Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година


 Нискобуџетната компанија „Изиџет“ планира да врати на македонскиот пазар напролет со воведување летови меѓу Париз (аеродормот „Орли“) и Скопје. Како што објави порталот „Екс ју авијација“, повикувајќи се на францускиот финансиски весник „Les Echos“, се очекува летовите да бидат закажани наскоро. -Со новата услуга буџетската авиокомпанија ќе се врати во Скопје по прекинот на операциите …

Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година Read More »

Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција


Со одлука на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. -Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност …

Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Read More »

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата


Резервите на злато во Централна банка на Албанија достигнаа вредност од 277,71 милиони евра, што претставува највисока вредност во текот на нејзината историја. Според официјалните податоци на Банката вкупната вредност во текот на минатиот месец е зголемена за околу 20 милиони евра во однос на   август. -Овој пораст дојде како резултат на зголемувањето на неговата …

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата Read More »

Во Романија во ноември регистрирани над 800 случаи на мали сипаници


Во ноември во Романија се регистрирани 816 случаи на мали сипаници, јави Агерпрес, повикувајќи се на денешно соопштение на Националниот институт за јавно здравје. Институтот информира дека од 1 јануари 2023 до 30 ноември годинава во земјата се регистрирани 26.231 случај на морбили. Во истиот период имало 21 смртен случај од овие сипаници. Вакцината против …

Во Романија во ноември регистрирани над 800 случаи на мали сипаници Read More »

Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет


Гувернерката на Токио сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот град како дел од националниот обид за поттикнување на родителството. Премиерот Шигеру Ишиба ја нарече ниската стапка на наталитет во Јапонија „тивка вонредна состојба“ и вети разни политики како што е флексибилно работно време. Се верува дека очекувањата вработените мајки …

Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет Read More »

Проблематичниот третоодделенец утрово се појави на часови во „Лазо Ангеловски“ соучениците си заминуваат


Соучениците на проблематичниот, насилен ученик во трето одделени од ООУ „Лазо Ангеловски“ денеска ја напуштаат наставата, откако родителите го донеле ученикот на часови. За вечерва, свикан е состанок на Советот на родители во „Лазо Ангеловски“, на кој треба да се одлучи за бојкот на наставата од сите одделенија, што би почнал од утре, доколку ученикот …

Проблематичниот третоодделенец утрово се појави на часови во „Лазо Ангеловски“ соучениците си заминуваат Read More »

Седумдесетгодишна жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен по пад од зграда во Кисела Вода


Седумдесетгодишна жена и малолетник синоќа паднале од тераса во скопска Кисела Вода. Жената починала на лице место, а детето било пренесено во Ургентниот центар за укажување  помош. Голем број екипи интервенираа на лице место. Полицијата ги утврдува причините за настанот, засега нема повеќе детали.

Општина Куманово избра сувенир на градот


Комисијата за избор на сувенир на општина Куманово го избра сувенирот на Општината за 2024 година, „Спортска сала Соколана Куманово“, со мотив „Да ја сочуваме“, соопштија денеска надлежните од општината. Сувенирот е дело на кумановскиот автор Јелена Спасовски, приспособен за масовно производство, со цел да се користи за промоција на Куманово.   -За изработката користев …

Општина Куманово избра сувенир на градот Read More »

Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд


 Австрискиот Врховен суд осомничи брачна двојка пензионери од областа Штаерска, дека 35 години го злоупотребувале австрискиот Закон за развод со цел да добијат финансиски придобивки. И тоа, на перфиден начин: 12 венчавки и 12 разводи. Сѐ почнало, како што објавија австриските медиуми, кога сега жената останала вдовица, бидејќи ѝ починал првиот сопруг… Така добила вдовичка …

Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд Read More »

Без вода утре дел од населба Маџир Маало


 Дел од населбата Маџир Маало утре ќе биде без вода за пиење, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради водоводен приклучок, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување со работните активности. 

