Забраната за движење во Грција продолжена до 27 април


Привременото ограничување на движењето на граѓаните во Грција што стапи во сила на 23 март, денеска е продолжено до 27 април 2020 година. Ова денеска го соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас истакнувајќи дека граѓаните уште три седмици ќе бидат посветени на целта „остануваме дома“, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите …

Забраната за движење во Грција продолжена до 27 април Read More »

Тинекс ќе врши нарачка и бесплатна достава на производи во Куманово за време на викендите


Со цел да ги задоволат основните потреби на граѓаните на Куманово, кои поради новите мерки од Владата имаат дополнително ограничување на движењето за време на викендите, ланецот на супермаркети Tinex воведе опција со која ќе може да се прават нарачки од маркетот Tinex Куманово.Минималниот износ за нарачка е 1000 денари и за истата ќе биде …

Тинекс ќе врши нарачка и бесплатна достава на производи во Куманово за време на викендите Read More »

Пентагон купува 100.000 ќеси за телата на починатите


Пентагон купува 100.000 пластични кеси за да ги смести телата на Американците кои ја загубија битката со коронавирусот. Овие кеси, познати како мртвачки, војската ги користи за посмртните останки од војници настрадани во борба, јави Њујорк дејли њуз. Тие ќе пристигнат преку Федералната агенција за управување со кризни ситуации, која веќе му обезбеди на Њујорк …

Пентагон купува 100.000 ќеси за телата на починатите Read More »

Шешељ повика на апсење новинари


Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ за време на вчерашното гостување на ТВ Пинк повика на апсење новинари, притоа посочувајќи одредени имиња, пишува белградскиот дневен весник „Данас“. – Мислам дека државата треба да покаже голема сила и едноставно да ги уапси. Вонредната состојба е состојба во која се суспендираат уставните одредби, а тоа значи …

Шешељ повика на апсење новинари Read More »

Заштитни визири за Здравствениот дом во Крушево


Околу 300 заштитни визири доби Здравствениот дом во Крушево, донација преку Општината, а ги изработуваат неколку волонтери и ентузијасти од градот. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, визирите се наменети за медицинскиот персонал во Здравствениот дом, а и за други служби. -Визирите се за потребите на најизложените служби како Здравствениот дом, Итната медицинска помош, за лабораторијата, …

Заштитни визири за Здравствениот дом во Крушево Read More »

Годините ништо не му можат, на 90. години повторно татко


Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон, ќе стане татко на 90-годишна возраст, и ќе биде негово четврто дете. Милијардерот во јули очекува дете со сопругата Фабијан Флоси, кој има 45 години. Еклстон поради пандемијата од корона вирусот се наоѓа на неговата фарма во близина на Сао Паоло, Бразил. Тој има три ќерки и пет …

Годините ништо не му можат, на 90. години повторно татко Read More »

Џеф Безос подари 100 милиони долари за храна


Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи граѓани во САД. Безос објави дека донацијата е на сметка на непрофитната организација „Feeding America”, со цел да се помогне на здруженијата кои се грижат за гладните. – Состојбата со храната е проблем …

Џеф Безос подари 100 милиони долари за храна Read More »

Бајден го повика Трамп да ги ублажи санкциите и да помогне на Иран во екот на пандемијата


Џо Бајден ја повика администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги ублажи санкциите за Иран во пресрет на пандемијата КОВИД-19. Поранешниот потпретседател на САД Бајден изјави дека има потреба да се помогне Иран и другите земји кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот. „Во време на глобална криза, Соединетите држави треба да им …

Бајден го повика Трамп да ги ублажи санкциите и да помогне на Иран во екот на пандемијата Read More »

Претседателот на иранскиот парламент позитивен на вирусот


Претседателот на иранскиот парламент Али Ларијани е позитивен на корона вирусот, соопшти иранскиот парламент. Според АП, Ларијани е највисок функционер во иранската влада кој е позитивен за вирусот. Во соопштението објавено на веб-страницата на иранскиот парламент се вели дека Ларијани прима терапија. На Блискиот исток, потврдени се повеќе од 82.000 случаи и 3.600 жртви, повеќето …

Претседателот на иранскиот парламент позитивен на вирусот Read More »

Бројот на заболени во светот надмина милион


Бројот на заболени со новиот коронавирус во светот надмина еден милион. Најголем број заболени има во САД, Италија и Шпанија. Во земјава вчера се регистрирани нови 30 случаи со што бројката на заболени е 384 лица. Надлежните го очекуваат пикот кон крајот на април, а покрај веќе преземените мерки, од следната недела во целосна функција …

