Гувернерот на Минесота: Трамп се согласи да размисли за намалување на бројот на федерални агенти


Гувернерот на Минесота, Тим Волц, денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп се согласил да размисли за намалување на бројот на федерални агенти во државата и дека ветил оти ќе разговара со неговиот Оддел за внатрешна безбедност за да се осигури дека државните службеници можат да го истражат пукањето што се случи во саботата, објавија американските …

Гувернерот на Минесота: Трамп се согласи да размисли за намалување на бројот на федерални агенти Read More »

Италијанецот Синер со нов рекорд


Италијанскиот тенисер Јаник Синер постави уште еден рекорд на Австралија опен. Тој со максимални 3:0 во сетови го совлада Лучано Дардери и во четвртфиналето ќе игра против Американецот Бен Шелтон. Синер има серија од 18 победи против некој сонародник, односно нема пораз во меч со италијански тенисер. Тој на истиот меч постави уште еден рекорд …

Италијанецот Синер со нов рекорд Read More »

Над 43.000 громови регистрирани во текот на денешниот ден во Грција


Во текот на денешниот ден заклучно со 17:30 часот по локално време, во Грција биле регистрирани вкупно 43.295 електрични празнења, од кои 5.644 над копното и 37.651 над морето, според податоците од инструментот Lightning Imager на метеоролошкиот сателит Meteosat-12, објави порталот Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео објаснија …

Над 43.000 громови регистрирани во текот на денешниот ден во Грција Read More »

Емиратите објавија дека нема да дозволат нивната територија да се користи за напади врз Иран


Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека нема да дозволи нивната територија да се користи за напад врз Иран и нема да обезбеди никаква логистичка поддршка во овој поглед. „Министерството го повтори верувањето на ОАЕ дека дијалогот, деескалацијата, почитувањето на меѓународното право и почитувањето на државниот суверенитет се најефикасните основи за решавање …

Емиратите објавија дека нема да дозволат нивната територија да се користи за напади врз Иран Read More »

Виена по 70 години ќе добие нова арена вредна 400 милиони евра


Во Виена се во тек подготвителни административни активности за изградба на мултифункционалната арена Виена Холдинг Арена со капацитет за 20 илјади луѓе. Ќе биде наменета за спортски настани, концерти, саеми и други големи настани. Ќе биде сместена во третиот округ на Виена, Ној Маркс, на југоистокот од градот, а нејзината изградба треба да започне оваа …

Виена по 70 години ќе добие нова арена вредна 400 милиони евра Read More »

Тројца сведоци раскажуваа за стампедото при пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари


На денешното рочиште во затворот „Идризово“ за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пред судот сведочеа повредени и оштетени лица. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната …

Тројца сведоци раскажуваа за стампедото при пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари Read More »

Најмалку 18 мртви во снежната бура што ја парализира Америка (видео)


Бура ја парализира Америка: Бројот на жртви од снежна бура се зголемува ВИДЕО Најмалку 18 лица загинаа во неколку држави додека бран ледени бури ги зафати САД, објавија денес американските медиуми. Во градот Фриско, Тексас, во близина на Далас, 16-годишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, додавајќи дека девојчето било влечено на нејзината …

Најмалку 18 мртви во снежната бура што ја парализира Америка (видео) Read More »

Градот Скопје почна присилна наплата на данок на имот за 2021 година – должат 2,5 милиони евра


Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок. Заклучно со 23 …

Градот Скопје почна присилна наплата на данок на имот за 2021 година – должат 2,5 милиони евра Read More »

МВР објави колкави се казните од „Безбеден град“


   Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. ️ Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак) до 10 km/h над …

МВР објави колкави се казните од „Безбеден град“ Read More »

Синдикати на автобуски и такси превозници: Разумно решение за повисока минимална плата, без штета на услугите за граѓаните


Сите засегнати страни разумно да пристапат за решение за зголемување на минималната плата, кое за износот од 200 евра што се бара може да се реализира единствено со субвенционирање од државата. Во спротивно ќе резултира со минимално или работење со загуби, велат од Синдикатот на приватни автобуси превозници на град Скопје. – Изразуваме голема загриженост …

Синдикати на автобуски и такси превозници: Разумно решение за повисока минимална плата, без штета на услугите за граѓаните Read More »

Двајца малолетници запалиле автобус паркиран во дворот на училиште во Радовиш


 Двајца малолетници синоќа во Радовиш со запалка запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, соопштија денеска од СВР Струмица. -На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната …

Двајца малолетници запалиле автобус паркиран во дворот на училиште во Радовиш Read More »

