Тинекс ќе врши нарачка и бесплатна достава на производи во Куманово за време на викендите


Со цел да ги задоволат основните потреби на граѓаните на Куманово, кои поради новите мерки од Владата имаат дополнително ограничување на движењето за време на викендите, ланецот на супермаркети Tinex воведе опција со која ќе може да се прават нарачки од маркетот Tinex Куманово.Минималниот износ за нарачка е 1000 денари и за истата ќе биде обезбедена БЕСПЛАТНА ДОСТАВА.

Нарачките и доставата ќе може да се направат според следново работно време:
Сабота (04.04): 18:00-22:00 часот
Недела (05.04): 08:00-22:00 часот

Наплатата на нарачките ќе се врши во кеш при преземање на нарачката,со што ќе биде приложена и фискална сметка за пазарењето.Испораката на нарачките ќе се врши во поширокото градско подрачје на Куманово.