Дводневен штрајк на таксистите во Атина


Таксистите во Атина, организирани од нивниот синдикат, од 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот на такси превозници (САТА) соопштија дека преку штрајкот, меѓу другото, бараат укинување на обврската за регистрација на нови такси возила само …

Дводневен штрајк на таксистите во Атина Read More »

Мурињо: Бев растргнат во финалето на ЛЕ помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем


Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изјави дека во финалето на Лига Европа не можел да бира за кого да навива, бидејќи бил тренер и на Манчестер јунајтед и на Тотенхем. – Бев растргнат затоа што, од една страна, го сакам Манчестер јунајтед, имам фантастичен однос со Рубен Аморим. Но, од друга страна, кога го видов …

Мурињо: Бев растргнат во финалето на ЛЕ помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем Read More »

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела


САД објавија официјално предупредување до своите граѓани да не патуваат во Венецуела, наведувајќи го растечкиот ризик од произволни притворања во земјата, каде што нема оперативна американска амбасада или конзулат. „Американските граѓани во Венецуела се соочуваат со значителен и растечки ризик од неправедно притворање“, се вели во соопштението на Стејт департментот. Тие објавија највисоко, четврто ниво …

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела Read More »

АЕК ќе објави тендер за трет мобилен оператор, писма за искажување интерес од три компании


 Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе објави јавен тендер или јавен тендер со јавно наддавање за трет мобилен оператор, откако јавната расправа за таа намена резултираше со Писмa за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В.  – АЕК на 16.04.2025 година …

АЕК ќе објави тендер за трет мобилен оператор, писма за искажување интерес од три компании Read More »

Ако европските земји ја признаат Палестина, Израел ќе анектира дел од Западен Брег


Израелските министри наводно ги предупредија клучните европски држави дека секое признавање на палестинската држава би го поттикнале Израел да преземе еднострани мерки, меѓу кои и евентуална анексија на делови од Западен Брег, објави „Тајмс оф Израел“. Израелскиот весник „Хаарец“објави дека министерот за стратешки прашања Рон Дермер лично ги предупредил францускиот и британскиот министер за надворешни …

Ако европските земји ја признаат Палестина, Израел ќе анектира дел од Западен Брег Read More »

Бројот на повредени лица во Ливерпул, каде автомобил удри во фудбалски навивачи, се искачи на 65


 Шеесет и пет лица се повредени во вчерашниот инцидент во Ливерпул, североисточна Англија откако автомобил удри во толпа навивачи на англискиот фудбалски клуб Ливерпул кои ја славеа титулата шампион во Премиер лигата. Возачот на автомобилот, 53-годишен Британец, е уапсен под сомнение за обид за убиство, опасно возење и возење под дејство на дрога, соопшти полицијата. …

Бројот на повредени лица во Ливерпул, каде автомобил удри во фудбалски навивачи, се искачи на 65 Read More »

Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција


Изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека именувал тим правни експерти кои ќе го подготвуваат новиот устав, критичарите го оценија како потег што ќе му овозможи да остане на власт и по истекот на мандатот во 2028 година. Ердоган уште од март 2003 година се залага за нов устав, тврдејќи дека постоечкиот, донесен по …

Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција Read More »

Заврши „Квалитет 2025“ во Скопје: Турнир што ја покажа иднината на македонскиот шах


 Со учество на околу 200 талентирани деца од осум држави, викендов во Скопје заврши престижниот шаховски фестивал „Квалитет 2025” во категориите до 8, до 10 и до 20 години. Младите шахисти ја демонстрираа својата страст, талент и борбеност, играјќи седум партии поделени во сабота недела и понеделник. Во конкуренцијата до 8 години, доминација покажа Јован …

Заврши „Квалитет 2025“ во Скопје: Турнир што ја покажа иднината на македонскиот шах Read More »

Приведени 39 дилери на дрога и оружје, апсења во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод


Во  мај на подрачјето на Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод, биле приведени 39 лица поврзани со недозволена трговија со дрога и оружје. При акциите биле запленети различни видови наркотични и психотропни супстанции, како и огнено оружје и муниција од различен калибар. Како што информираат од СВР Битола, заплената вклучува марихуана, кристална и прашкаста …

Приведени 39 дилери на дрога и оружје, апсења во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод Read More »

Општина Карпош доделува пластични канти за селекција на отпад за домаќинства


Општина Карпош распиша јавен оглас за доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинства кои живеат на територија на Карпош Ова е линкот: https://shorturl.at/kr4J3 каде може граѓаните да го видат јавниот повик „Барање за доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинства кои живеат на територија на …

