Дел од раководството на УЈП во самоизолација


Управата за јавни приходи, најостро ги демантира невистините и обвинувањата дека наводно 200 лица од УЈП биле во самоизолација поради контакт со директорката, Сања Лукаревска. Во интерес на јавноста, УЈП информира дека поради протоколите, во домашна изолација е дел од раководството на Управата за јавни приходи и бројката не надминува 40. Согласно епидемолошката анализа којашто …

Дел од раководството на УЈП во самоизолација Read More »

Османи: Преговарачката рамка на ЕУ ќе биде објавена на 9 или 10 јуни


Преговарачката рамка на ЕУ, како нацрт верзија, ќе биде објавена на 9 или 10 јуни, заедно со краток извештај за напредокот во реформите, најави денеска од Штип, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, потенцирајќи дека постигнувањето на консензус за датумот на изборите нема да влијае на Преговарачката рамка. Османи нагласи дека откако Европската комисија ќе …

Османи: Преговарачката рамка на ЕУ ќе биде објавена на 9 или 10 јуни Read More »

Во градинките во Штип потврдени два позитивни случаи на Ковид-19


Скринингот што Министерството за здравство го спроведува во градинките во земјава, покажаа двајца заболени во градинки во Штип. Според Министерството за здравство, на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се два позитивни случаи во градинки во Штип. Од 974 теста 132 се во рамките на скринингот.

Затворена уште една конфекција во Штип


Денеска дополнително затворена е уште една конфекција каде има потврдено заболен од Ковид-19 во Штип, одлучи на состанок Општинскиот штаб за заштита и спасување. На состанокот присуствуваа и претставници од СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ДСЗИ, АРМ, директор на Клиничка болница, претставник од конфекционерите, претставник од „Гласен текстилец“, а дополнително на овој …

Затворена уште една конфекција во Штип Read More »

ЕК го класифицира Ковид-19 како “средна закана“, силни критики во Европарламентот


Европската Комисија денеска соопшти дека “врз основа на научно експертски мислења“ ја ревидира директивата на ЕУ за биолошки агенси за да го додаде Ковид-19 како закана од Трет степен, социјалдемократите во Европскиот Парламент најавуваат блокада на одлуката, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ревидираната директива на ЕУ за биолошки агенси ги вклучува ризиците што ги …

ЕК го класифицира Ковид-19 како “средна закана“, силни критики во Европарламентот Read More »

Избрана новата Влада на Косово предводена од Авдулах Хоти


Собранието на Косово со 61 глас „за“ 24 „против“ и еден „воздржан“ ја избра новата влада, која ќе ја води кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина. Кабинетот на Хоти, според неговиот предлог кој го изнесе пред пратениците, ќе има четворица заменици премиери и 15 министри кои …

Избрана новата Влада на Косово предводена од Авдулах Хоти Read More »

Нови четири жртви од Ковид-19 и 101 заболен


Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката …

Нови четири жртви од Ковид-19 и 101 заболен Read More »

Кина демантира дека не го информирала навремено СЗО за Ковид-19


Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан ги отфрли наводите на американската агенција АП дека Кина ненавремено ја информирала Свестката здравствена организација за новиот коронавирус. Тој нагласи дека извештајот на новинската агенција не е вистинит. Претходно, АП објави дека снимки од состанок на СЗО, во кои агенцијата имала увид, наводно покажале дека таа …

Кина демантира дека не го информирала навремено СЗО за Ковид-19 Read More »

Пакети за ранливи групи донирани од Империал Тобако ТКС Скопје


Црвениот крст на Град Скопје ја продолжува активната поддршка на граѓаните од ранливите групи кои се директно погодени од Ковид-19 пандемијата на територија на главниот град. Во текот на денешниот ден тимовите на Црвен крст на Град Скопје започнаа со дистрибуција на хуманитарни пакети донирани преку финансиската помош од компанијата Империал Тобако ТКС Скопје. Овие …

Пакети за ранливи групи донирани од Империал Тобако ТКС Скопје Read More »

Избрани победниците на натпреварот „Зелени идеи“


Здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“ што годинава се одржа во онлајн формат. За најдобри се избрани идеите „Вајс адитив“ на ВАЈС Груп ДООЕЛ – Скопје,  „Пријатели на пчелите“ на Здружение јадрена група на пчелари од Брегалничкиот регион „Меден Исток“ кои ќе се натпреваруваат за поддршка од 10.000 долари, …

Избрани победниците на натпреварот „Зелени идеи“ Read More »

