Кавадарци преку конкурс избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“


 Градоначалникот на Општина Кавадарци објави конкурс за избор на правно лице, организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев денеска информираа дека е објавен конкурс за делегирање на надлежностите на локалната самоуправа за организирање и реализирање на културните манифестации за 2025 година. Меѓу културните манифестации што ќе се организираат е …

Кавадарци преку конкурс избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“ Read More »

Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин


Кандидатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за советник за национална безбедност, Мајк Волц, денеска изјави дека во блиска иднина очекува разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. – Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели, изјави Волц за „Оваа недела“ на Еј-Би-Си. Тој додаде дека „во тел се подготовки“ …

Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин Read More »

ОН: Повеќе од милион деца во Газа се соочуваат со криза на менталното здравје


УНИЦЕФ соопшти дека на речиси 1,1 милион деца во Газа им е потребна ментална и психосоцијална поддршка во услови на израелско бомбардирање, раселување и тешки услови за живот. Децата страдаат од кошмари, вознемиреност и стравови поврзани со воздушни напади и губење на членовите на семејството. Многумина стануваат агресивни, се повлекуваат или престануваат да зборуваат, соопшти …

ОН: Повеќе од милион деца во Газа се соочуваат со криза на менталното здравје Read More »

Камион се излизгал на автопатот „Пријателство“ – во прекин сообраќајот Демир Капија – Смоквица


 Од 15.50 часот целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102, информираат од ЈП Македонијпат.  Камион што се излизгал, а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на …

Камион се излизгал на автопатот „Пријателство“ – во прекин сообраќајот Демир Капија – Смоквица Read More »

Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници


Сѐ уште трае постапката за испитување на причините за пожарот во Крива Паланка во кој животот го загубија двајца сопружници на возраст од 87 и 85 години. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информираат дека ОЈО Куманово е известено и дава наредби и насоки за испитување на причините за пожарот.   -Испратено е и …

Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници Read More »

Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад


Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права. Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад. Во Белград, според …

Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад Read More »

Еуроњуз: Северна Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето


Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена од загадувањето на воздухот е Северна Македонија, а по неа Србија. Се посочува дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на загадувањето на воздухот.  Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така се наведуваат …

Еуроњуз: Северна Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето Read More »

Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар


 Фудбалскиот клуб Вардар повеќе нема да смета на досегашниот капитен Дарко Мицевски, со кој е постигнат заеднички договор за прекин на соработката и тој е слободен да премине во друг клуб.  Владица Брдаровски, кој е еден од фудбалерите со најдолг стаж во „црвено-црниот“ тим, е ослободен од обврските и ќе бара нова фудбалска средина. Вардар …

Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар Read More »

Снешковци го чуваат Градскиот парк


Денешниот снег во Скопје, радост за децата и возрасните. Дел од оние кои викендов останаа во главниот град, побрзаа во Градскиот парк да му се радуваат на снегот, а направија и куп снешковци. Сите со различна големина, со различен дизајн на нос, капа, раце… Весело се насмевнуваат на минувачите и будно го чуваат Градскиот парк.  …

Снешковци го чуваат Градскиот парк Read More »

Калас: Министрите на ЕУ ќе разговараат за укинување на санкциите за Сирија во Брисел на крајот на месецов


Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе се сретнат во Брисел на крајот на месецов за да разговараат за укинување на санкциите за Сирија, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас. – Работиме на тоа со цел навистина во тоа време да бидеме во можност да донесеме одлуки …

Калас: Министрите на ЕУ ќе разговараат за укинување на санкциите за Сирија во Брисел на крајот на месецов Read More »

Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка


 Двајца сопружници на постара возраст починале утрово во пожар во запалена куќа на ул. „Херој Карпош“ во Крива Паланка, информираат од Центарот за управување со кризи.  -Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи Ве известува дека во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.„Херој Карпош“ во Крива Паланка. …

Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка Read More »