Општина Карпош доделува пластични канти за селекција на отпад за домаќинства Read More »

Дебел слој сахарска прашина го покри Крит, луѓето да не излегуваат


Дебел слој сахарска прашина покри делови од Крит и создаде речиси надреална сцена во Ираклион и Ханија, каде што небото стана портокалово, а воздухот стана задушлив. Прашината во комбинација со високи температури и повремени дождови го отежнуваат дишењето и секојдневните активности. Дирекцијата за цивилна заштита на регионот Крит ги повика граѓаните да избегнуваат излегување, особено …

Дебел слој сахарска прашина го покри Крит, луѓето да не излегуваат Read More »

ЕК следниот месец ќе објави конкретни предлози за ослободување од руските енергенси


 Европската комисија пред неколку недели презентираше Патоказ за постепено ослободување од руските енергенси и следниот месец ќе предложи конкретни логистички предлози и детално ќе опише како да се постигне таа цел, изјави денеска портпаролката на ЕК за климатска акција и енергија Ана-Кајза Итконен.  Нејзината изјава претставуваше одговор на новинарско прашање дали Европската комисија побрала од …

ЕК следниот месец ќе објави конкретни предлози за ослободување од руските енергенси Read More »

Во моментов немаме ниту еден функционален ер-трактор: Ангелов почнува од нула


Стојанче Ангелов, новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување рече дека Дирекцијата се подготвува за престојните пожари, но во моментот нема ниту еден ер-трактор, сите авиони се на сервис. „Дозволете барем неколку недели, оваа влада има јасен став и курс дека треба да бидеме подготвени летово. Подготвуваме неколку изненадувања кои ќе ни помогнат полесно …

Во моментов немаме ниту еден функционален ер-трактор: Ангелов почнува од нула Read More »

Реконструирани дел од објектите на тетовскиот Регионален Центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“


Во Регионалниот Центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ денеска се изврши промоција на реконструкцијата на дел од објектите, реализирана со поддршка од Европската Унија во вредност од над 3.8 милиони евра. Досега завршен е објектот број 2 или познат како Стара зграда, додека во тек е обновата на објектот број 1, познато како …

Реконструирани дел од објектите на тетовскиот Регионален Центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ Read More »

Маж со тврд предмет ја тепал сопругата, малолетниот син и тештата


Zav;era, во 23 часот, во СВР Скопје 40-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом таа, нејзината 77-годишна мајка и нивниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.С.(45), кој употребил и тврд предмет. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Кочани, Штип и во Скопје почнаа сослушувањата на семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“


Денеска започнаа сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс”, информираа од Јавното обвинителство.  Оттаму додаваат дека се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата “Support Kocani”. Како што соопштуваат од Обвинителството, …

Во Кочани, Штип и во Скопје почнаа сослушувањата на семејствата на жртвите од пожарот во „Пулс“ Read More »

МДТ: Владата ги усвои Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност


 Владата денеска усвои два стратешки и суштински закони за иднината на дигиталното општество: новиот Закон за електронски комуникации и првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи (сајбер безбедност), соопштија од Министерството за дигитална трансформација. Со ова, како што стои во соопштението, се отвора ново поглавје во дигиталната трансформација на земјата и се поставуваат …

МДТ: Владата ги усвои Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност Read More »

Се гради нов пат во Ѓорче Петров, врска со клучната сообраќајна артерија кон обиколницата


Во општина Ѓорче Петров се врши пробивањето на нов пат – улица што ќе ја поврзе ул. „Социјалистичка Зора“ со ул. „Сремски Фронт“. Вкупната вредност на проектот изнесува 8.879.500 денари, од кои најголемиот дел се обезбедени преку капитални дотации од државата, додека остатокот е конфинансиран од општината. – Создаваме нова врска до ул. „Ѓорче Петров“, …

Се гради нов пат во Ѓорче Петров, врска со клучната сообраќајна артерија кон обиколницата Read More »

Спречен нелегален влез на седум мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка


Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на изминатите денови спречиле обиди за нелегален влез на мигранти. При контроли спречени биле и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти, и паметни часовници.  Од Царинската управа денеска соопштија дека службата за мобилни скенери спречила обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од …

Спречен нелегален влез на седум мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка Read More »

Граѓаните нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација


Околу 12 илјади граѓани нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита. Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека граѓаните – корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено …

Граѓаните нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација Read More »