„Вози право, вози здраво“ ќе се заокружи со донација за детскиот велодром во паркот Сарај


Во рамките на настанот „Вози право, вози здраво“ што се одржа во неделата, над 8. 000 луѓе од сите возрасни групи ги преплавија улиците во центарот на Скопје, со велосипеди, ролерки, тротинети, а имаше и родители што ги донесоа своите деца во колички и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики. Во годината кога Банката …

„Вози право, вози здраво“ ќе се заокружи со донација за детскиот велодром во паркот Сарај Read More »

Полицијата упадна на тренингот на Новак


Интересна ситуација е видена на тренингот на Новак Ѓоковиќ пред мечот со Франциск Серундола. Имено, додека Новак тренираше со репрезентативците и се подготвуваше за дуелот со Аргентинецот, обезбедувањето на турнирот неочекувано имаше полни раце работа. Еден од гледачите веројатно заборавил да си ја донесе чантата, па следела стандардната антитерористичка процедура. Полицијата и обезбедувањето морале да …

Полицијата упадна на тренингот на Новак Read More »

Глутница кучиња скитници закла овци во БиХ, сопственикот очаен, општината вели дека не е надлежна


Синоќа во Кадариќи, општина Илијаш глутница кучиња скитници нападнала големо стадо овци на локалниот жител Мујага Ханџиќ. Инцидентот резултирал со угинување на две овци, а 16 од нив биле повредени. Дополнително, се уште не е утврден точниот број на овци кои исчезнале за време на нападот. Професорката Селма Филиповиќ од Ветеринарниот факултет на Универзитетот во …

Глутница кучиња скитници закла овци во БиХ, сопственикот очаен, општината вели дека не е надлежна Read More »

За еден месец расчистени 1.800 метри кубни од диви депонии низ Скопје


Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 1.800 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на територијата на градот Скопје. Интервенирано е на улиците Христо Батанџиев, Воин Драшковиќ и Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров, на улиците Васил Чакаларов и Теодосие Гологанов, како и во населбата Жданец во општината …

За еден месец расчистени 1.800 метри кубни од диви депонии низ Скопје Read More »

Герасимовски на средба со градоначалниците од Западен Балкан во Германија


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на покана од германското МНР и во соработка со Гете-Институтот, заедно со колегите од Западен Балкан учествува на серија состаноци и дискусии на тема „Општинска Европа-Можност и одговорност“, во рамки на работната посета на Берлин, Есен и Келн. На денешната панел дискусија градоначалниците заедно со претставниците од Аспен институтот …

Герасимовски на средба со градоначалниците од Западен Балкан во Германија Read More »

Мајкрософт инвестира речиси три милијарди евра во Шведска


Американскиот технолошки гигант Мајкрософт објави дека ќе инвестира 33,7 милијарди шведски круни (2,9 милијарди евра) во проширување на бизнисот со облак и инфраструктурата за вештачка интелигенција во Шведска. Популарноста на генеративната вештачка интелигенција (AI) ја поттикна побарувачката за облак услуги, па технолошките гиганти како Microsoft и Amazon Web Services (AWS) најавуваат милијарди долари инвестиции во …

Мајкрософт инвестира речиси три милијарди евра во Шведска Read More »

Светлана Колариќ нов претседател на Советот на Општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода доби нов претседател на Советот. Светлана Колариќ која доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМЕ денес, со мнозинство гласови беше избрана да ја извршува оваа функција, на која доаѓа откако досегашниот претседател Иван Живковски на неодамна одржаните избори, доби пратеничко место во Собранието, соопшти општинската прес-служба.   Новиот претседател на Советот, Светлана Колариќ се …

Светлана Колариќ нов претседател на Советот на Општина Кисела Вода Read More »

На веб страницата на ДКСК од денеска достапни податоците за имотната состојба на актуелни избрани и именувани лица


Од денеска податоците од изјавите за имотна состојба и интереси, поднесени преку новиот електронски систем, што е ставен во функција на 01.01.2024 година, освен податоците заштитени со закон, се јавно достапни на веб страницата на ДКСК.  ДКСК во денешното соопштение укажува дека лицата кои согласно член 82 и член 85 од Законот за спречување на …

