Кривогаштани добива мултифункционален центар


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети Општина Кривогаштани каде што разговараше со градоначалникот Николче Мискоски за реализацијата на инвестицискиот проект поддржан со капиталните дотации од Mинистерството за култура во износ од 4,5 милиони денари. На средбата, Костадиновска-Стојчевска ги поздрави иницијативата и максималниот ангажман на Општината, која, согледувајќи ги потребите на граѓаните, го предложи […]

Галаксија од француски ѕвезди се простија од Џејн Биркин


Париз- Ѕвездите на француското платно во понеделникот излегоа да се збогуваат со актерката и пејачка со британско потекло Џејн Биркин, која почина на почетокот на овој месец, откако со децении ја шармираше Франција со нејзиниот стил и храброст.   Ковчегот на Биркин во црквата Сен Рох во Париз го носеа нејзините ќерки Шарлот Генсбур и […]

Ќе го режира ли Кристофер Нолан Џејмс Бонд? 


Кристофер Нолан е еден од ретките холивудски режисери кои можат да снимаат оригинални студиски филмови со практично неограничени буџети и креативна слобода. Откако ја заврши својата револуционерна трилогија од филмовите за Бетмен со „The Dark Knight Rises“ во 2012 година, Нолан ја искористи таа слобода за да направи оригинални блокбастери како „Interstellar“ и „Tenet“ и […]

И гените влијаат на она што јадеме, вели ново истражување


Лос Анџелес – Факторите како што се приходи, општествен статус, географска местоположба и култура го одредуваат видот и квалитетот на исхраната во одредено подрачје, гените исто така може да играат улога, посочува ново истражување на Медицинскиот факултет при Универзитетот на Колорадо во САД. – Некои од гените што ги идентификувавме се поврзани со сетилните патишта – […]

Концерт на пијанистот Бобан Мирковски на 5 август во Долни Сарај во Охрид


Македонскиот пијанист, Бобан Мирковски ја продолжува концертната промоција на неговиот најнов музички проект со наслов „Албум“, кој содржи 12 најпознати македонски композиции изведени на пијано, овој пат во Охрид. На 5 август (сабота), на магичниот амбинет на Долни Сарај, под небо од ѕвезди, во пијано изведба публиката ќе има прилика да ги слушне најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001. […]

„Аргентинска фантазија“ – виолинистот Богосављевиќ му посвети композиција на „Охридско лето“


Истакнатиот српски виолинист и педагог Јован Богосављевиќ  вчеравечер на „Охридско лето“ ја промовира својата композиција „Аргентинска фантазија“, напишана специјално за овој фестивал. Богосављевиќ на подиумот во црквата „Света Софија“ настапи како солист заедно со виолинистката Марија Рајковиќ, под диригентската палка на маестра Милена Ињац и во придружба на оркестарот „Кончертанте“. -„Охридско лето“ е еден од […]

Музиката во „Опенхајмер“ е исто така експлозивна како и филмот


  Цела една деценија од кариерата на Лудвиг Гoрансон како композитор, неговата музика е звук на многу универзуми на поп културата. Таткото на Горансон, шведски инструктор по гитара, му подари своја гитара на 6-годишна возраст и често свиреа заедно. На 9-годишна возраст, Горансон за прв пат ја слушнал Металика, а очигледно го слушнал и остатокот […]

Џејми Фокс не откри зошто бил хоспитализиран


Џејми Фокс штотуку проговори јавно за прв пат откако заврши во болница во април оваа година. Додека медиумите известуваа за добрите желби од ќерката, пријателите и колегите на Фокс, самиот Фокс остана мистериозен докрај. Актерот сподели многу малку детали за неговата состојба и неговото закрепнување во новата објава на Инстаграм. Фокс започна со заблагодарување на […]

„Мементо“ од Димитрие Османли во Кинотека по повод земјотресот во Скопје


По повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, Кинотеката на РС Македонија премиерно ќе го прикаже дигитализираниот филм МЕМЕНТО на Димитрие Османли. На 26 јули, во 18 часот и проекција на избор од кратки филмски журнали на „Филмске новости“ по повод земјотресот во Скопје, како и проекција на МЕМЕНТО, Кинотеката ќе се приклучи […]

