Арсовска повторно не дојде на седницата за советнички прашања


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно не дојде на седницата за советнички прашања, по што седницата беше прекината. Советничката група на СДСМ веќе неколку пати го повторува својот став дека доколку на седницата за советнички прашња не присуствува градоначалникот, тие нема да учествуваат во таква седница. Координаторката Љубица Јанчева го праша Славески дали градоначалничката е …

Арсовска повторно не дојде на седницата за советнички прашања Read More »

АХВ: Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо од Полска


Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. Како што информираат од АХВ, месото било спакувано во 180 пакети …

АХВ: Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо од Полска Read More »

Белгија ќе покани 120.000 млади лица да се пријават за доброволна воена служба


Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен најави дека наесен ќе испрати 120.000 лични писма до белгиските младинци кои наскоро ќе наполнат 18 години, повикувајќи ги да се пријават за доброволна воена служба. Во интервју за еден локален медиум, тој истакна дека има само 500 слободни места, но има уште многу кои сакаат да аплицираат. Министерот …

Белгија ќе покани 120.000 млади лица да се пријават за доброволна воена служба Read More »

Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации


 Трансродовите членови на американските редовни сили ќе бидат одвоени од војската доколку не добијат изземање, се вели во меморандумот на Пентагон поднесен до американскиот суд. Во меморандумот се наведува дека Пентагон мора да воспостави процедура за идентификување на трансродовите припадници на армијата во рок од 30 дена, а потоа да нареди тие да бидат одвоени …

Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации Read More »

Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела


Од 17 до 23 месецов се пријавени 3 035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела, информираат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавен бил еден смртен случај асоциран со грип во овој период. – Се работи за лице …

Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела Read More »

Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи


 Поради одлагање во спроведувањето на планираните реформи, Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра во форма на грантови од Инструментот за закрепнување и отпорност на ЕУ, а ризикува дополнително да ги загуби и најголемиот дел од преостанатите предвидени средства од овој механизам за поддршка на Унијата.  Според бугарскиот вицепремиерот Томислав Дончев, поради застојот во реформите ЕУ …

Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи Read More »

Штрајкот на Минхенскиот аеродром приземји 80 отсто од aвионите


 На аеродромот во Минхен почна дводневен штрајк на аеродромските работници, организиран од синдикатот „Верди“ поради спорот за платите во јавниот сектор. Авиокомпаниите откажаа 80 отсто од планираните летови за денеска и утре, објави аеродромскиот оператор FMG на својата веб-страница. Не е исклучено натамошно откажување на летовите, се вели во соопштението на аеродромот. На аеродромот во …

Штрајкот на Минхенскиот аеродром приземји 80 отсто од aвионите Read More »

Комуналните предмети најбројни кај извршителите, минатата година наплатени околу 160 милиони евра


Извршител од Скопје доставува налог за извршување до образовна институција во која е вработен интелектуалец, но оттаму добива информација дека треба да чека во редот за извршување, бидејќи пред него за ова лице има уште 42 налози за извршување. По проверката во Катастар и во МВР, извршителот добил информација дека на име на должникот нема …

Комуналните предмети најбројни кај извршителите, минатата година наплатени околу 160 милиони евра Read More »

Јакимовски: Министерот Николоски вештачки ја крева цената на становите во Карпош


Синоќа на вонредна прес конференција градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски изнесе тешки обвинувања за злоупотреби од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски. Јакимовски го обвини министерот Николоски дека со неодобрувањето на урбанистичките планови предизвикал цената на квадратен метар во општината да порасне за 700 евра во последните девет месеци. – Цената на …

Јакимовски: Министерот Николоски вештачки ја крева цената на становите во Карпош Read More »

МВР: Двајца 14-годишници од Скопје ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта


Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта. Како …

МВР: Двајца 14-годишници од Скопје ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта Read More »

Кај Биновци усмртен пешак кој бил прегазен со камион


Седумдесет и пет годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Прилеп – Битола, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп. Од тешките повреди загинал на лице место на коловозот откако бил удрен од товарно моторно возило со скопски регистарски таблички. Според …