На веб страницата на ДКСК од денеска достапни податоците за имотната состојба на актуелни избрани и именувани лица Read More »

Ел Нињо оваа година ќе се претвори во Ла Ниња, еве што значи тоа


Временската шема на Ел Нињо, што може да предизвика екстремни услови, како што се шумски пожари и тропски циклони, ќе се претвори во генерално поладни услови во Ла Ниња подоцна оваа година, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Ел Нињо е природен временски феномен поврзан со нарушување на шемите на ветерот што значи потопли температури на …

Ел Нињо оваа година ќе се претвори во Ла Ниња, еве што значи тоа Read More »

Павловска-Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство


Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на денешната седница на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен. Ова …

Павловска-Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство Read More »

Со МО до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерот Јајага


 Министерството за одбрана денеска информира дека со верификација на пратеничкиот мандат на 28 јуни, на  министерката за одбрана Славјанка Петровска и заврши функцијата. До изборот на нов министер, наведуваат во соопштението, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага. 

ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура


Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави за МИА директорката на ДИЦ,  Билјана Михајловска. Одлуката би била позната во текот …

ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура Read More »

Поради уличен дефект без вода дел од Скопје Север и Кисела Вода


Поради уличен дефект ф 80мм, без вода од 09:30 часот се корисниците на улица „Босна Херцеговина“ во Скопје Север и на улица „Антон Попов“ во Кисела Вода соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санакција на дефектите.

Во село со 46 жители во Италија се одржуваат локални избори со 30 кандидати на листата


Селото Ингрија кај Торино чека локални избори за да се избере нова власт, но се случи неверојатна ситуација кога речиси две третини од селото на некој начин се кандидираа за функцијата. Ингрија има 46 жители, а уште 26 ќе гласаат од дијаспората. Се очекуваше лесна победа за градоначалникот Игор Де Сантис, како и во претходните …

Во село со 46 жители во Италија се одржуваат локални избори со 30 кандидати на листата Read More »

Катастрофална храна во хрватските продавници: „Европски контејнер за третокласна стока“


Во петокот и саботата, тајни купувачи посетија 22 продавници и месарници во Загреб и неговата околина, каде што купуваа разни стоки, како што се овошје и зеленчук, како и месни производи. Во неделата објавија дека резултатите од квалитетот се „катастрофални“ и дека Хрватска станува „европски контејнер за стоки од трета класа“. Активистите на Граѓанската иницијатива …

Катастрофална храна во хрватските продавници: „Европски контејнер за третокласна стока“ Read More »

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје


Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа  во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, …

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје Read More »

Капацитетите на енергијата од ветар и сонце во ЕУ се зголемија за две третини од 2019 година


Според анализата на енергетскиот тинк-тенк Ember, капацитетот на ветерната и сончевата енергија во Европската унија порасна за 65 отсто од 2019 до 2023 година, а најголем придонес има Германија. Во извештајот објавен во понеделникот се вели дека Германија учествувала со 22 отсто од зголемувањето, а по неа е Шпанија со 13 отсто. Повеќе од половина …

Капацитетите на енергијата од ветар и сонце во ЕУ се зголемија за две третини од 2019 година Read More »

Си пукале од викендица во Смојмирово


Во петокот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.П.(31) од с.Смојмирово, беровско, М.Д.(25) и А.З.(25), и двајцата од Берово, по претходна пријава дека од викенд куќа на место викано „Тоскова ливада“, пукале со огнено оружје. Извршен бил увид на местото на настанот при што биле пронајдени и одземени сигнален пиштол „екол специјал 99“ калибар 9мм …

Си пукале од викендица во Смојмирово Read More »

Од 1 јуни Германија го олесни влезот за работници и од Македонија


Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми. Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на …

Од 1 јуни Германија го олесни влезот за работници и од Македонија Read More »

Италија не и’ дозволува на Украина да го користи нивното оружје на руска територија


Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Украина нема дозвола од Италија да користи оружје доставено од таа земја за цели на територијата на Руската Федерација, туку може да го користи само „за да го одбие рускиот напредок и да ја гарантира слободата на земјата“. Тајани рече дека Италија отфрла војна и дека …

Италија не и’ дозволува на Украина да го користи нивното оружје на руска територија Read More »