Утре без струја делови од Бардовци и Чаир


Поради планирани технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје утре без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците во село Бердовци и во Чаир. Како што соопшти Центарот за управување со кризи во периодот од 7.40 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците во дел од село Бардовци во општина Карпош, …

Утре без струја делови од Бардовци и Чаир Read More »

„Ер Франс-КЛМ“ лани со загуби од 7,1 милијарди евра


„Ер Франс-КЛМ“ минатата година изгуби 7,1 милијарди евра поради последиците од пандемијата на коронавирусот. Според француско-холандската групација, компанијата изгуби две третини од своите клиенти поради пандемијата, а прометот опадна за 59 отсто во споредба со 2019 година на 11,1 милијарди евра. Компанијата предупреди дека првиот квартал од 2021 година ќе биде „тежок“ и дека заздравувањето …

„Ер Франс-КЛМ“ лани со загуби од 7,1 милијарди евра Read More »

Речиси два милиона Британци не работеле повеќе од шест месеци поради ковид-ограничувањата


Речиси два милиона луѓе во Велика Британија не работеле повеќе од шест месеци за време на пандемијата на коронавирусот, во услови на зголемен ризик за работниците од долгорочна економска штета предизвикана од кризата. Фондацијата „Резолуција“ соопшти дека до 1,9 милиони луѓе биле без работа или со полно работно време повеќе од шест месеци во јануари, …

Речиси два милиона Британци не работеле повеќе од шест месеци поради ковид-ограничувањата Read More »

Половина од новозаболените од Ковид-19 се од британскиот сој


Се уште е рано за целосно да се опуштиме заради тоа што сепак тука е детектирана британската варијација, мутација на коронавирусот. Утрово стигнаа нови информации дека се поголем е процентот од вкупниот број на анализирани тестови од јанаури досега и според последните анализи, 50 отсто потпаѓа на таа мутација на вирусот. Ова вечерва го изјави …

Половина од новозаболените од Ковид-19 се од британскиот сој Read More »

(Видео) Научници нашле живот на 900 метри под мраз: Тука не би смеело да има живот!


Случајно откритие на морски живот под површината на Антарктик фрла сомнеж на некои наши поранешни сфаќања за критериумите за постоење живи организми на студени и далечни планети во нашиот Сончев систем. Џејмс Смит и Пол Анкер од пректот „Бритиш Антарктик сурвеј“ направија дупка во 900 метри дебелата ледена плоча Филшнер-Рон за да го анализираат калливото …

(Видео) Научници нашле живот на 900 метри под мраз: Тука не би смеело да има живот! Read More »

Земјотрес од 5,6 степени по Рихтер во Иран


  Земјотрес со јачина од 5,6 степени регистриран е на подрачјето на југозападен Иран, објавила иранската државна телевизија, пренесува Б92. Како што пренесува агенцијата Ројтерс, сѐ уште нема информации за повредени. Иранската државна телевизија соопштила дека епицентарот на земјотресот бил блиску до градот Сисакхт.

Без вода корисниците од трета зона Припор


Од 19:30 часот вечерва без вода за пиење ќе бидат корисниците од трета зона Припор поради дефект на шибер од Ф-100 мм. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Чуиченко: Не постои правен основ за ослободување на Навални


 Одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални нема „правен основ“, оценија денеска руските власти. -Барањето на судот е неприменливо, бидејќи во рускиот закон нема правен основ што дозволува ослободување на вакво лице, изјави рускиот министер за правда, Константин Чуиченко, додавајќи дека станува збор за „грубо мешање во …

Чуиченко: Не постои правен основ за ослободување на Навални Read More »

Во Германија многумина одбиваат да се вакцинираат со „АстраЗенека“


  Германските сојузни покраини бележат намален интерес за вакцинирање со вакцината против Ковид -19 на „АстраЗенека“ заради написите во медиумите дека е намалена ефикасноста на оваа вакцина. „Многумина го откажаа својот термин за вакцинирање кога слушнаа дека треба да бидат вакцинирани со вакцини од „АстраЗенека“’, соопшти Министерството за здравство на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Во …

Во Германија многумина одбиваат да се вакцинираат со „АстраЗенека“ Read More »

Во Холандија запленети повеќе од 1,3 тони кокаин, скриен во зрна кафе


  Холандските цариници открија повеќе од 1.300 килограми кокаин скриен во пратка со кафе во зрно, во ротердамското пристаниште, соопшти државната канцеларија на обвинителството. Проценето е дека продажната вреднсот на илегалниот товар е речиси 100 милиони евра. Контејнерот со кафе кој пристигнал од Бразил бил наменет за една компанија, велат холандските власти. Но, таа компанија …

Во Холандија запленети повеќе од 1,3 тони кокаин, скриен во зрна кафе Read More »

Историски златен медал за Норвешка во екипна конкуренција на СП во алпско скијање