Кај Биновци усмртен пешак кој бил прегазен со камион Read More »

Пакети со храна најдени во возило кај Танушевци – без документи требало да влезат во Косово


Сто и осумдесет пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација, открила полицијата во комби во близина на скопското село Танушевци.  Како што соопшти денеска МВР, завчера (25 февруари) во 14.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело …

Пакети со храна најдени во возило кај Танушевци – без документи требало да влезат во Косово Read More »

Голем пожар синоќа избувна во Нови Сад – „Се слушнаа детонации“ (видео)


Синоќа околу 22 часот голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Сад, а според неофицијални информации нема повредени, јавува 021.rs. Интервенираа пожарникари од Нови Сад и од целиот Јужнобачки округ, кои го изгаснаа пожарот со помош на ДВД-а и јавните противпожарни служби. Според 021, наводно се слушнале детонации, а жителите на Нови Сад добиле …

Голем пожар синоќа избувна во Нови Сад – „Се слушнаа детонации“ (видео) Read More »

Додик: Подготвени сме на разговор со сите, но не и да нѐ игнорираат


 Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е подготвен да разговара со сите претставници на бошњачкиот и хрватскиот народ и да ги отвори сите теми за тоа како Босна и Херцеговина да стане уставна и одржлива за сите, но дека српскиот народ нема да се придржува до правилата според кои ги губи сите права …

Додик: Подготвени сме на разговор со сите, но не и да нѐ игнорираат Read More »

Поради сообраќајка со жртва пренасочен сообраќајот на патот Битола – Прилеп


Поради случена сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пума на „Макпетрол“. Како што информира АМСМ, од 20:10 часот сообраќајот е пренасочен по стариот пат од Битола кон Прилеп.

ЦУК: Спасен повреден чешки планинар, скијач, на Шар Планина


Во координирана акција на повеќе субјекти од Системот за управување со кризи, доцна попладне и во почетокот на ноќта, бил спасен чешки планинар, скијач, на Шар Планина, кој бил повреден, инфромира ЦУК. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информираше дека денеска (26.02.2025 година) во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК …

ЦУК: Спасен повреден чешки планинар, скијач, на Шар Планина Read More »

Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето


 Рубен Аморим има многу тешки први месеци во Манчестер Јунајтед и иако се чини дека неговата работа во моментов не е директно загрозена, се зголемуваат критиките дека тимот не забележува напредок под негово водство. Неодамна се дозна дека клубот им платил на поранешниот менаџер Ерик тен Хаг и на неговиот персонал 10,4 милиони фунти како …

Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето Read More »

Чистка во американското разузнавање: Отпуштања поради непристојна комуникација и сексуални пораки


Директорката на американската Национална разузнавачка служба Тулси Габард соопшти дека над 100 разузнавачи биле отпуштени откако користеле заштитен владин комуникациски канал за размена на сексуални пораки, наместо за доверливи информации. – Ова е кршење на довербата и непочитување на основните правила на професионализам, изјави Габард во интервју за Фокс њуз. – Сите ќе бидат отпуштени, …

Чистка во американското разузнавање: Отпуштања поради непристојна комуникација и сексуални пораки Read More »

Дарко Димитриев избран за спортист на годината во Кавадарци


Дарко Димитриев од Центарот за боречки вештини „Будо“, вечерва беше избран за спортист на годината во Кавадарци за 2024 година. Во организација на Сојуз на спортови,  беа доделени пехари и во неколку други категории за спортски достигнувања. На настанот беа посочени бројните спортски успеси и медали. Беа доделени благодарници, наградени млади и надежни таленти, јуниори, …

Дарко Димитриев избран за спортист на годината во Кавадарци Read More »

Русија за пресудата за Додик: Загрозена стабилноста на Балканот


Судот на Босна и Херцеговина донесе пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и вршителот на должноста директор на „Службен весник на РС“, Милош Лукиќ, кои беа обвинети за непочитување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит. Додик е прогласен за виновен, додека Лукиќ е ослободен. Според пресудата, Додик е осуден на една …

Русија за пресудата за Додик: Загрозена стабилноста на Балканот Read More »