Јато фламинга на Охридското Езеро


Помало јато фламинга деновиве повторно е забележано во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум. Слични ситуации беа забележани и пред неколку години, кога фламинга беа фотографирани на Охридското Езеро. Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Не се забележани појави …

Јато фламинга на Охридското Езеро Read More »

Народната банка ги претстави макроекономските проекции пред меѓународната заедница


Проекциите на Народната банка за темпото за закрепнување на македонската економија и за инфлацијата се многу блиску до проекциите на меѓународните финансиски институции и Европската комисија, било истакнато на состанокот што Народната банка вчера го имала со претставници на меѓународните институции и дипломатскиот кор. Проекциите на Народната банка се економски раст за годинава од 3,9 …

Народната банка ги претстави макроекономските проекции пред меѓународната заедница Read More »

Во Камбоџа седум лица починаа од консумирање алкохол за дезинфекција


Министерството за здравство на Камбоџа денеска соопшти дека седум работници починале откако испиле алкохол наменет за дезинфекција, кој го помешале со вода и безалкохолни пијалаци. Работниците се вратиле од Тајван и биле ставени во карантин поради епидемијата на коронавирусот, соопшти Министерството. Се додава дека поради труење во болница се префрлени 12 работници. Пациентите се жалеле на главоболка, вртоглавица и отежнато дишење. Експертите зеле примероци од пијалакот и ги однеле …

Во Камбоџа седум лица починаа од консумирање алкохол за дезинфекција Read More »

Познат идентитетот на мажот кој се удави во Вардар


По извршениот увид од јавен обвинител и увидна екипа, утврден е идентитетот на мажот кој вчера се удави во Вардар. Случајот беше пријавен вчераутро по што полицијата поведе потрага и го откри безживотното тело на  73-годишниот гостиварец во близина на мостот меѓу Старо Чајле и Форино. Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост …

Познат идентитетот на мажот кој се удави во Вардар Read More »

Нови земјотрси во Хрватска


Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека во петокот вечерта кај Глина регистрирала два умерени земјотреси. Првиот земјотрес е регистриран во 23 часот и 9 минути, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на 4 километри североисточно од Глина. Интензитетот во епицентарот бил од IV степен од ЕМС скалата. Вториот земјотрес со јачина од …

Нови земјотрси во Хрватска Read More »

Герасимовски: Хигиеничарите од Општина Центар со уреден работен однос во новото комунално претпријатие


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера оствари средба со сите хигиеничари односно ангажирани сезонски работници во Општина Центар, задолжени за одржување на јавната хигиена во општината. На средбата стана збор за потребата од поголема јавна хигиена со почести миења на улиците и собирање смет. Герасимовски исто така ги запозна хигиеничарите за новата дејност која …

Герасимовски: Хигиеничарите од Општина Центар со уреден работен однос во новото комунално претпријатие Read More »

Еколошките здруженија од регионот ги повикуваат владите да ја намалат употребата на фосилни горива


Минатата недела повеќе од 40 земји ширум светот се обврзаа постепено да ја укинат употребата на јаглен како дел од клучните преговори за COP26. Од Западен Балкан, само Северна Македонија е на оваа листа, и покрај повеќекратните политички обврски преземени од сите регионални лидери за ограничување на емисиите. Она што е итно потребно е јасна …

Еколошките здруженија од регионот ги повикуваат владите да ја намалат употребата на фосилни горива Read More »

Во Берлин најдено тело на руски дипломат – фрлен низ прозорецот на амбасадата?


Во Берлин, Германија најдено е мртво тело на еден руски дипломат. Дали се работи за шпион и како настрадал, со овие прашања се занимаваат германските безбедносни служби, пишува „Дојче веле“,  а пренесува „Индекс“. Берлински полицајци, кои ја чуваат зградата на руската амбасада во центарот на Берлин, во раните утрински часови на 19 октомври, нашле безживотно …

Во Берлин најдено тело на руски дипломат – фрлен низ прозорецот на амбасадата? Read More »

Свечените изјави на советниците во Штип, Аеродром и Кисела Вода се неуставни


Свечените изјави без уставното име што ги потпишаа штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се спротивни на Уставот, е заклучокот на инспекторите од Државниот инспекторат за локалната самоуправа. Решението опомена до градоначалникот на Општина Штип и до претседателот на Советот пристигнало попладнево, објави МИА. Според она што го пишува во решението, советниците од мнозинството ќе …

Свечените изјави на советниците во Штип, Аеродром и Кисела Вода се неуставни Read More »

Преговорите на КОП26 во Глазгов го пробија рокот


Преговарачите на Конференцијата на Обединети нации за климатските промени (КОП26) во Глазгов го пробија рокот на завршување и се обидуваат да постигнат консензус. Двонеделната Конференција требаше да заврши во 19 часот по централноевропско време. Преговарачите се обидуваат да постигнат консензус за тешки прашања, меѓу кои се и иднината на фосилните горица и одвојувања на средства …

