(Фото+видео) Голем пожар над Батинци, ќе се гаси и со „ер трактори“ – намерно е запален


Пред малку изби холем пожар на отворен простор над скопското с. Батинци, зафати трева, грмушки и мешана шума, порафи ветрот се шири со голема брзина, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.. Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и …

(Фото+видео) Голем пожар над Батинци, ќе се гаси и со „ер трактори“ – намерно е запален Read More »

„Генералка“ на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави Орце Ѓорѓиевски


„Генералка” на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски на промотивниот настан што се одржува во Музејот на современа уметност вети интегриран јавен превоз, еколошки автобуси, целосно реновирање на Универзална сала и киното Милениум, воведување програма Град без депонии и …

„Генералка“ на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави Орце Ѓорѓиевски Read More »

МФ: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед за Македонија


 Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потвди кредитниот рејтинг на РС Македонија на нивото „BB+“ со стабилен изглед. Оваа оценка, како што велат од Министерството за финансии (МФ), е потврда за стабилноста на економските политики и сигнал за доверба во макроекономските перспективи на земјата. -Во својот извештај, „Фич“  нагласува дека кредибилните и доследни макроекономски политики, …

МФ: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед за Македонија Read More »

„Прво човек, потоа градоначалник“ – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со промоција на скопскот градоначалник и советничката листа


 „Прво човек, потоа градоначалник“ е мотото под кое денеска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го организираат промотивниот настан за кандидатот за скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски. На настанот што се одржува во Музејот на современа уметност, се промовира и советничката листа која брои вкупно 45 кандидати за советници. Промотивниот настан почна со државната химна во изведба на хорот …

„Прво човек, потоа градоначалник“ – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со промоција на скопскот градоначалник и советничката листа Read More »

(Фото+видео) Голем пожар во Анталија, евакуирани гости од неколку хотели


Шумскиот пожар во округот Аксу во Анталија (Турција) е ставен под контрола, а поради претпазливост синоќа биле евакуирани гости од неколку хотели. Пожарот избувнал околу 21 часот синоќа. Засега не е утврден причинителот, јавува TRT Haberler. Поради силен ветер, пожарот брзо се проширил и зафатил голема територија. Противпожарни екипи веднаш биле испратени на терен. Belek …

(Фото+видео) Голем пожар во Анталија, евакуирани гости од неколку хотели Read More »

Шест илјади луѓе евакуирани во Хонгконг откако е пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна


 Илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Хонгконг откако беше пронајдена голема неексплодирана бомба од Втората светска војна за експертите да можат да ја деактивираат. Поради „екстремно високите ризици поврзани со нејзиното отстранување“, околу 1.900 домаќинства, составени од 6.000 луѓе, беа „повикани веднаш да се евакуираат“, изјави полициски службеник за новинарите. Операцијата за деактивирање …

Шест илјади луѓе евакуирани во Хонгконг откако е пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна Read More »

Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти


Стручната комисија за кардиохиругија работи на случаите, а во неа се вклучени и двајца претставници од Фондот за здравстено осигурување (ФЗО). До ФЗО се доставени пет претставки од граѓани и сите се проследени до Стручната комисија. Првиот состанок на министерот за здравство со странските експерти кои треба да ја извршат крајната ревизија се очекува да …

Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти Read More »

Шукова: Имаме концепт за дигитално Скопје со еден клик до сите градски услуги


„Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности,“ рече Каја Шукова претставувајќи го планот за концепт за дигитално Скопје, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Таа потенцира дека визијата е Скопје да стане паметен, поврзан и достапен град за …

Шукова: Имаме концепт за дигитално Скопје со еден клик до сите градски услуги Read More »

Синот на Зидан. Лука ќе игра за алжирската репрезентација


Голманот на Гранада, Лука Зидан, ја прифати поканата од алжирската репрезентација, објави „РМЦ Спорт“. Дваесет и седумгодишниот син на поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан претходно играше за француските младински селекции.  Лука има 30 меѓународни настапи, вклучувајќи ја и победата на Европското првенство до 17 години во 2015 година. Другиот син на Зинедин Зидан, Елијас, дефанзивец …