Хрватскиот министер за финансии Приморац заминува од Владата, ќе стане потпретседател на ЕИБ


Потпретседателот на хрватската Влада и министер за финансии Марко Приморац заминува од Владата на премиерот Андреј Пленковиќ и ќе ја преземе функцијата потпретседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ), објави хрватскиот портал „Индекс“, повикувајќи се на неофицијални информации. Според истите извори, Приморац ќе остане на функцијата министер за финансии уште краток период, а се очекува ова …

Хрватскиот министер за финансии Приморац заминува од Владата, ќе стане потпретседател на ЕИБ Read More »

Си ја зел нејзината картичка и си потрошил 31.300 денари неовластено


СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 20.10.2025, пријавениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка, по што извршил четири успешни трансакции на два банкомати во …

Си ја зел нејзината картичка и си потрошил 31.300 денари неовластено Read More »

Драма во тетовско: Татко ѝ, брат ѝ и чичко ѝ се здружиле со бившиот сопруг и им се заканувале на неа и на сегашниот сопруг


Вчера (25.01.2026) во 22:10 часот во СВР Тетово, 36-годишна жена од тетовско пријавила дека нејзиниот татко Р.В.(65), нејзиниот брат С.В.(34), нејзиниот чичко Ф.Б.(68) и поранешниот сопруг З.Е.(46) упатувале закани кон неа и нејзиниот сегашен сопруг А.Д.. -Според пријавеното, истиот ден во селото во кое живее било забележано возило „бмв“ со гостиварски ознаки, сопственост на роднини …

Драма во тетовско: Татко ѝ, брат ѝ и чичко ѝ се здружиле со бившиот сопруг и им се заканувале на неа и на сегашниот сопруг Read More »

Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше за трагичната вечер, работел како келнер без договор


Кристијан Панов, невработен млад човек кој повремено работел како келнер во дискотеката „Пулс“ денеска сведочеше за функционирањето на дискотеката и за вечерта на несреќата кога во пожарот загинал и неговиот брат, Андреј Панов. Тој појасни дека не бил формално вработен, туку бил ангажиран директно од сопственикот Дејан Јованов – Деко, а парите секогаш ги добивал …

Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше за трагичната вечер, работел како келнер без договор Read More »

На ГП „Џепиште“ кај Дебар минатата година минале 47 023 патници


На граничниот премин „Џепиште“, што е втор премин на македонско – албанската граница, кај Дебар, минатата година забележан е благ пад на фреквенцијата на патници. -Во текот на 2025 година се регистрирани 47.023 патници, од нив на влез во нашата земја се 23 765, додека на излез 23 258 патници. Претходната, 2024 година, на влез …

На ГП „Џепиште“ кај Дебар минатата година минале 47 023 патници Read More »

Клиничкиот центар добива две катни гаражи – 500 нови паркинг места


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека официјално започнува процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето во овој дел од градот. „Денес, заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови …

Клиничкиот центар добива две катни гаражи – 500 нови паркинг места Read More »

Во Србија камионџиите блокираат 15 гранични премини


Како дел од протестите на возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, напладне ќе бидат блокирани 15 гранични премини во Србија – Батровци, Шид, Нештин, Бачка Паланка, Богоево, Бездан, Бачки Брег, Келебија, Хоргош, Српска Црња, Ватин, Ѓердап, Градина и Прешево. Камионџиите ги блокираат граничните премини за товар кон земјите од Шенген …

Во Србија камионџиите блокираат 15 гранични премини Read More »

Сите автомобили ќе мора да го имаат ова светло: Нема да можете да го регистрирате без него!


Од средината на оваа година, сите нови автомобили во Европската Унија, вклучително и Хрватска, Бугарија и Грција во регионов, ќе мора да имаат инсталирано ново задолжително стоп-светло, кое јасно укажува на опасност во одредени ситуации, а целта е што е можно порано да се предупредат другите учесници во сообраќајот и да се избегнат судири со …

Сите автомобили ќе мора да го имаат ова светло: Нема да можете да го регистрирате без него! Read More »

Американскиот носач на авиони „Линколн“ пристигна во близина на Иран


Американскиот носач на авиони „Линколн“ пристигна во близина на Иран, во рамките на подготовките за можна воена интервенција против Исламската Република, јави израелската телевизија Канал 13. Војската на САД, за одбрана на Израел и околните земји во кои се наоѓаат американски воени бази, во регионот испрати и брод кој носи посебни системи со проектили. Медиумите …

Американскиот носач на авиони „Линколн“ пристигна во близина на Иран Read More »