништа би можеле да послужат како сигурна алтернатива за транзит на украински производи, вклучително и жито, се наведува во писмото на тројца литвански министри упатено до европските комесари. Во писмото се […]

Топлотните бранови во САД и во Европа би биле „практично невозможни“ без климатските промени


Вашингтон – Жештините што зафатија делови од Северна Америка и Европа овој месец ќе беа „практично невозможни“ без климатските промени предизвикани од човекот, се наведува во најновата анализа на  научниците од групата „Ворлд ведр атрибушн“ (World Weather Attribution). Според нив високите температури предизвикуваат здравствени предупредувања и предизвикуваат големи шумски пожари. Десетици милиони луѓе се погодени од […]

Што доведе до сериозната ескалација во кризата меѓу Русија и Полска


Тензиите меѓу Русија и Полска во последно време се вжештуваат, откако Варшава пресели дел од своите сили на границата со Белорусија поради загриженоста за присуството на руската приватна воена група „Вагнер“ во областа. Стационирањето на борците на групата „Вагнер“ во Белорусија, по бунтот предводен од нивниот лидер Евгениј Пригожин против руското воено раководство минатиот месец, […]

Во Шпанија запленети 5 тони кокаин скриен во товар со банани, уапсени пет Албанци


Тирана– Шпанските власти разбиле албанска криминална банда која шверцувала 5 тони кокаин скриен во товар со банани, при што биле уапсени пет лица, јавија албанските медиуми. Дрогата била прошверцувана во пристаништето Малага, а потоа запленета, откако била пренесена во магацин на индустриски имот во Аликанте.  Според шпанските медиуми, ова била најголемата заплена на наркотици досега. […]

Џон Малкович ќе одржи прес во Охрид пред утрешната претстава


Американскиот актер со хрватски корени Џон Малкович (69) доаѓа на 63. „Охридско лето“ како ексклузивен гостин , на 26 јули ќе настапи во претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, во режија на Михаел Штурминген, на магичната сцена на Антички театар, како дел од европската турнеја. Диригент е Мартин Хаселбок, солисти: Чен Реис […]

„Охридско лето“ : Концерт на Франк Дупре Трио и изложба на Александар Томовски


Фестивалскиот репертоар на 63-тото „Охридско лето“ вечерва ќе донесе концерт на Франк Дупре Триото од Германија и изложба на фотографии од Александар Томовски. Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, во црквата „Света Софија“, триото составено од Франк Дупре на пијано, Јакоб Круп на контрабас и Оби Јене на тапани ќе изведе дела  од Николај […]

УЈП ќе информира за новиот Колективен договор и зголемувањето на платите на вработените


иректорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска, лиценцираниот помирувач и арбитер во работни спорови Илија Манасиев и претседателот на синдикалната организација на УЈП „Солидарност“ Васе Недановски денеска ќе информираат за завршувањето на процесот на помирување и новиот Колективен договор на УЈП, по протестите на вработените кои бараа повисоки плати за 30 проценти. Директорката […]

ИЗИИС ќе одбележи 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје


 Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во пресрет на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје што се одбележуваат утре, денеска ќе има завршен од серијата настани по повод годишнината. Од 26 април Институтот организираше повеќе едукативни работилници за деца и млади, отворени денови и научни средби. -На ден пред датумот кој ќе […]

Врнежите од јуни и јули ќе се одразат врз вториот турнус во градинарството, велат производителите


Екстра квалитет, добар пласман и солидни цени, вака помина првиот годинашен турнус во градинарството, велат производителите. Но, вториот, што се очекува во август, се уште е неизвесен, пред се од аспект на приносот. Можно е честите поројни врнежи што ја зафатија земјава кон крајот на јуни и почетокот на јули, да се одразат врз квалитетот […]

Изложба на фотографии од некогашното Еврејско маало во Скопје


На платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, некогашно Еврејско маало, вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Последниот татнеж во Еврејското маало – фотографски факти низ објективот на Рафаел Алтарас“. Изложбата е организирана по повод одбележувањето 60 години од скопскиот земјотрес во Еврејското маало и 80 години од депортацијата на […]

„Скопје во пет и седумнаесет“ – дводневна програма по повод 60 години од скопскиот земјотрес


Министерството за култура го организира проектот „Скопје во пет и седумнаесет“ по повод одбележувањето 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.  Програмата утре, на датумот од земјотресот, ќе се реализира на повеќе локации низ главниот град, а ќе почне вечер со концерт од 21 часот во паркот „Ибни Пајко“. На концертот ќе настапат Оркестарот на […]

Владата треба да расправа за концесиите на рудникот Иловица


Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, а министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година. Од владината прес-служба во 14 часот најавија и прес-конференција на министерот Бектеши без дополнителни детали. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир […]

Комисиската расправа за утврдување на предлог за уставни измени почнува со непроменети ставови


Собраниската Комисија за уставни прашања во Собранието денеска ќе ја започне седницата број 1 со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. По усвојувањето на дневниот ред, се очекува предлогот во 30 минути […]

Во езерата има сразмерно повеќе микропластика отколку во океаните


Виена– Меѓународен тим истражувачи го испитуваше загадувањето со пластика во езерата на светско ниво. Резултатите говорат дека микропластиката сè уште е присутна и во оние водните површини – навидум недопрени од човекот и, во споредба со океаните, во помалите копнени води има сразмерно поголеми количества микропластика. Лимнологот Катрин Атермаер од Универзитетот на Виена, Австрија, заедно […]

Турскиот Парламент во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за НАТО


Истанбул– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Парламентот во Анкара во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО. – Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме сè што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците, […]

Сончево и многу топло со повремено засилен ветар


Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 јули 2023 година, 206-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 159 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 20 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 40 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 12 часот и […]

Издадено највисоко ниво на тревога за силно невреме во Италија, Словенија и Австрија


Рим – Регионот се подготвува за многу силно невреме, поради што највисоко ниво на предупредување за невреме е издадено за северните делови на Италија, поголемиот дел од Словенија и Австрија и западниот дел од Унгарија. Во овие региони кон крајот на денот се очекува силно невреме и грмежи со пороен дожд и град. Можни се […]

Како мириса Барби- откријте за 65 долари


Пристигна парфемот Барби. Креативно студио DefineMe се здружи со Mattel за да го лансира Barbie Eau de Parfum, цветен и овошен мирис кој сака да ја потенцира флуоресцентната личност на познатата кукла. Се продава по цена од 65 долари за шише од 100 ml, а мирисот вклучува ноти од нектар од јагода, гарденија, розова магнолија, […]