Синот на Зидан. Лука ќе игра за алжирската репрезентација Read More »

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри


„Владата на ВМРО ДПМНЕ  лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, се посочува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и …

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри Read More »

Силјановска-Давкова: Обединетите нации опасно се приближуваат до „моментот на Лигата на народите“


Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право. Нивната Повелба ја зацврсти суверената еднаквост на државите. Нејзините агенции се стремеа да создадат подобар свет, градејќи мир не само меѓу …

Силјановска-Давкова: Обединетите нации опасно се приближуваат до „моментот на Лигата на народите“ Read More »

Португалија официјално ја признава Палестина


Португалија им се придружува на земјите кои веќе ја признаа независноста на Палестина. Португалија официјално ќе ја признае палестинската држава во недела, објави португалското Министерство за надворешни работи. „Министерството за надворешни работи потврдува дека Португалија ќе ја признае Државата Палестина… официјалната декларација за признавање ќе биде дадена во недела, 21 септември“, стои во соопштението на …

Португалија официјално ја признава Палестина Read More »

Гркинките го напуштија „Трофеј Македонија“


Ракометната Федерација на Македонија утрово ја информира  спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“. – Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и …

Гркинките го напуштија „Трофеј Македонија“ Read More »

Oд 26 септември поминување на пешачки со мобилен ќе се казнува 40 евра, при возење – 50


Полека, полека му доаѓа крајот на пешачење со телефон на уво или возење тротинети со слушалки – измените во Законот за безбедност во сообраќајот стапуваат во сила на 26 септември. Како што пренесе Телма, преминување на пешачки со мобилен ќе се казнува со 40 евра, а возачите на тротинети, мотори или трактори кои користат електронски уреди …

Oд 26 септември поминување на пешачки со мобилен ќе се казнува 40 евра, при возење – 50 Read More »

Хрват ги презема претседателските должности на Додик


Потпретседателот на Република Српска, Давор Прањиќ (ХДЗ), кој е Хрват, ги презеде претседателските должности наместо неформалниот лидер на тој ентитет, Милорад Додик. Прањиќ потпиша декрети со кои се донесуваат два закона, кои де факто ги признаваат одлуките на институциите на БиХ за разрешувањето на Додик. Како што објави канцеларијата на Милорад Додик, кој сè уште …

Хрват ги презема претседателските должности на Додик Read More »

Вечерна богослужба и литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје


Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје. По Вечерната, ќе следува литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје. Од Скопската епархија на МПЦ-ОА ги покануваат сите …

Вечерна богослужба и литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје Read More »

САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари


Администрацијата на Трамп му соопшти на Конгресот дека планира да му продаде оружје во вредност од речиси шест милијарди долари на Израел, што е нов знак на поддршка за сојузникот на Вашингтон кој се соочува со зголемена изолација поради војната во Газа. Договорот вклучува продажба на 30 хеликоптери AH-64 Apache во вредност од 3,8 милијарди …

САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари Read More »

Руски авиони упаднаа во Естонија


Естонија вчера објави дека три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и останале таму вкупно 12 минути.  -Русија го наруши естонскиот воздушен простор четири пати оваа година, што само по себе е неприфатливо, но најновото нарушување, при што три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е без преседан дрско, …

Руски авиони упаднаа во Естонија Read More »

Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони


Русија започна голем напад со ракети и дронови врз украинските градови преку ноќ, при што загина најмалку едно лице, а ранети се 13 други. Експлозии се слушнаа во градовите Павлоград и Николаев околу 4:40 часот наутро по локално време, соопштија локалните власти. Дополнителни експлозии подоцна одекнаа во регионот Днепар кратко по 6 часот наутро. Гувернерот …

Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони Read More »

Наутро ведро и посвежо, преку ден сончево


Денеска ќе утрото ќе биде ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се …

Наутро ведро и посвежо, преку ден сончево Read More »