Пријави за поставени бомби во неколку основни училишта низ Република Српска


Утрово, неколку основни училишта низ Република Српска добија е-пошта со заканувачка содржина за можна експлозија. Полициските службеници постапуваат по горенаведените пријави во согласност со Упатствата за однесување на припадниците на МУП во случај на закана со експлозивна направа или некое друго опасно средство. Училиштата прво ќе бидат проверени од субверзија, објавува РТРС. Утрово, училиштата во …

Пријави за поставени бомби во неколку основни училишта низ Република Српска Read More »

Момче (14) прободе во гради врсник во Белград – жртвата молчи!


Белградската полиција го уапси 14-годишниот Ф. Г. под сомнение дека го прободел својот врсник В. М. (14) во градите со нож по тепачка во населбата Вождовац минатиот викенд. Инцидентот, кој резултираше со сериозни повреди на едното момче и апсење на другото, се случи во саботата, јавува Н1. Опасно по живот, одби да соработува Според информациите …

Момче (14) прободе во гради врсник во Белград – жртвата молчи! Read More »

Израел го одобри договорот за извоз на гас во Египет, вреден 35 милијарди долари


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го одобрил договорот за извоз на природен гас во Египет во вредност од 35 милијарди долари, најголемиот договор за гас во израелската историја. Договорот би можел да помогне и во подобрувањето на односите меѓу Израел и Египет, затегнати во изминатите две години поради војната на Израел против палестинскиот Хамас …

Израел го одобри договорот за извоз на гас во Египет, вреден 35 милијарди долари Read More »

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи


Нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета за најлојалните навивачи, воведе денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА). ФИФА одлучи да конвертира дел од билетите – приближно 10 проценти од вкупниот капацитет – од во моментов најприфатливата категорија („ниво на вредност“) во нова категорија наречена „ниво на влез“. Билетите во оваа категорија ќе имаат иста цена …

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи Read More »

Венецуела: Извозот на нафта продолжува нормално и покрај американската блокада


Венецуела денеска соопшти дека нејзините извозни операции се одвиваат нормално, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат или излегуваат од земјата. Танкерите поврзани со државната нафтена компанија ПДВСА продолжуваат со своите пловидби „во легитимно остварување на правото на слободна навигација и слободна трговија“, се наведува …

Венецуела: Извозот на нафта продолжува нормално и покрај американската блокада Read More »

Арктикот на работ на катастрофа: Највисока температура во последните 125 години


Арктикот доживеа рекордна топлина и намалување на морскиот мраз во текот на изминатата година, бидејќи северните географски широчини во светот продолжуваат брзо да се префрлаат на повлажни, помалку ледени површини поради климатската криза, објавија научниците. Од октомври 2024 до септември 2025 година, температурите низ целиот арктички регион беа најтопли во последните 125 години од модерното …

Арктикот на работ на катастрофа: Највисока температура во последните 125 години Read More »

„Непријателско преземање“: Драма во Warner Bros., реагираше и Трамп


Компанијата „Ворнер брос“ (Warner Bros. Discovery) денес ги повика своите акционери да ја отфрлат понудата на „Парамаунт“ (Paramount) за „непријателско преземање“ бидејќи верува дека потенцијалната трансакција нема целосна гаранција од милијардерите Лари и Дејвид Елисон, кои го контролираат „Парамаунт“. Непријателското преземање е процес на стекнување контрола врз компанијата, спротивно на желбите и без одобрение од …

„Непријателско преземање“: Драма во Warner Bros., реагираше и Трамп Read More »

Косовската полиција претресува простории каде што се вршат нелегални естетски интервенции


Основното обвинителство во Приштина објави дека спроведува сеопфатна операција во регионот на Приштина, заедно со косовската полиција, со цел борба против нелегалните услуги за ботокс. Постои основано сомнение дека естетски услуги биле обезбедени во 15 простории со употреба на медицинскиот производ ботокс, иако, според законот, ваквите услуги може да ги обезбедува само сертифициран персонал. Како …

Косовската полиција претресува простории каде што се вршат нелегални естетски интервенции Read More »

Кандидатите за градоначалници ги добија редните броеви на гласачките ливчиња за претстојните избори во овие четири општини


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше. На претстојните локални избори кои ќе се одржат на 11 јануари, идната година ВРЕДИ ќе биде под реден број 1, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ под реден број …

Кандидатите за градоначалници ги добија редните броеви на гласачките ливчиња за претстојните избори во овие четири општини Read More »

