Сè уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
Сè уште трае наизменичното движење на патнички моторни возила во двата правца кај граничниот премин „Блаце“, соопшти АМСМ. За тешките товарни моторни возила важи целосна забрана за сообраќај. МВР веќе информира дека поради пожарот над селото Чучер, целосно е прекинат сообраќајот кон граничниот премин „Блаце“, а преминот е воедно и затворен. Според последните информации на …