Претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Азербејџан


Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29. Во рамки на учеството на самитот, претседателката Сиљановска Давкова, како што денеска соопштија од нејзиниот Кабинет, ќе се …

Претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Азербејџан Read More »

Пијанечко-Малешевскиот регион со снежна покривка


 Пијанечко-Малешевскиот регион утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.  -Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да …

Пијанечко-Малешевскиот регион со снежна покривка Read More »

Разорен земјотрес со јачина од 6,8 степени на Куба (видео)


Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Куба, по неколкуте урагани и долги прекини на струја кои оставија многумина на островот да живеат во страв и неизвесност. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 40 километри јужно од Бартоломе Масо, Куба, на длабочина од 23,5 километри, според извештајот на Геолошкиот …

Разорен земјотрес со јачина од 6,8 степени на Куба (видео) Read More »

Референт на „Национални шуми“ земал пари за дозвола за сеча на дрвја


СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Како што соопшти МВР, пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи …

Референт на „Национални шуми“ земал пари за дозвола за сеча на дрвја Read More »

МО: Подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker


Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. На брифингот , како што соопшти Министерството за одбрана, присуствувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на …

МО: Подготовки за прием на првите оклопни возила од типот Stryker Read More »

Хезболах изведе втор напад врз израелска поморска база во 24 часа


 Либанскиот Хезболах денеска објави дека истрелал ракети врз израелската поморска база во близина на Хаифа, во северен Израел, во вториот таков напад во последните 24 часа. -Тоа е одговор на нападите и масакрите извршени од израелскиот непријател во Либан, рече Хезболах, прецизирајќи дека цел била поморската база Стела Марис северозападно од Хаифа. Хезболах вчера објави …

Хезболах изведе втор напад врз израелска поморска база во 24 часа Read More »

Почина поранешниот функционер Тахир Хани


Почина Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција. Роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик-министер… Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил. – Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот …

Почина поранешниот функционер Тахир Хани Read More »

Турскиот „бајрактар TB3“ го изврши првото ноќно приближување до носачот на дронови


Одбранбената и авијациската индустрија на Турција постигнаа голема пресвртница бидејќи беспилотниот борбен авион Bayraktar TB3 (UCAV) успешно изврши ноќни тестови за приближување над пистата на TCG Anadolu, предводник на турската морнарица. Ова означува не само значаен чекор напред во способностите на Турција за војување со беспилотни летала, туку исто така ја нагласува улогата на TCG …

Турскиот „бајрактар TB3“ го изврши првото ноќно приближување до носачот на дронови Read More »

Изби птичји грип во Австрија. Целата земја е прогласена за ризична област


Министерството за здравство на Австрија ја прогласи целата земја за ризична област за птичји грип  со нови, построги безбедносни мерки кои стапуваат на сила од денеска. Соопштението доаѓа по избувнувањето на птичји грип во областа Амштетен во Долна Австрија пред една недела, што доведе до евтаназија на околу 18.000 животни. Австриската армија денеска ќе започне …

Изби птичји грип во Австрија. Целата земја е прогласена за ризична област Read More »

ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот. Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 …

ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење Read More »

Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон


 Професионалната фудбалска дисциплинска комисија на Турската фудбалска федерација (ТФФ) го суспендираше тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо на еден натпревар. Тој е казнет и со приближно 2.600 евра. Мурињо во изјава за телевизијата „Беин спортс“ ги критикуваше судијата Огужан Чакир и ВАР судијата – Атила Караоглан. -Ги обвинувам луѓето од Фенербахче кои ме доведоа овде. Ми …

Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон Read More »

Бројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица


 Во Запорожје, како резултат на рускиот напад со наведувани воздушни бомби, осум лица загинаа, а 42 се повредени, меѓу кои и едногодишно момче, соопшти денеска началникот на воената управна област, Иван Федоров. Во вчерашниот руски напад на Запорожје, петкатница беше погодена од касетни бомби (КАБ), а три бомби погодија приватни куќи, пренесуваат украинските медиуми. Од …

Бројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица Read More »

Од американска лабораторија избегале 43 мајмуни 


Полицијата е во потрага по 43 мајмуни кои побегнале од истражувачката лабораторија во Јужна Каролина, откако чувар го оставил нивниот затворен простор отворен. Мајмуните избегале од установа управувана од Alpha Genesis, која одгледува примати за медицински истражувања и тестирања, а се верува дека шетаат во дел од државата наречен Лоукантри. Властите ги повикаа жителите да …

Од американска лабораторија избегале 43 мајмуни  Read More »

Британскиот парламент наскоро би можел да се грее од топлината на метрото


Топлината генерирана во лондонското метро, ​​каде што температурата понекогаш надминува 30 степени, наскоро ќе се користи за снабдување со енергија со ниска содржина на јаглерод во институциите во центарот на британскиот главен град, како Парламентот или Даунинг стрит, велат застапниците на новиот проект. Наречена Мрежа на областа Јужен Вестминстер (South Westminster Area Network (Swan), таа …

Британскиот парламент наскоро би можел да се грее од топлината на метрото Read More »

Малолетник нападнат од соученик за време на час во скопско Ѓорче


Уште еден малолетник нападнат од врсник во Ѓорче Петров.  – Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје, Д.Н.(38) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот, за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки …

Малолетник нападнат од соученик за време на час во скопско Ѓорче Read More »

Петгодишно девојче починало на Детската клиника


Петгодишно девојче од Скопје починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано претходно, објави „Сител“. Од Клиниката информираат дека девојчето кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила …

Петгодишно девојче починало на Детската клиника Read More »

На ГП „Ќафасан“ албанската полиција спречи шверц на 1,8 тони нафта при влез од македонска територија


Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Северна Македонија, соопшти Полицискиот комесаријат-Корча. Уапсени се три лица на возраст од 27, 36 и 40 години, сите жители на Подградец, под обвинение „шверц на акцизна стока од Северна Македонија“. -На влез на албанска од македонска територија, …

На ГП „Ќафасан“ албанската полиција спречи шверц на 1,8 тони нафта при влез од македонска територија Read More »

МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение – граѓаните да имаат разбирање


Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува жителите на Кочани, кои неколку денови протестираат поради проблемот со депонијата, да имаат разбирање оти државата, како што велат, е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион, што треба да резултира со трајно, одржливо и …

МЖСПП: Регионален систем за управување со отпад е единственото трајно решение – граѓаните да имаат разбирање Read More »

Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите


Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025. За избраничките на селекторот Александар Ашаданов ова е трет пораз во третиот натпревар по кој се последнопласирани во квалификациската група Г. Најефикасни во македонските редови беа Митрашиновиќ со 17 и Хемпе со 16 поени, Во …

Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите Read More »

Што ќе им се работници? Изграден 157 километри автопат во Кина, речиси без помош од луѓе (видео)


Кина го заврши автопатот со четири ленти долг 157,79 километри без речиси никаква човечка интервенција. Овој автопат е дел од проширувањето на патот Пекинг-Хонг Конг-Макао, кој го поврзува Пекинг со Хебеј. Проектот беше завршен во октомври, а беа употребени десет автономни возила (без возачи) за асфалтирање и нивелирање на коловозот широк 19,25 метри. Ниту надзорот …

Што ќе им се работници? Изграден 157 километри автопат во Кина, речиси без помош од луѓе (видео) Read More »