Шведска признава дека требало да воведе рестриктивни мерки


Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој е застапник на стратегијата да не се затвори земјата поради пандемијата на новиот коронавирус, денеска призна дека требало да бидат воведени рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. Тегнел изминатите месеци го бранеше својот пристап како одржлив, истовремено критикувајќи ги другите земји поради нивните престроги рестриктивни …

Шведска признава дека требало да воведе рестриктивни мерки Read More »

Воз удри бегалец од Авганистан кај Криволак


Бегалец од Авганистан, вчера бил удрен од воз и со тешки повреди бил пренесен на скопските клиники. Имено, вчера во 16.38 часот било пријавено дека во непосредна близина на железничка станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосека, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје удрил во Е.О. од Авганистан. …

Воз удри бегалец од Авганистан кај Криволак Read More »

САС на МПЦ-ОА ги повикува верниците за Духовденската задушница на гробишта само најблиските


Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), во пресрет на претстојните денови на Духовденската задушница, кога си спомнуваме за упокоените христијани, апелира до верниот народ, при посетата на гробовите на своите ближни, да се почитуваат пропишаните мерки од страна на здравствените институции. – Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од …

САС на МПЦ-ОА ги повикува верниците за Духовденската задушница на гробишта само најблиските Read More »

Курти свика седница на Владата еден час пред собраниската седница на која ќе се гласа за нова влада


 Собранието на Косово денеска во 11 часот ќе одржи вонредна седница, на која треба да се гласа за предлогот на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти за составот на новата влада и доколку ги добие потребните 61 глас ќе го заземе местото на вршителот на должноста премиер, Албин Курти, јави дописникот на …

Курти свика седница на Владата еден час пред собраниската седница на која ќе се гласа за нова влада Read More »

Италија од денеска ги отвора границите, засилените мерки остануваат


Италија денеска ги отвора регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата на корона вирусот, со што овозможува поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители на земјата, а од денеска се дозволени и пристигнувања од Шенген-зоната без карантин. Регионалните граници се отворени уште од полноќ, и покрај спротивставените ставови на италијанските власти за …

Италија од денеска ги отвора границите, засилените мерки остануваат Read More »

Кривичен суд: Вработениот во судската писарница е негативен на вирусот


Основниот кривичен суд Скопје, во однос на информациите објавени на некои портали и профили на социјалните мрежи од 01.06.2020 год. дека вработен во судската писара е позитивен на вирусот Ковид – 19, ја информира јавноста дека посочениот колега веднаш беше упатен на тестирање и по добиените резултатит истиот е НЕГАТИВЕН НА ВИРУСОТ, за што до …

Кривичен суд: Вработениот во судската писарница е негативен на вирусот Read More »

Во Италија продолжува да се намалува бројот на смртните случаи од Ковид-19


Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Италија денеска се зголеми за 55, што е намалување во однос на вчерашниот кога изнесуваше 60, објави денеска Агенцијата за цивилна заштита. Бројот на новозаразени со Ковид-19 денеска се зголеми за 318 во однос на вчерашниот ден, кога изнесуваше 178. Вкупниот број на смртни случаи во Италија …

Во Италија продолжува да се намалува бројот на смртните случаи од Ковид-19 Read More »

Самсон-Џексон: Разумно е да се очекува вакцина до крајот на годината


Директорката на американската Воена програма за истражување на заразни болести Венди Самсонс-Џексон, денеска изјави дека е разумно да се очекува дека до крајот на годината „на дел од американската популација може да и биде достапен некој вид вакцина против корона вирусот“. Американскиот министер за одбрана Марк Еспер на 15 мај изјави дека американската Влада, во …

Самсон-Џексон: Разумно е да се очекува вакцина до крајот на годината Read More »

Шпанија втор ден по ред без смртни случаи од Ковид-19


Втор ден по ред нема смртни случаи од коронавирусот во Шпанија, објави денеска Министерство за здравство во Мадрид. Вкупниот број на починати не е променет од неделата и изнесува 27.127, соопшти Министерството. Со 27.127 жртви од Ковид-19, Шпанија се наоѓа на шестото место во светот по бројот на починати. Бројот на новозаразени со коронавирусот корона …

Шпанија втор ден по ред без смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Османи: Нема друг датум за избори освен 5 јули


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на предвремените парламентарни избори, посочувајќи дека такви се роковите и законски и логични. – Ставот ние го кажавме, нема друг датум освен 5 јули во овој период што доаѓа. Такви се роковите, и законски и логични и какви било. …

Османи: Нема друг датум за избори освен 5 јули Read More »