 Норвешка го освои првиот златен медал во својата историја во екипна конкуренција на светските првенства во алпско скијање, триумфирајќи попладнево на патеката во Кортина д”Ампецо, пред Шведска и Германија. Норвежаните, во состав Теа Луиз Стјернесуд, Себастијан Фос-Солеваг, Кристина Јоханесен и Фабијан Вилкенс Солхејм, на патот до полуфиналето ги елиминираа Јапонија и САД, по што во …

Историски златен медал за Норвешка во екипна конкуренција на СП во алпско скијање Read More »

Царина заплени тутун без платена акциза од 4,7 милиони евра


Царинската управа заплени 146.278 килограми увезен необработен тутун, пуштен незаконски во промет, без платена акциза во износ од 281.585.150 денари. Како што соопшти денеска директорот на Управата, Горан Сугарески, се работи за десет увози на тутун „вирџинија“, реализирани од страна на правно лице од Гевгелија во декември 2017 и цела 2018 година. Увезениот тутун, наместо …

Царина заплени тутун без платена акциза од 4,7 милиони евра Read More »

Чешкиот министер за здравство: Состојбата со корона вирусот се влошува


  Чешкиот министер за здравство Јан Блатни ги повика сограѓаните да се однесуваат одговорно и да се придржуваат до мерките за заштита од корона вирус, предупредувајќи дека состојбата се влошува, а ќе биде уште полошо за неколку недели. „Ако колективно не го сопреме преносот на вирусот, состојбата ширум земјата ќе наликува на состојбата во моменталните …

Чешкиот министер за здравство: Состојбата со корона вирусот се влошува Read More »

(Видео) Експлозија во централата на „Лидл“ во Германија


  Три лица се повредени во централата на компанијата „Лидл“ во Германија, кога една пратка експлодирала. Полицијата го блокираше влезот во Управната зграда во Хајлброн, а повредените се итно пренесени во болница. Од централа се евакуирани повеќе од 100 работници, а како што пишуваат светските медиуми, надлежните се сомневаат дека експлодирало писмо-бомба. 💥🇩🇪 #BreakingNews – …

(Видео) Експлозија во централата на „Лидл“ во Германија Read More »

Поради превртена цистерна на патот Гостивар-крак Маврово, кај Новоселски мост, сообраќајот се одвива наизменично


На патниот правец Гостивар – крак Маврово, кај Новоселски мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради превртена цистерна, соопшти АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција. Од АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување …

Поради превртена цистерна на патот Гостивар-крак Маврово, кај Новоселски мост, сообраќајот се одвива наизменично Read More »

Вишеградската група бара од ЕУ да ги принуди фармацевтските компании за побрза испорака на вакцините


Премиерите на земјите од Вишеградската група, на денешниот состанок во Краков, побараа од Европската комисија да ја искористи својата економска моќ и итно да изврши притисок врз фармацевтските компании да испорачаат вакцини против коронавирус на Европската унија во согласност со договорените обврски. – ЕК мора да ја искористи економската моќ на ЕУ за да изврши …

Вишеградската група бара од ЕУ да ги принуди фармацевтските компании за побрза испорака на вакцините Read More »

Шекеринска: С Македонија веќе исполни една од НАТО обврските за инвестиции во модернизација на Армијата


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво министри за одбрана преку заштитена видео-конференциска врска, на кој во рамките на првиот работен ден министрите ја започнаа подготовката на следниот самит на Алијансата, планиран да се одржи до крајот на годинава во Брисел. Како што соопшти Министерството за …

Шекеринска: С Македонија веќе исполни една од НАТО обврските за инвестиции во модернизација на Армијата Read More »

Експертите го отфрлаат тврдењето на Нетанјаху дека Израел речиси го победил корона вирусот


Израелските здравствени експерти денеска го отфрлија тврдењето на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека Израел наскоро ќе „заврши со ковидот“ затоа што смета дека на нивниот успех во кампањата за вакцинација му нема рамен во светот. -Тоа е политичка, а не професионална изјава, изјави професорот Хагеј Левин, епидемиолог и поранешен претседател на Здружението на лекари, и ова …

Експертите го отфрлаат тврдењето на Нетанјаху дека Израел речиси го победил корона вирусот Read More »

Поништена одлуката на Трамп: САД ќе уплатат над 200 милиони долари за СЗО


САД ќе уплатат над 200 милиони долари за Светската здравствена организација до крајот на февруари, соопшти американскиот државниот секретар Ентони Блинкен. – Ова е клучен чекор напред во исполнувањето на нашите финансиски обврски како членка на СЗО и ја рефлектира нашата обновена посветеност за обезбедување на потребната поддршка на СЗО за предводење на глобалниот одговор …

Поништена одлуката на Трамп: САД ќе уплатат над 200 милиони долари за СЗО Read More »

МЖСПП: Од почетокот на февруари задолжително почитување на стандарди за цврсти биогорива


На барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, согласно Законот за општа безбедност на производите, ги вклучи стандардите за цврсти биогорива во Листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден. Како што соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање,  со објавување на дополнетата листа …

МЖСПП: Од почетокот на февруари задолжително почитување на стандарди за цврсти биогорива Read More »