„Мерсер“: Најскапи градови за живот во 2024 година


 Хонгконг ја задржа титулата најскапо место за живот и престој – на светско ниво, во истражувањето на „Мерсер“ за 2024 година. Топ-листата беше објавена во понеделникот, па кинескиот град, исто како и во 2022. и 2023 година, и овојпат го зазеде местото број 1., додека пак, Сингапур е на второто место. Најголем дел од првите …

„Мерсер“: Најскапи градови за живот во 2024 година Read More »

Загадувањето на воздухот е поврзано со речиси 2.000 смртни случаи на деца дневно


Речиси 2.000 деца умираат секој ден поради здравствени проблеми поврзани со загадувањето на воздухот – втор најголем ризик фактор за рана смрт во светот, се вели во извештај објавен денеска од Институтот за здравствени ефекти со седиште во САД. Изложеноста на загадениот воздух придонела за смрт на 8,1 милиони луѓе – околу 12 отсто од …

Загадувањето на воздухот е поврзано со речиси 2.000 смртни случаи на деца дневно Read More »

Во автобусите на ЈСП ќе се поставуваат камери?


Група советници во градот Скопје поднесоа Иницијатива за воспоставување 24-часовен мониторинг видео-надзор во возилата под надлежност на ЈСП Скопје, а Советот на денешната седница ја прифати иницијативата. Со неа се задолжува градоначалничката да се произнесе по оваа иницијатива до соодветните ресори и надлежните во јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на следна седница да биде ставена …

Во автобусите на ЈСП ќе се поставуваат камери? Read More »

Деспотовски: Луѓето треба да ги слушаме, да нема диктат кој да биде претседател


Со средби во општинските организации во Ѓорче Петров и Аеродром продолжуваат активностите на терен на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.   „Дискусијата со нашите членови во Ѓорче и Аеродром се моќен потсетник за потребата од транспарентност и отчетност во нашата партија. Се заборави на потребите на луѓето. Функционерите зборуваат, а …

Деспотовски: Луѓето треба да ги слушаме, да нема диктат кој да биде претседател Read More »

Црна Гора: Со новиот предлог закон за локална самоуправа Улцињ без градски статус


Сите општини на крајбрежјето во Црна Гора ќе добијат статус на град, со исклучок на Улцињ, а тоа го предвидува предлогот на новиот Закон за локална самоуправа, јавија црногорските медиуми. Тоа значи дека Бар, Херцег Нови, Котор, Будва и Тиват ќе добијат статус на град на југ. Од друга страна, на север, само Пљевља и …

Црна Гора: Со новиот предлог закон за локална самоуправа Улцињ без градски статус Read More »

Герасимовски: За убави маалски дружби, нов сквер пред платото на Општина Центар, донација од Стопанска банка


„За убави маалски дружби“, Општина Центар доби нов сквер како донација од Стопанска банка –  АД Скопје. Скверот е пред платото на Општина Центар на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ и вклучува футуристичка инсталација т.н. „урбан атрактор“. Оваа урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг …

Герасимовски: За убави маалски дружби, нов сквер пред платото на Општина Центар, донација од Стопанска банка Read More »

Македонија со највисоки загуби на вода во регионот, Бислимоски ветува подобра инфраструктура


Загубите на вода низ Македонија се доста високи со децении, некаде над 60 отсто, но никакво подобрување на системите и цевководите, не ја сменило сликата.  – Во Македонија загубите на вода се некаде на ниво на цела држава 62-63 проценти. Тоа пред сѐ се должи на голем број импровизации во овој сектор и на неинвестирање …

Македонија со највисоки загуби на вода во регионот, Бислимоски ветува подобра инфраструктура Read More »

Лекари ќе патролираат низ Скопје, Црвен крст со активности поради најавените горештини


Поради најавените горештини, Црвениот крст на град Скопје информира дека подготвил акционен план што опфаќа теренски активности во насока на справување со топлинските бранови. – Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани …

Лекари ќе патролираат низ Скопје, Црвен крст со активности поради најавените горештини Read More »

Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети. Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони денари. Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат засадени …

Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети Read More »

Американска пливачка постави светски рекорд


Американската пливачка Реган Смит постави нов светски рекорд за време на квалификацискиот натпревар за Олимписките игри. Турнирот се одржува во Индијанаполис. Таа 100 метри грбно ги исплива за 57,13 секунди. Претходниот рекорд го држеше Австралијката Кејли МекКеун, која патеката 100 метри ја исплива за 57,33 секунди во 2023 година. Дваесет и двегодишната Смит е трикратна …