Во Албанија почна исплатата на новогодишниот бонус за пензионерите во износ од 100 и 150 евра


 Почна исплатата на новогодишен бонус за албанските пензионери, за што, владата на премиерот Еди Рама, издвои средства во износ од 100 милиони евра. Премиерот денеска објави дека еднократниот финансиски надоместок веќе го повлекле од банките 51.357 пензионери низ целата земјава. – Во наредните денови целиот фонд од 100 милиони евра ќе биде распределен на 724.933 …

Во Албанија почна исплатата на новогодишниот бонус за пензионерите во износ од 100 и 150 евра Read More »

Пронајдени мртви бебиња закопани кај Вараждин. „Родителите во притвор се молат и ja читаат Библијата“


Кај Вараждин во Хрватска, пронајдени се две тела на бебиња, закопани во дворот на семејната куќа. Родителите се уапсени. Родителите на двете бебиња, кои беа пронајдени закопани во дворот на семејниот дом во Љубље Калнички, на подрачјето на општина Љубешчица, времето го поминаа во притвор, каде што беа однесени, читајќи ја Библијата, не зборувајќи и …

Пронајдени мртви бебиња закопани кај Вараждин. „Родителите во притвор се молат и ja читаат Библијата“ Read More »

Војската соопшти дека воената состојба во Јужна Кореја ќе остане во сила додека не биде укината од претседателот


Јужнокорејската војска соопшти дека ќе ја одржува воената состојба додека не ја укине претседателот Јун Сук Јеол, и покрај тоа што националниот парламент гласаше против спроведување на декретот. Тоа уследи по судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили кои се обидоа да го забарикадираат Националното собрание. Претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја претходно соопшти дека …

Војската соопшти дека воената состојба во Јужна Кореја ќе остане во сила додека не биде укината од претседателот Read More »

Претседателот на ПСЖ: Не сме разговарале за Салах


 Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи ја демантираше информацијата за интересот на парискиот клуб за крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах. -Ова не е вистина. Тој е фантастичен играч, но никогаш не сме разговарале за неговиот трансфер. Знаеме дека секој клуб би сакал Салах да игра за нив, но таквата информација не е точна, изјави Хелаифи, …

Претседателот на ПСЖ: Не сме разговарале за Салах Read More »

Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот


Се одржа вонредната седница на Собранието на Град Нови Сад на која беше одбиен предлогот на опозицијата за разрешување на градоначалникот Милан Ѓуриќ поради трагедијата на Железничката станица. Веднаш по почетокот на седницата имаше неколку инциденти, а во еден момент пред градското собрание се собраа граѓани кои се обидоа да влезат на седницата, јави дописникот …

Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот Read More »

Коцевски бара дисциплинска против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи


Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и еден јавен обвинител. Од Јавното обвинителство информираат дека јавниот обвинител на Северна Македонија ги разгледал записникот и конечниот извештај …

Коцевски бара дисциплинска против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи Read More »

Во училиштето за глуви и наглуви предаваат наставници кои не го знаат знаковниот јазик


Да се најде системско решение за долгогодишниот проблем во наставата на знаковен јазик за учениците кои се глуви или имаат оштетен слух во единственото средно училиште во земјава за нивна едукација „Партениј Зографски“ во Скопје – укажува Народниот правобранител кој денеска доставил препораки до Министерството за образование и наука. Главната меѓу нив е за вработување …

Во училиштето за глуви и наглуви предаваат наставници кои не го знаат знаковниот јазик Read More »

Јужна Кореја прогласи итна воена состојба


  Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол во вторникот прогласи „воена состојба вонредна состојба“, обвинувајќи ја опозицијата во земјата дека го контролира парламентот, сочувствува со Северна Кореја и ја парализира владата со антидржавни активности. Јун го објави ова за време на телевизиско обрќање, ветувајќи дека „ќе ги искорени просевернокорејските сили и ќе го заштити уставниот демократски …

Јужна Кореја прогласи итна воена состојба Read More »

Коцевски ги задолжил сите јавни обвинители итно да дадат приоритет на кривични дела од областа на корупцијата


Јавното обвинителство на Северна Македонија денеска преку писмено соопштение информира дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи, а особено на ЈО во борбата против корупцијата. – Од тие причини, во рамките на своите надлежности, кои …

Коцевски ги задолжил сите јавни обвинители итно да дадат приоритет на кривични дела од областа на корупцијата Read More »

Непозната болест усмрти 143 луѓе во ДР Конго, соопштија локалните власти


 Непозната болест во ноември предизвика смрт кај 143 лица во југозападната Демократска Република Конго, изјавија локалните власти за британските медиуми. -Заразените имале симптоми слични на грип, вклучувајќи висока температура и силна главоболка, изјавија заменик-гувернерот на провинцијата Квангџу, Рами Саки, и министерот за здравство и Аполинер Јумба. Медицински тим е испратен во погодената област за да …

Непозната болест усмрти 143 луѓе во ДР Конго, соопштија локалните власти Read More »