Славниот диџеј Дерик Меј на плажата „Дупени“ за „120 години Илинден“


За проектот “120 Години Илинден” каде главни протагонисти се легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера. Пред публиката своите сетови ќе […]

На 90 години почина Љубомир Бранѓолица, легендарен композитор и автор на филмска музика 


Легендарниот македонски композитор и автор на филмска музика Љубомир Бранѓолица почина вчера на 90 години, потврди Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).   „Љубомир Бранѓолица е на посебен начин уникатна појава во македонската музичка култура. Неговото богато музичко творештво е плод на повеќе влијанија, тенденции и животни ситуации. Тој е несомнено еден од најплодните и […]

Најтопло во Гевгелија и Дојран, најмногу врнежи во Скопје – Петровец


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје – Петровец, шест литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка и Берово, еден литар на единица површина. Во Виница, пак, се измерени четири литри на метар квадратен. Но, како што информира УХМР, овие вредности за количините врнежи се од дождомерните […]

„Банана филм“: Управниот суд го прифати барањето да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм


 Управниот суд го прифати барањето на продуцентската куќа „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм. Од „Банана филм“ соопштија дека Агенцијата ги стопирала исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“, а го стопирала и потпишувањето на пред-договорот за филмот „Биста“ („Збогум, Копакабано!“) кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс од самата Агенција. […]

Гудачкиот квартет „Шуман“ вечерва на „Охридско лето“


Музичката програма на годинешното 63. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на гудачкиот квартет „Шуман“, со Ерик  Шуман и Кен Шуман на виолина, Фaит Хертенштајн на виола и виолончелистот Марк Шуман. Тројцата браќа Марк, Ерик и Кен Шуман музицираат заедно од нивното најрано детство, а заедно со виолистот Фaит Хертенштајн го сочинуваат […]

„Еспресото“ можно делотворно оружје против Алцхајмерова болест


Верона – Пиењето кафе „Еспресо“ би можело да има значајно влијание врз спречувањето на Алцхајмерова болест, посочува ново истражување на Универзитетот на Верона, Италија. Со години науката кафето го поврзува со здравствени опасности. Сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе може да има и корисно влијание врз здравјето. Истражувачите од Универзитетот откриле дека „Еспресото“ […]

Денков во посета на Грција


Софија – Бугарскиот премиер Николај Денков денеска ќе биде во еднодневна посета на Атина, каде ќе има средба со својот грчки колега Киријакос Мицотакис. Премиерите на Бугарија и Грција ќе разменат мислења за начините за надминување на негативните последици од војната во Украина за економијата, енергетиката и безбедноста, а ќе ги разгледаат и изгледите за продлабочување […]

„Мозочната магла“ по Ковид е скоро еквивалентна на 10 години стареење


Лондон – Состојбата наречена „мозочна магла“ поврзана со продолжен Ковидот е споредлива со остарувањето за 10 години, посочува ново истражување на Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија. Испитувајќи го влијанието на Ковид-19 врз помнењето, истражувачите откриле дека мозочните оштетувања се најголеми кај луѓето кои биле позитивни и имале симптоми повеќе од три месеци. Научниот труд […]

Никсон пред 30 години ја најавил војната во Украина


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Ричард Никсон уште во 1994 година, еден месец пред да почине, го предупредил тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон преку писмо дека доколку има конфликт во Украина, војната во Босна и Херцеговина ќе изгледа како „забава во градина“. Содржината на писмото по декласификацијата ја објави претседателската библиотека на Клинтон, а професорот […]

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час


Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. АМСМ информира дека на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Украински пилоти ќе се обучуваат за американските ловци Ф-16


Киев– Украински пилоти во август ќе започнат со обука за управување американски борбени авиони Ф-16, а таа ќе трае најмалку шест месеци, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за Си-Ен-Ен. Покрај тоа, Украина мора да ја создаде потребната инфраструктура за овие ловци, посочи украинскиот министер. Според Резников, постои можност украинските пилоти да […]