Вучиќ: Сепак нема прекин во испораката на гас од Азербејџан


 Српскиот претседател Александар Вучиќ на Х објави дека денеска од Азербејџан бил информиран дека нема да има прекин на испораките на гас за Србија, како што најави вчера. – Нашите браќа и пријатели од Азербејџан штотуку ме информираа дека, без оглед на објективните проблеми предизвикани од виша сила, нема да има прекин на гас за …

Вучиќ: Сепак нема прекин во испораката на гас од Азербејџан Read More »

Кочовски: Снегот нема да е пречка за доживувањето на Вевчанскиот карневал


Се е подготвено за годинашното издание на Вевчанскиот карневал што на 13 и 14 јануари се одржува низ улиците во Вевчани. Традиционално, манифестацијата почнува вечерва со забавна програма, а вевчанци и гостите ќе ги забавуваат „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“. Обилните снежните врнежи, според градоначалникот Спасе Кочовски, нема да бидат пречка за новото карневалско доживување. …

Кочовски: Снегот нема да е пречка за доживувањето на Вевчанскиот карневал Read More »

Германија ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од 50 милиони евра за Сирија


Германија ќе обезбеди дополнителни 50 милиони евра (51 милион долари) хуманитарна помош за Сирија, изјави денеска министерката за надворешни работи Аналена Бербок на маргините на меѓународната конференција во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Парите, кои треба да бидат исплатени на Светската програма за храна на ОН и разни невладини организации, треба да се искористат …

Германија ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од 50 милиони евра за Сирија Read More »

Бројот на повредени во судирот на двата трамваи во Стразбур се зголеми на 68


Бројот на повредени во вчерашниот судир на два трамваи во Стразбур се зголеми на 68, покажува најновиот извештај на локалните власти. Трамваите се судрија во тунел во близина на главната железничка станица во Стразбур, една од најпрометните во Франција, по Париз. „Во несреќата се повредени 68 лица, но никој не е тешко повреден“, соопшти префектурата …

Бројот на повредени во судирот на двата трамваи во Стразбур се зголеми на 68 Read More »

Македонски Бугари оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева во Скопје


Десетина граѓани кои се декларираат како македонски Бугари денеска, како и во минатите години, оддадоа почит на спомен-плочата на Мара Бунева на кејот на Вардар во центарот на Скопје, по повод 97 години од нејзината смрт. На спомен-плочата и пред слика на Бунева што ја донесоа, тие оставија цвеќе откако претходно организираа панихида во црквата …

Македонски Бугари оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева во Скопје Read More »

Поранешниот канадски премиер Жан Кретиен ги осуди експанзионистичките идеи на Трамп


Идејата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека Канада треба да стане 51-та држава на САД наиде на осуда и од поранешниот канадски премиер Жан Кретиен, кој на Трамп му порача „да размисли повторно“. Кретиен, кој беше премиер на Канада од 1993 до 2003 година, им се придружи на канадските официјални лица кои велат дека коментарите …

Поранешниот канадски премиер Жан Кретиен ги осуди експанзионистичките идеи на Трамп Read More »

Јанчев: Интензивни врнежи од снег во Кавадарци, сите патишта проодни


 Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев попладнево информира дека и покрај интензивните врнежи од снег на територија на општина Кавадарци, сите патишта биле проодни. -Во текот на вечерта, но и во моментов, во Кавадарци има интензивни врнежи од снег. Службите задолжени за зимско одржување на патиштата од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци со осум машини механизација интервенираат …

Јанчев: Интензивни врнежи од снег во Кавадарци, сите патишта проодни Read More »

ЦУК: Извлечени се децата и возрасниот што беа завеани во Рајчани


 Извлечени се завеаните пет малолетни и едно возрасно лице  од с. Рајчани и се однесени безбедно до нивните родители во Кочани, соопшти ЦУК.   Во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи   112 во ЦУК е добиена пријава за пет (5) малолетни лица и едно (1) возрасно лице дека поради обилните снежни …

ЦУК: Извлечени се децата и возрасниот што беа завеани во Рајчани Read More »

Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми


Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен.  Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.   Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се …

Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми Read More »