Цаца Николовска : Состојбата со уставните измени е однос на Македонија со ЕУ, а не со Бугарија


 Состојбата во која во моментов се наоѓа Северна Македонија во однос на уставните измени е однос меѓу државава и Европската Унија, а не Бугарија. Значи, странки во овој процес се Република Северна Македонија и Европската Унија. Однесувањето на опозицијата за целокупното негирање на потребата од уставните измени само со оправдување дека станува збор за бугарски […]

Министерот Николовски во посета на градинката „Орце Николов“ во Карпош


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска ќе им доделат здрава ужинка на дечињата од градинката „Орце Николов“ во општина Карпош, во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“. Потоа, […]

Сончево и многу топло со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 40 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со […]

Законите за даночна реформа пред Комисијата за европски прашања


Комисијата за европски прашања денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и  Предлог на закон за изменување […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 24 јули 2023 година, 205-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 160 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 19 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 41 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Десничарската Народна партија победи на изборите во Шпанија


Мадрид – Опозициската десничарска Народна партија предводена од Алберто Нуњез Фејхо е победник на денешните предвремени парламентрани избори во Шпанија со освоени 136 пратенички места, покажуваат резултатите по преброени 99 отсто од гласовите.  Народната партија, сепак, нема да обезбеди апсолутно мнозинство во 350-члениот Парламент, дури и ако коалицира со екстремно десната популистичка партија Вокс која доби […]

Фон дер Лајен: Грција секогаш може да смета на европската солидарност


Атина – Му се јавив на Кирјакос Мицотакис за да ја изразам нашата целосна поддршка за Грција, која е соочена со разорни шумски пожари и силен топлотен бран поради климатските промени, напиша на Твитер претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен за телефонскиот разговор со грчкиот премиер, истакнувајќи дека Грција секогаш може да смета на […]

Големиот број на возила го отежна сообраќајот на магистралата Стража – Гостивар


 Успорено движење и возење во колона по магистралниот патен правец Стража -Гостивар е забележано во изминативе два часа. Од сообраќајната полиција информираат дека станува збор за гужва која вообичаено се јавува на крајот од викендот, особено во неделите во вечерните часови на овој патен правец се обраќаат возилата кои доаѓаат од туристичките центри Охрид и […]

Ѓоковиќ пред 17 години ја освои својата прва АТП титула


Белград – Пред точно 17 години, Новак Ѓоковиќ ја освои првата АТП титула.  На 23 јули 2006 година, Србинот во финалето на земјениот турнир во холандскиот Амерсфорт, го победи Николас Маса со 7:6, 6:4. Благодарение на оваа победа, тогаш 19-годишниот Ѓоковиќ дебитираше во топ 30 следниот ден. Оваа недела 36-годишниот Ѓоковиќ е вториот рекет на светот. […]

Сите вработени во јавниот сектор отсега ќе добиваат и К-15, вели Тренчевска


Како што воспоставивме систем за минимална плата, систем за постојан раст на пензиите, така со овој општ колективен договор после 15 години повторно воспоставуваме систем за раст на платите во јавниот сектор, порача претседателката на Форум на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во интервју за Дневникот на Телевизија Сител.  Таа истакна дека Општиот колективен договор […]

Четириесетина штети пријавени од невремето во Скопје, паднати дрвја и бандери, оштетени покриви…


Невремето во Скопје предизвика оштетувања на покривни конструкции,  на повеќе места се паднати дрвја и бандери со кабли, што заедно со поплавените подвозници и делови од сообраќајниците го отежнува сообраќајот и движењето на граѓаните. -По невремето што зафати дел од градските и приградските населби на град Скопје од страна на Е – 112 до РЦУК […]

Превентивни евакуации поради пожари и на Евија, Крф и Пелопонез


Атина– Преку три различни пораки од бројот 112 за итни случаи во периодот од18 до 20.30 беа испратени пораки: до жителите на четири населени места во јужниот дел на грчкиот остров Евија; до сите оние кои се наоѓаат во пет населени места во североисточниот дел на Крф ,како и во едно село во северниот дел […]

УНЕСКО ги осуди нападите врз културните знаменитости во Одеса


Париз – Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) денеска ги осуди „жестоките удари нанесени од руските сили“ кои погодија неколку локации вброени во светското културно наследство во центарот на Одеса, вклучувајќи ја и црквата Преображение, изградена пред повеќе од 200 години, пренесува БТА. – Овие страшни уништувања се уште една ескалација на […]

Спасени три лица кои се изгубиле на планината Галичица


Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска  на планината Галичица од страна на Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид, успешно се спасени двајца мажи, странски државјани и една жена кои се изгубиле на оваа планина. – Конкретно, во 16.19 часот преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е примена пријава […]

Невреме со поинтензивни процеси во Кратово, Пробиштип, Кочани и Виница, зафатена и Скопската котлина


Во североисточните делови од земјава попладнево е нестабилно со локална појава на невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, град и силен ветер. Со поинтензивни процеси беа опфатени подрачјата на Кратово, Пробиштип, Кочани, Виница. Доцна попладне невреме ја зафати и Скопската Котлина, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Како што најавуваат, во северните, централните […]

Што се случи со Опенхајмер по атомската бомба над Јапонија?


Роберт Опенхајмер е научникот во центарот на еден од најочекуваните летни филмови – најновото издание на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“. Филмот се фокусира на животот на Опенхајмер како физичар и неговата улога во развојот на првото нуклеарно оружје во светот во тајна лабораторија во пустината на Ново Мексико, каде што тој стана познат како татко на […]

Мис Италија ги забрани трансродовите кандидатки


Мис Италија нема да дозволи трансродовите жени да учествуваат на натпреварот, соопштија организаторите, откако Холандија ја круниса својата прва победничка од машко потекло на женски натпревар за убавина. Патриција Мириљани рече дека натпреварувачите мора да бидат „жена од раѓање“ за да учествуваат на натпреварот. Таа рече дека е „малку апсурдно“ тоа што натпреварите за убавина […]

ЦУК предупреди за невреме во Скопската котлина


Нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон државава и се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, особено нејзиниот источен дел, како и Кумановскиот регион, најавуваат од Центарот за управување со кризи. Проследена е со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и можна појава на град.  Од Уравата […]

„Барбенхајмер“ жнее пари уште во првиот викенд


Лос Анџелес – Новиот филм „Барби“ во кој Марго Роби ја глуми иконската кукла владееше во кината во текот на викендот, собирајќи околу 155 милиони долари за да го постави рекордот за најпосетена домашна премиера во 2023 година, објави во неделата дистрибутерот Ворнер Брос. Филмот „Опенхајмер“ на режисерот Кристофер Нолан, за создавањето на атомската бомба, […]

САД и испорачаа на Србија 66 возила Хамви


Белград – САД на Војската на Србија и испорачаа 66 лесни оклопни возила Хамви (HMMWV-High Mobility Multipurpose Wheeled Vehicle), набавени преку директен комерцијален договор со американската компанија AM General, јави дописникот на МИА од Белград. Според порталот Белканска безбедносна мрежа, ова е прва транша за Србија од вкупно 118 нарачани возила. На Инстаграм каналот на […]