Измени во сообраќајот на два воза до крајот на февруари поради реконструкција на пругата Скопје-Зелениково


Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје-Зелениково, од 2 јануари 2026 година до крајот на февруари 2026 година ќе има измени во сообраќајот на два воза, информираат од Железници Транспорт АД-Скопје. Како што се наведува во соопштението, возот број 642 кој ќе сообраќа на релација Битола-Велес време на тргнување предвидено со возниот ред (време на …

Измени во сообраќајот на два воза до крајот на февруари поради реконструкција на пругата Скопје-Зелениково Read More »

Рама почна битка против непотизмот во редовите на неговата партија


Лидерот на албанските владејачки социјалсти и актуелен премиер, Еди Рама, ја „активира метлата“ за расчистување на непотизмот во редовите на партијата. По негов предлог, во партијата формирана е комисија за етика, која ќе врши контрола на можни случаи на непотизам во партијата, а ќе ја предводи Линдита Никола, поранешна претседателка на парламентот и ексминистерка за …

Рама почна битка против непотизмот во редовите на неговата партија Read More »

Јаневска: Од година во година сé поголеми средства кон наука и истражувања


Јавните ресурси се ограничени. Нашата определба, како Министерство и како Влада, да насочуваме од година во година сé поголеми средства кон наука и истражувања, ја покажува решеноста да градиме општество засновано на знаење, иновации и одржлив развој, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, каде беа презентирани …

Јаневска: Од година во година сé поголеми средства кон наука и истражувања Read More »

Пет девојки од Желино претепале 19-годишна жителка на истото село


Тетовската полиција поднесе кривична пријава против пет жени од тетовското село Желино поради физички напад врз 19-годишна девојка од истото село. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. …

Пет девојки од Желино претепале 19-годишна жителка на истото село Read More »

И ДСЗИ истражува дали имало пропуст кај починатото новороденче


Колабирано белодробно крило, отежнато дишење, прекумерна акумулација на течност (едем) во интрацелуларните или екстрацелуларните простори на мозокот и кардиореспираторна инсуфисиенција е причина за смртта на новороденчето на В.И. од Арачиново, според медицинската документација која ја обезбеди Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ова денеска го истакна директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, кој рече дека до министерот …

И ДСЗИ истражува дали имало пропуст кај починатото новороденче Read More »

Маж од Виница, со „пежо“ излетал од патот и загинал


На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По …

Маж од Виница, со „пежо“ излетал од патот и загинал Read More »

Пред 20 години Бутан забрани продажба на тутун – мерката не даде резултати


На денешен ден, 2004 година, Бутан ја забрани продажбата на тутун и стана првата држава во светот што законски ги исфрли тутунските производи од пазарот. Согласно Законот за контрола на тутунот, и покрај тоа што пушењето не беше прогласено за нелегално, цигарите веќе не можеа да се купуваат од продавниците, а увозот на тутун беше …

Пред 20 години Бутан забрани продажба на тутун – мерката не даде резултати Read More »

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба – меѓу нив и Орце Ѓорѓиевски


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откри дека вкупно 54 градоначалници (поранешни и новоизбрани) не ја исполниле законската обврска за пријавување на својот имот по Локалните избори 2025 година. 35 поранешни градоначалници не поднеле изјава по престанокот на функцијата. 19 новоизбрани градоначалници не пријавиле имот во законскиот рок од 30 дена по изборот. ДКСК …

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба – меѓу нив и Орце Ѓорѓиевски Read More »

Србија во самоизолација, нема да има никој на самитот ЕУ-Западен Балкан


  Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник. „За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот …

Србија во самоизолација, нема да има никој на самитот ЕУ-Западен Балкан Read More »

Норвешка ќе испрати помош за ПВО системи на Украина во вредност од 246 милиони евра


Норвешката влада денеска соопшти дека на Украина ќе ѝ успрати помош во ракети за системи за противвоздушна одбрана (ПВО) во вредност од 3,2 милијарди норвешки круни (246 милиони евра). Во соопштението се наведува дека Норвешка ќе испрати ракети за украинските ловци Ф-16 (F-16) и други системи за противвоздушна одбрана.

МЖСПП и преку апликација за мобилен ни го покажува (не)квалитетот на воздухот


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот, на кој може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk. – Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, …

МЖСПП и преку апликација за мобилен ни го покажува (не)квалитетот на воздухот Read More »