(Видео) Мицкоски: Денес се слуша гласот на промените


– Ова е победа на младите, старите, жените, атеистите, муслиманите, на буквално сите. Победи народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција на партијата. Според него, ова е победа на хероите и денес се слуша гласот на промените. – Ова е и одговорност, нема да ве разочараваме и изневериме. Сѐ што кажав во кампањава …

(Видео) Мицкоски: Денес се слуша гласот на промените Read More »

Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус на излезност


Во Општина Центар Жупа во првиот круг од локалните избори не е избран нов градоначалник, бидејќи не е обезбеден потребниот цензус на излезност од една третина од вкупно запишаните гласачи во единствениот избирачки список, потврди за МИА, претседателот на ОИК, Неџип Илјаз. „Право на глас во оваа печалбарска општина имаа 7.317 а го остварија 25 …

Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус на излезност Read More »

ДИК: Шилегов води пред Арсовска во Скопје


Според првичните бројки што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, во трката за градоначалник на Град Скопје води кандидатот на СДСМ Петре Шилегов, пред независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска. До 22:40 часот во системот на ДИК се обработени податоци од општините Сарај, Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода и Гази Баба, …

ДИК: Шилегов води пред Арсовска во Скопје Read More »

Три лица загинаа во САД, полицаец се бранел од напад со нож


Најмлаку тројца се убиени во инцидент во Арканзас, САД, кога полицаец пукал бранејќи се од напад со нож, соопшти Полицијата. Меѓутоа, тие не изнесоа повеќе детали за тоа што точно се случило, ниту за начинот на кој луѓето се убиени и што довело до тоа полицаец од Форт Смит да пука од пиштол, пренесе АП. …

Три лица загинаа во САД, полицаец се бранел од напад со нож Read More »

Земјотрес од 5 степени во Албанија


Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, регистриран е во соседна Албанија. Земјотресот бил почувствуван во 22.13 часот, на 53 километри северозападно до главниот град Тирана. Потресот се случил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почуваствуван по целиот брег на Албанија, но и во соседна Црна Гора. M5.0 #earthquake (#tërmet) strikes 54 …

Земјотрес од 5 степени во Албанија Read More »

Митко Јанчев во Кавадарци прогласи победа во прв круг


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јанчев прогласи победа во првиот круг во Општина Кавадарци. Тој вети дека ќе биде сработено и повеќе од ветеното. Според ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат е Јанчев, тој повторно ја добил довербата и освоил мандат од нови четири години. Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, до 22 часот се преброени околу 10 отсто …

Митко Јанчев во Кавадарци прогласи победа во прв круг Read More »

(Видео) Славеа навивачи во Холандија, падна трибината


На натпревар меѓу НЕЦ и Витезе се сруши трибината додека гостинските навивачи славеа победа. Видена е неверојатна сцена, за среќа – никој не настрадал. Витезе како гостин го победи НЕЦ и во Ниеменген 1:0 и по натпреварот играчите славеле со навивачите. навивачите пееја и скокаа и одеднаш падна трибината. Никој не е повреден, што е …

(Видео) Славеа навивачи во Холандија, падна трибината Read More »

Зелен хуман град освојува многу советнички места


Независната кандидатка за градоначалничка, Ана Петровска изрази незадоволство од спроведувањето на локалните избори. Таа потенцираше дека тоа го констатирале набљудувачите. Детали сподели Драгана Велковска, носителка на советничката листа од „Зелен хуман град“. Петровска, пак, смета дека процесот за трансформација на Скопје во Зелен хуман град е започнат. Таа вели дека премногу е рано за да …

Зелен хуман град освојува многу советнички места Read More »

ДИК почна да објавува резултати


Државната изборна комисија почна да објавува резултати на својата веб-страница.  Како што најави претседателот Александар Даштевски, резултатите пристигнуваат директно од избирачките места.  Засега, малку се пребројаните гласови, но тие се менуваат во минута.  Најмногу пребројани гласови има во Центар Жупа, каде за кандидатот Аријан Ибраим има внесено 315 гласа, а за неговиот противкандидат Шаин Шаќир …

ДИК почна да објавува резултати Read More »

МВР не забележа посериозни инциденти на изборниот ден


МВР нема забележано посериозни инциденти на денешниот ден на избори. Денес се пријавени 91 настан, бројка која е многу помала од претходните изборни циклуси, Најголемиот број од пријавените инциденти се во Скопје, Штип, Куманово , Велес и Тетово рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Помалку настани се забележани, како уништување на гласачки материјал, гласало …

МВР не забележа посериозни инциденти на изборниот ден Read More »

ЦИК: На локалните избори во Косово излезноста е 42,85 отсто


Според најновите податоци на Централна изборна комисија (ЦИК) на денешните локални избори гласале 42,85 проценти од граѓаните со право на глас, а најголема излезност е регистрирана во српските средини. Во Малишево уапсени се две лица, набљудувач и член на изборната комисија поради купување на гласови. На приведените одреден им е притвор од 48 часа. Во …

ЦИК: На локалните избори во Косово излезноста е 42,85 отсто Read More »

Арсовска: Гласавме за да донесеме убава промена во Скопје


Кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска денеска го оствари своето право на глас на Локалните избори на гласачкото место во општина Ѓорче Петров. –Заедно со семејството гласавме на локалните избори и се надевам дека ќе донесеме убава промена за градот Скопје и една убава промена за она кое што сметаме дека Скопје ќе биде …

Арсовска: Гласавме за да донесеме убава промена во Скопје Read More »

До ЈО пристигнати неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите


Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека до 19:00 часот денеска пристигнале уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапувала Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности. – Основното јавно обвинителство Струга е известено дека на избирачко место едно лице го искинало гласачкото ливче и го …

До ЈО пристигнати неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите Read More »

Пендаровски: Секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес


Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на првиот круг од локалните избори 2021, гласаше на избирачкото место 2489. – Според досегашните информации, еве веќе половина од изборниот ден во првиот круг се одвива во генерално позитивна атмосфера. Јас се надевам дека до крајот на изборниот ден ќе остане така, и се разбира и по 19 часот, во …

Пендаровски: Секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес Read More »

Заев: Верувам дека ќе ги избереме најдобрите градоначалници


Овие избори уште еднаш ќе покажат во кој правец треба да се движи нашата држава, порача премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев во Струмица, каде заедно со сопругата Зорица и ќерката Александра го остварија своето гласачко право и обврска.    „Денеска македонската демократија е пред уште една победа. Денеска сведочиме на фер, слободни и …

Заев: Верувам дека ќе ги избереме најдобрите градоначалници Read More »

Мицкоски: Денеска граѓаните ја зедоа судбината во свои раце


Само со масовна илезност на локалните избори, може да се надминат сите нерегуларности порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска излегоа и гласаа, бидејќи тие ја земаа судбината во свои раце. Тоа е единствениот начин како да се стави крај оваа апатија, на безнадежност која што …

Мицкоски: Денеска граѓаните ја зедоа судбината во свои раце Read More »

Заврши гласањето, почнува броењето


Во 19:30 часот се затворија сите избирачки места на кои граѓаните на Република Северна Македонија денеска гласаа на локалните избори. Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжи половина час додека не гласаа граѓаните кои беа затекнати во објектите за гласање. Партиските раководства се во нивните штабови, каде ги …

Заврши гласањето, почнува броењето Read More »