Јужна Африка пред враќање во календарот на Ф1
Јужна Африка би можела да се врати во календарот на Формула 1 по пауза од три децении, јавија денеска светските агенции, наведувајќи дека главен двигател на процесот е седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон. Во моментов се разгледуваат две апликации – градската патека во Кејп Таун и историска патека во Кјалами, едно од предградијата на Јоханесбург. …