Британски министер за ветерани: Нашата војска ќе биде уништена за само шест месеци војување


Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер Карнс, денеска изјави дека во случај на голема војна британската војска ќе биде уништена за шест месеци, најдоцна до една година.  Карнс изјави дека сегашната големина на британската армија значи дека нејзините сили би биле онеспособени во рок од 12 месеци доколку дојде до конфликт од …

Британски министер за ветерани: Нашата војска ќе биде уништена за само шест месеци војување Read More »

Јужнокорејската влада понуди колективна оставка


Владата на Јужна Кореја понуди колективна оставка поради политичката криза предизвикана од одлуката на претседателот Јун Сук Јеол да воведе вонредна состојба, соопштија денеска официјални лица. На состанокот свикан од премиерот Хан Дук-су, речиси сите министри, вклучително и министерот за финансии Чои Санг-мок и министерот за образование Ли Ју-хо, понудија колективна оставка поради политичката криза …

Јужнокорејската влада понуди колективна оставка Read More »

Новогодишните куќички стигнаа на плоштадот, украсувањето никако


Денеска на плоѓтадот „Македонија“ стигнаа продажните куќички на кои за Нова година ќе се продаваат разни дрангулии, но информација за украсувањето и некаква новогодишна програма од Градот нема.  Покрај куќичките, на плоштадот во центарот на Скопје се забележуваа и работници кои над неславната подна фонтана редеа дрвена платформа, која можеби ќе послужи како подиум за …

Новогодишните куќички стигнаа на плоштадот, украсувањето никако Read More »

Јаневска го прогласи МОН за ненадлежно за случајот со проблематичниот третоодделенец во „Лазо Ангеловски“


Откако и родителите на учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром се заканија дека нема да ги донесат децата на настава од утре, затоа што во училиштето се врати третоодделенецот кој беше проблематичен, Весна Јаневска, министерката за образование и наука се прогласи за ненадлежна за решавање на проблемот. Вели дека има систем, но поголеми ингеренции …

Јаневска го прогласи МОН за ненадлежно за случајот со проблематичниот третоодделенец во „Лазо Ангеловски“ Read More »

Откриено дека никогаш немало вода на Венера


Земјата е свет на океани, со вода што покрива околу 71 отсто од нејзината површина. Венера, нашиот најблизок планетарен сосед, понекогаш се нарекува наш близнак поради неговата слична големина и карпест состав, но иако нејзината површина сега е изгорена и гола, многумина се прашуваат дали и Венера некогаш била покриена со океани. Според најновата студија, …

Откриено дека никогаш немало вода на Венера Read More »

Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Низок обид за манипулација, Собранието ќе постапи како што смета


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска  оцени дека интерпелацијата што ја поднесе за неговата работа опозициската ДУИ  е „низок обид за манипулација на јавноста“, истакнувајќи дека Собранието ќе постапи како што смета.  На новинарско прашање Тошковски рече дека тезите коишто се поставувале во изминатиот период од страна на опозицијата, а особено од страна на …

Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Низок обид за манипулација, Собранието ќе постапи како што смета Read More »

Во пожар во куќа во Косевица почина старица


Осумдесет и двегодишна жена од село Косевица, близу Македонска Каменица почина од пожар што ја зафатил нејзината соба откако започнала да го пали огнот во шпоретот. -Таа била пронајдена од синот во соба полна со чад, а од извршениот увид било констатирано дека палејќи го огнот во шпоретот, пожарот се проширил и ја зафатил масичката …

Во пожар во куќа во Косевица почина старица Read More »

На ТИМСС тестирањето македонските ученици на 44 место од 58 држави


Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место.  Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено  во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик …

На ТИМСС тестирањето македонските ученици на 44 место од 58 држави Read More »

Си наплаќал 50 денари паркинг на државно земјиште зад поликлиника „Бит пазар“


По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик. Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – …

Си наплаќал 50 денари паркинг на државно земјиште зад поликлиника „Бит пазар“ Read More »

Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година


 Нискобуџетната компанија „Изиџет“ планира да врати на македонскиот пазар напролет со воведување летови меѓу Париз (аеродормот „Орли“) и Скопје. Како што објави порталот „Екс ју авијација“, повикувајќи се на францускиот финансиски весник „Les Echos“, се очекува летовите да бидат закажани наскоро. -Со новата услуга буџетската авиокомпанија ќе се врати во Скопје по прекинот на операциите …

Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година Read More »

Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција


Со одлука на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. -Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност …

Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Read More »

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата


Резервите на злато во Централна банка на Албанија достигнаа вредност од 277,71 милиони евра, што претставува највисока вредност во текот на нејзината историја. Според официјалните податоци на Банката вкупната вредност во текот на минатиот месец е зголемена за околу 20 милиони евра во однос на   август. -Овој пораст дојде како резултат на зголемувањето на неговата …

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата Read More »

Во Романија во ноември регистрирани над 800 случаи на мали сипаници


Во ноември во Романија се регистрирани 816 случаи на мали сипаници, јави Агерпрес, повикувајќи се на денешно соопштение на Националниот институт за јавно здравје. Институтот информира дека од 1 јануари 2023 до 30 ноември годинава во земјата се регистрирани 26.231 случај на морбили. Во истиот период имало 21 смртен случај од овие сипаници. Вакцината против …

Во Романија во ноември регистрирани над 800 случаи на мали сипаници Read More »

Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет


Гувернерката на Токио сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот град како дел од националниот обид за поттикнување на родителството. Премиерот Шигеру Ишиба ја нарече ниската стапка на наталитет во Јапонија „тивка вонредна состојба“ и вети разни политики како што е флексибилно работно време. Се верува дека очекувањата вработените мајки …

Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет Read More »

Проблематичниот третоодделенец утрово се појави на часови во „Лазо Ангеловски“ соучениците си заминуваат


Соучениците на проблематичниот, насилен ученик во трето одделени од ООУ „Лазо Ангеловски“ денеска ја напуштаат наставата, откако родителите го донеле ученикот на часови. За вечерва, свикан е состанок на Советот на родители во „Лазо Ангеловски“, на кој треба да се одлучи за бојкот на наставата од сите одделенија, што би почнал од утре, доколку ученикот …

Проблематичниот третоодделенец утрово се појави на часови во „Лазо Ангеловски“ соучениците си заминуваат Read More »

Седумдесетгодишна жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен по пад од зграда во Кисела Вода


Седумдесетгодишна жена и малолетник синоќа паднале од тераса во скопска Кисела Вода. Жената починала на лице место, а детето било пренесено во Ургентниот центар за укажување  помош. Голем број екипи интервенираа на лице место. Полицијата ги утврдува причините за настанот, засега нема повеќе детали.

Општина Куманово избра сувенир на градот


Комисијата за избор на сувенир на општина Куманово го избра сувенирот на Општината за 2024 година, „Спортска сала Соколана Куманово“, со мотив „Да ја сочуваме“, соопштија денеска надлежните од општината. Сувенирот е дело на кумановскиот автор Јелена Спасовски, приспособен за масовно производство, со цел да се користи за промоција на Куманово.   -За изработката користев …

Општина Куманово избра сувенир на градот Read More »

Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд


 Австрискиот Врховен суд осомничи брачна двојка пензионери од областа Штаерска, дека 35 години го злоупотребувале австрискиот Закон за развод со цел да добијат финансиски придобивки. И тоа, на перфиден начин: 12 венчавки и 12 разводи. Сѐ почнало, како што објавија австриските медиуми, кога сега жената останала вдовица, бидејќи ѝ починал првиот сопруг… Така добила вдовичка …

Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд Read More »

Без вода утре дел од населба Маџир Маало


 Дел од населбата Маџир Маало утре ќе биде без вода за пиење, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради водоводен приклучок, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување со работните активности. 

Во Албанија почна исплатата на новогодишниот бонус за пензионерите во износ од 100 и 150 евра


 Почна исплатата на новогодишен бонус за албанските пензионери, за што, владата на премиерот Еди Рама, издвои средства во износ од 100 милиони евра. Премиерот денеска објави дека еднократниот финансиски надоместок веќе го повлекле од банките 51.357 пензионери низ целата земјава. – Во наредните денови целиот фонд од 100 милиони евра ќе биде распределен на 724.933 …

Во Албанија почна исплатата на новогодишниот бонус за пензионерите во износ од 100 и 150 евра Read More »