Преговорите на КОП26 во Глазгов го пробија рокот Read More »

Двегодишно девојче од БиХ во кома по операција во приватна клиника, докторката немала лиценца


Една од двете докторки кои оперирале двегодишно девојче од Какањ, Босна и Херцеговина, кое паднало во кома откако работите се влошиле од непознати причини, нема лиценца за работа од Лекарската комора на Кантонот Сараево. Министерот за здравство Харис Враниќ, од Лекарската комора побарал информација за лиценците за работа на докторките од приватната офталмолошка ординација „д-р …

Двегодишно девојче од БиХ во кома по операција во приватна клиника, докторката немала лиценца Read More »

На Клиниката за ендокринологија отворен Ендокринолошки дијагностички центар


Пациентите за нас секогаш се на прво место. Утрово на ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија се отвори нов Ендокринолошки дијагностички центар, кој овозможува интегрирана, сеопфатна дијагностика на пациентите со ендокринолошки заболувања, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Во овој Центар, посочува министерот, има три кабинети за ултрасонографска дијагностика на патолошки промени …

На Клиниката за ендокринологија отворен Ендокринолошки дијагностички центар Read More »

Се чистат дивите депонии во Скопје


  Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска изврши увид во активностите за интензивно расчистување на дивите депонии во општините Бутел, Сарај и Карпош. Градот Скопје веќе почна со чистење на мапираните диви депонии низ населените места на повеќе локации во Град Скопје.   – Од првите денови од мандатот работиме на реализација на проектите чии …

Се чистат дивите депонии во Скопје Read More »

Нов сој корона вирус во француските училишта


Новиот сој на корона вирус е откриен во едно училиште во местото Баналек во Бретања во Франција, за кој стручњаците тврдат дека се работи за мутација поинаква од сите познати варијанти на вирусот. Како што наведуваат, новиот сој е поинаков од алфа, бета, делта варијантите на корона вирусот, пренесува францускиот портал Телеграм. Засега со новиот …

Нов сој корона вирус во француските училишта Read More »

Во Словенија од среда ковид-пропусници за децата


  Самотестирање на учениците од основните и средните училишта во Словенија ќе почне во среда, а тестовите ќе се вршат во понеделник, среда и петок, а ќе се сметаат за ковид-пропусници. Во одлуката на владата се вели дека родителите мора да потпишат согласност со која дозволуваат децата да се самотестираат во училиште, пренесе СТА. Децата …

Во Словенија од среда ковид-пропусници за децата Read More »

Левица ќе претседава со Советот на Карпош


Советникот од партијата Левица, Бранко Ристов денеска беше избран за претседател на Советот во Општина Карпош.  Во присуство на градоначалникот Стевчо Јакимовски и претставници на општинската администрација, денеска во Кинотека се одржа првата седница на Советот на Општина Карпош. Седницата од конститутивен карактер, ја отвори најстариот член на Советот, д-р Добрила Андоновска, која им го …

Левица ќе претседава со Советот на Карпош Read More »

Советот на Општина Илинден ги донесе Измените и дополнувањата на буџетот за 2021 година


Советот на општина Илинден ја одржа втората вонредна седница на која советниците изгласаа Измени и дополнувања на општинскиот буџет за 2021 година, со цел порационално искористување на средствата во буџетот. Градоначалникот Александар Георгиевски ги информираше советниците дека веднаш по преземањето на градоначалничката должност извршен е вонреден попис на побарувањата и обврските на општината, заклучно со …

Советот на Општина Илинден ги донесе Измените и дополнувањата на буџетот за 2021 година Read More »

Започна расчистувањето на депонијата во Ново Село, Скопско


Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска беше во увид на подготвителните работи за расчистување на депонијата во Ново Село, еден од најголемите еколошки проблем на ѓорчепетровци и скопјани. Како што соопшти тимот за односи со јавност на градоначалникот, на ова место прво се расчистува теренот, којшто се обезбедува со поставување на потребната опрема и …

Започна расчистувањето на депонијата во Ново Село, Скопско Read More »

Лани во земјава 7.432 новозаболени од дијабетес


Во Северна Македонија во 2020 година имало 7.432 новозаболени од дијабетес. Новите бројки на Меѓународната федерација за дијабетес откриваат алармантен раст на застапеноста на дијабетесот. Вкупно 537 милиони возрасни луѓе ширум светот живеат со дијабетес. Ова го покажуваат бројките на Државниот завод за статистика што ги објави во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот, 14 …

Лани во земјава 7.432 новозаболени од дијабетес Read More »

Кастриот Реџепи сам пошол во полиција да пријави дека не е исчезнат


Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано …

Кастриот Реџепи сам пошол во полиција да пријави дека не е исчезнат Read More »