Бројот на заболени во светот надмина милион Read More »

Променливо облачно со локален дожд и температура од 7 до 13 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 7 до 13 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура …

Променливо облачно со локален дожд и температура од 7 до 13 степени Read More »

Застој во мелничката индустрија поради фиксираните цени, трговците продаваат српско брашно


Намерно или ненамерно уништување на мелничката индустрија, една од малкуте што работи во моментов, што дава плати и плаќа придонеси и даноци. Вака млинарите ја оценуваат владината Одлука со која се забрани покачување на цената на основните производи, односно се наложи тие да останат до нивото на кое биле заклучно со 11 март годинава. Според …

Застој во мелничката индустрија поради фиксираните цени, трговците продаваат српско брашно Read More »

Сала: Ако се распадне Милано, ќе се урне цел здравствен систем на Ломбардија


Сега преминуваме од здравствена на економско-социјална криза. Граѓаните ја чувствуваат и навистина се загрижени, изјави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, предупредувајќи дека целиот здравствен систем на Ломбардија ќе се распадне, доколку се распадне Милано. Тој истакна дека во Милано и околината моментно има околу 10.000 заразени лица со коронавирус, а само во градот се околу …

Сала: Ако се распадне Милано, ќе се урне цел здравствен систем на Ломбардија Read More »

Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ денес по седницата на кризните штабови ги заостри мерките во борбата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ на прес конференција најави дека од сабота во 13 часот до понеделник во 05 ќе биде забрането движењето на територија на цела Србија, освен …

Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија Read More »

Српската Влада ја повлекува одлуката за информирање во текот на вонредната состојба


Српската Влада, на барање од шефот на државата Александар Вучиќ, денеска ќе ја повлече одлуката за информирање во текот на вонредната состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Таа истакна дека власта направила се што е потребно за граѓаните на Србија да бидат точно и навремено информирани и ниту една …

Српската Влада ја повлекува одлуката за информирање во текот на вонредната состојба Read More »

Мачките и кучињата во овој кинески град веќе никој не смее да ги јаде


Кинескиот град Шенжен го забрани јадењето кучиња и мачки, како дел од справувањето со трговијата со диви животни уште од доаѓањето на новиот коронавирус. Научниците се сомневаат дека коронавирусот бил пренесен на луѓето од животни. Некои од најраните инфекции биле пронајдени кај луѓе изложени на пазарот за животински свет во центарот на Вухан, каде биле …

Мачките и кучињата во овој кинески град веќе никој не смее да ги јаде Read More »

Литургиите во грчките цркви за Велигден ќе се одвиваат зад затворени врати


Свечените литургии за време на неделата пред Велигден, во црквите ќе се одржат скромно, без мегафони и без биење на камбаните, зад затворени врати, одлучи Светиот синод на Грчката православна црква по вчерашниот повеќечасовен состанокот одржан телеконференциски и ги повика сите да се придржуваат кон „упатствата на здравствените власти и научниците и да не бидат …

Литургиите во грчките цркви за Велигден ќе се одвиваат зад затворени врати Read More »

Корона вирусот стигна и во Амазонија


Жена од домородските племиња кои живеат длабоко во прашумите на Амазон е заразена од новиот вирус. Тоа е прв случај регистриран во повеќе од 300 племиња во Бразил, изјави  министерот за здравство Сесаи во средата. „Жена на возраст од 20 години од племето Кокама е позитивно тестирана за вирусот во близина на границата со Колумбија“, …

Корона вирусот стигна и во Амазонија Read More »

Заострени мерките во Вашингтон, Мериленд и Вирџинија


Американските сојузни ддржави Вашингтон, Мериленд и Вирџинија воведоа поригорозни мерки со цел да ја сузбијата пандемијата од новиот коронавирус на територијата на САД. Мерката предвидува граѓаните да не ги напуштаат домовите, но во исто време не им е забрането да одат во продавници по основните прехранбени и медицински артикли, како и да се рекреираат. Со …

Заострени мерките во Вашингтон, Мериленд и Вирџинија Read More »

„Алкалоид“: На пазарот има производи што претставуваат фалсификати на нашите средства за дезинфекција


„Алкалоид“ АД Скопје соопшти дека на пазарот има производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција што ги произведуваат – Ecosal® и Dezintal®, а кои се воедно и нивни заштитени трговски марки. Од компанијата апелираат купувачите да внимаваат при купувањето, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде …

„Алкалоид“: На пазарот има производи што претставуваат фалсификати на нашите средства за дезинфекција Read More »