Без вода улиците „Коце Металец“ и „Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје


Прекин на водоснабдувањето утринава од девет часот ќе имаат корисниците од улиците „Коце Металец“ и „Трифун Хаџи Јанев“ во Општина Гази Баба. Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје соопштија дека прекинот е поради дефект на шахта на ул.„Коце Металец“ бб, кај СУГС  „Панче Арсовски“. Ќе трае до завршување со санацијата.

Скопје и 43 општини избраа градоначалници во вториот круг


Државната изборна комисија вчеравечер ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК Александар Даштески, ќе бидат објавени денеска. Согласно објавените првични податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори …

Скопје и 43 општини избраа градоначалници во вториот круг Read More »

Сондата „Џуно“ овозможи прв 3Д поглед на атмосферата на Јупитер


Сондата „Џуно“, која во вселената ја лансира вселенската агенција НАСА, понуди подобар, подлабок поглед во атмосферата на Јупитер. Научниците, благодарение на сондата „Џуно“, креираа прва 3Д фотографија на атмосферските слоеви на Јупитер и ги илустрира неговите турбулентни облаци и бури со повеќе детали од кога и да е. Сега е појасно како се однесуваат циклоните …

Сондата „Џуно“ овозможи прв 3Д поглед на атмосферата на Јупитер Read More »

(Видео) Силен земјотрес во Токио


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер го погоди Токио во Јапонија, но не е објавено предупредување за цунами. Епицентарот на потресот бил во префектурата Ибараки, на длабочина од 60 километри, пренесе Кјодо. Засега нема податоци за евентуална материјална штета, констатира Ројтерс.

Бугарските медиуми за оставката на премиерот Зоран Заев


Вториот круг од локалните избори во Северна Македонија е главна тема во бугарските печатени изданија и електронски медиуми, јави дописникот на МИА од Софија. Темата со локалните избори по кои уследи оставката на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, беше објавена во сите медиуми, без да се даваат коментари за тоа. Софиското издание „Дневник“, по …

Бугарските медиуми за оставката на премиерот Зоран Заев Read More »

Наутро студено со утринска магла по одделни котлини, попладне сончево со мала облачност


Времето наутро во земјава ќе биде  ведро и студено со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне …

Наутро студено со утринска магла по одделни котлини, попладне сончево со мала облачност Read More »

Мицкоски: Убедлива победа и ден кога почнуваат промените за подобра Македонија


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција порача дека партијата извојувала голема победа и оти денешниот е денот кога почнуваат промените за подобра Македонија. Тој се заблагодари на поддршката од сите опозициски партии и додаде дека со соработката покажале оти е возможен еден широк опозициски фронт со кој се воспоставуваат основи за идна соработка …

Мицкоски: Убедлива победа и ден кога почнуваат промените за подобра Македонија Read More »

САД почна со клинички испитувања за прва вакцина против карцином на дојка


Клиника во Кливленд објави дека почнува со прво изпитување на луѓе со кое ќе се тестира вакцина дизајнирана да спречи тројно негативен карцином на дојка, кој во моментот не реагира на хормонски или целна терапија со лекови и може да се спречи само со мастектомија. Досега развојот на вакцина против тројно негативниот карцином на дојка …

САД почна со клинички испитувања за прва вакцина против карцином на дојка Read More »

(Во живо) Прес на Данела Арсовска


Проследете ја во живо прес-конференцијата на Данела Арсовска по завршувањето на локалните избори.    Од обработени околу 60 отсто од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 55,85 проценти. Петре Шилегов од СДСМ има 40,60 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија …

(Во живо) Прес на Данела Арсовска Read More »

Јакимовски прогласи победа во Карпош


Стевчо Јакимовски како кандидат од Гром, а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Карпош. Иако гласовите не се добројани од општинската изборна комисија, тој смета дека е новиот градоначалник на општината. „Во оваа изборна кампања морам да кажам дека се однесував витешки, излегував и кажував кои се решенијата на проблемите на Карпош и која е …

Јакимовски прогласи победа во Карпош Read More »

Шпанија подготвена да донира 50 милиони вакцини на сиромашните земји


Шпанија, во која досега е вакцинирано 78,5 отсто од населението, вети дека ќе донира 50 милиони вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји во светот, што е 20 милиони повеќе од претходно најавеното. Шпанскиот премиер Педро Санчез од Рим, каде викендов се одржа состанок на групата Г20, порача дека вакцините ќе бидат испорачани во период од …

Шпанија подготвена да донира 50 милиони вакцини на сиромашните земји Read More »

Научниците се обидуваат да го откријат потеклото на микропластиката во морињата и океаните


Тим француски и јапонски истражувачи со фрлање мрежа во јапонската префектура Шизуока се обидуваат да соберат микропластика, за да откријат како таа влегува во морето и колку продира во океанското дно, пренесува Џапан Тајмс. Се посочува дека ситни пловечки фрагменти од пластична амбалажа, синтетичка облека и рибарски мрежи се намножиле во последните четири децении и …

Научниците се обидуваат да го откријат потеклото на микропластиката во морињата и океаните Read More »

Димитриевски се подготвува за прослава на кумановскиот плоштад


Независниот кандидат Максим Димитриевски повика на прослава на кумановскиот плоштад и веќе слави во својот изборен штаб повикувајќи се на резултати од набљудувачите. Дел од медиумите јавуваат дека неговиот противкандидат Оливер Илиевски ја потврдил победата на Димитриевски.  На социјалните медиуми се појавија и фотографии од атмосферата во штабот на Димитриевски, каде се спремаат за славење.

Спасовски: Важно обележје на овие избори е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со полицијата


 Граѓаните покажаа дека демократијата станува дел од културата на нашето граѓанско општество, дел од нашите животи. Уште едно важно обележје на овие избори, во текот на целиот изборен процес е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со македонската полиција, порача вечерва министерот за внтарешни работи Оливер Спасовски по завршувањето на вториот круг од …

Спасовски: Важно обележје на овие избори е што граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со полицијата Read More »

До основните јавни обвинителства пристигнале мал број пријави за изборни нерегуларности


Во вториот круг од локалните избори до Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела при изборниот процес при Јавното обвинителство и до обвинителствата пристигнале релативно мал број пријави и известувања за нерегуларности на изборниот процес, изјави претседателот на Комисијата, јавниот обвинител Џељал Бајрами, додавајќи дека по сите пријави се оформени …

До основните јавни обвинителства пристигнале мал број пријави за изборни нерегуларности Read More »

Путин: Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека просечната годишна температура на воздухот во Русија расте два и пол пати побрзо отколку во светот. На самитот на Г-20, на кој тој учествуваше преку видео врска, рече дека температурата на воздухот во Русија во последните десет години се зголемила за повеќе од половина степен, пренесе ТАСС. Путин …

Путин: Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек Read More »

ДИК почна да објавува резултати


На страницата на Државната изборна комисија почнаа да се појавуваат првите резултати. Од скопските општини, може да се видат резултатите за Карпош и Центар, каде за градоначалници се тркаат Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Душко Весковски од СДСМ, како и Горан Герасимовски од СДСМ и Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ.  Резултати може да се следат уште …

ДИК почна да објавува резултати Read More »

(Видео) Едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас во Мексико


 Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас рано утринава во градот Пуебла во централно Мексико, а причината најверојатно е нелегално поврзување на гасоводот, изјавија официјални лица. Гувернерот на Публе, Мигел Барбоса, изјави дека 2.000 луѓе кои живеат во радиус од еден километар биле евакуирани пред експлозијата по итен повик до …

(Видео) Едно лице загина, а 11 се повредени во експлозија на гас во Мексико Read More »