Американска пливачка постави светски рекорд Read More »

Камбовски и Лимани дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет, но не одговорија дали тој треба да се распушти


Никој да не се меша во судската власт, порачаа денеска новите членови на Судскиот совет Исамедин Лимани и Александар Камбовски, кои дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Лимани и Камбовски не одговорија што мислат за предлогот за распуштање на Судскиот совет. – Отсекогаш сум верувал во независност, во транспаретност, отчетност, одговорност, борба …

Камбовски и Лимани дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет, но не одговорија дали тој треба да се распушти Read More »

Изјава за медиуми на претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и Андреа Гуерини, претседател на WAREG (во живо)


Изјава за медиуми на претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и Андреа Гуерини, претседател на WAREG пред отворањето на 32. Генерално собрание на регулаторите за вода од ЕУ – WAREG.

Петровска: Со интегритет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата


Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба. Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ. „Мојата програма “Манифест на социјалдемократијата” во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на …

Петровска: Со интегритет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата Read More »

Кавадарчанка пријавила дека ќерката ѝ се одјавила од интернат и не одговара на телефонски повици


Четириесет и петгодишна жена од Кавадарци пријавила во полиција дека на 6 јуни, нејзината 17-годишна ќерка се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај К.Ѓ.,19-годишно лице од Битола, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Според пријавеното, таа неколкупати стапила во контакт со неа, но, потоа престанала да одговара на телефонските повици и …

Кавадарчанка пријавила дека ќерката ѝ се одјавила од интернат и не одговара на телефонски повици Read More »

Прва жртва од високите температури во Албанија


Во Албанија регистрирана е првата жртва од високите температури, кои во одделни места достигнува до 40 степени. Според медиумите станува збор за 80-годишен старец кој вчера попладне бил пронајден без знаци на живот кај магистралниот пат Росковец-Берат. Во меѓувреме во земјата расте бројот на пожари. Моментно пожар од поголеми размери има над селото Машкулоре, кај …

Прва жртва од високите температури во Албанија Read More »

Мечка усмртена од возило на патот Гостивар – Охрид


Мечка е усмртена откако во неа изутрина удрило возило на патниот правец Гостивар Охрид, а нема повредени лица.  Според пријавата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, сообраќајната несреќа се случила  во 05.37 часот кај вториот каменолом на патот Гостивар Охрид.  – На местото на несреќата, присутни се полициски службеници од полициска станица Гостивар …

Мечка усмртена од возило на патот Гостивар – Охрид Read More »

Исплатете го долгот кон „Комунална хигиена“ без камати


ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги известува своите корисници-физички лица од домаќинствата (тужени и редовни)  коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад преку заедничката сметка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дека од денеска – 19 јуни 2024 година, заклучно со 31 јули 2024 година, имаат можност истиот да го платат …

Исплатете го долгот кон „Комунална хигиена“ без камати Read More »

Астрономите за прв пат сведочеа будење на црна дупка


 Научниците првпат беа сведоци на будење на супермасивна црна дупка. Во галаксија во соѕвездието Девица, оддалечена околу 360 милиони светлосни години од Земјата, научниците забележале дека црна дупка сјае посветло од кога било досега, пишува Ројтерс. „Можевме да го набљудуваме будењето на масивна црна дупка која одеднаш почна да се „храни“ со гасот достапен во …

Астрономите за прв пат сведочеа будење на црна дупка Read More »

Пет лица во Скопје осомничени за насилство во дворот на Клинички центар


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле …

Пет лица во Скопје осомничени за насилство во дворот на Клинички центар Read More »

Плажата „Месечев залив“ во Словенија – една од најубавите во светот


Малата карпеста плажа „Месечев залив“ на словенечкото крајбрежје е прогласена за една од најдобрите во светот од страна на „Биг 7 травел“ – глобална интернет-страница за совети за патувања, објави весникот „Словенија тајмс“. „Плажата не може да се пофали со тропскиот ветар на Карибите, но е неверојатно убава. Благодарение на нејзината изолираност и заштитениот статус, …

Плажата „Месечев залив“ во Словенија – една од најубавите во светот Read More »