Ганиу: Официјално 16 жртви од сообраќајната несреќа во Бугарија се од Чаир, но бројката е поголема


 Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека бројот на жртвите од сообраќајната трагедија во Бугарија од оваа општина официјално е 16, но дека, според него, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини. – Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам …

Ганиу: Официјално 16 жртви од сообраќајната несреќа во Бугарија се од Чаир, но бројката е поголема Read More »

Ќе ѝ се одземе лиценцата на „Беса транс“


Министерството за транспорт почна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Беса Транс“ по сообраќајката на нивниот автобус во Бугарија во кој загинаа 45 патници бидејќи од досега добиените сознанија превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, информираше вечерва на прес-конференција ресорниот министер Благој Бочварски. -Опожареното возило не било …

Ќе ѝ се одземе лиценцата на „Беса транс“ Read More »

Двајца мртви, 16 повредени во експлозија во фабрика во Србија


Двајца работници загинале, а 16 се повредени во експлозија во фабриката „ЕдеПро“, која произведува противградни ракети во близина на предградието Бубањ Поток. Како што јави јавниот сервис РТС, нешто по 14 часот се слушнале посилни и неколку послаби експлозии. Експлозиите се случиле во складиште за ракетно гориво од 260 метри квадратни, во кое имало 500 …

Двајца мртви, 16 повредени во експлозија во фабрика во Србија Read More »

Радев: Бугарија прави сè што е возможно за откривање на причините за трагедијата на автопатот „Струма“


Искажувам најискрено сочувство до блиските на загинатите во несреќата на автопатот „Струма“ и во домот за стари лица во селото Ројак во североисточна Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, јави дописникот на МИА во Софија. -Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија, заедно тагуваме со нив за трагедијата. Бугарската држава прави се …

Радев: Бугарија прави сè што е возможно за откривање на причините за трагедијата на автопатот „Струма“ Read More »

За Македонија 1,14 милиони евра од Програмата Креативна Европа


Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за завршени преговори и за склучување на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во Креативна Европа (2021- 2027) и определи амбасадорката на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел, Агнеза Руси – Поповска да го потпише Договорот. …

За Македонија 1,14 милиони евра од Програмата Креативна Европа Read More »

Донесена одлука за изградба на соларен парк од 350 мегавати


На денешната седница Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „Остро солар“ – Скопје. Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од …

Донесена одлука за изградба на соларен парк од 350 мегавати Read More »

Исплатата на пензиите ќе се врши од петок 26 ноември


 Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии заноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 ноември, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските …

Исплатата на пензиите ќе се врши од петок 26 ноември Read More »

Бугарски стручњаци објаснуваат: Знакот е превисоко и погрешно поставен?


Според зборовите на бугарски стручњаци, еден од знаците на патот каде се случи автобуската несрежа во која загинаа 46 македонски државјани, е погрешно и превисоко поставен, па можеби и тоа е причина за несреќата. Оваа автобуска несреќа е една од најтешките во Европа во последните десет години. Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортна политика …

Бугарски стручњаци објаснуваат: Знакот е превисоко и погрешно поставен? Read More »

Црвениот крст организира донации за поддршка на семејствата на настраданите


 Црвениот крст на Република Северна Македонија со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции ќе даде придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите граѓани во стравичната автобуска несреќа која се случи во Бугарија. – Од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш сакаме да изразиме длабоко сочувство …

Црвениот крст организира донации за поддршка на семејствата на настраданите Read More »

Сарафов: Резултатите од ДНК анализата се очекува да бидат готови за неколку дена


За неколку дена се очекува да бидат готови резултатите од ДНК анализата, за со сигурност да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, нагласувајќи дека заедно со македонските колеги го прецизирале начинот на кој ќе се работи истрагата за несреќата. На местото на …

Сарафов: Резултатите од ДНК анализата се очекува да бидат готови за неколку дена Read More »

Минута молк во Владата за жртвите од автобуската несреќа


Пред почетокот на денешната владина седница, премиерот и министерите станаа и оддадоа почит со минута молк на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија. Во несреќата што се случи ноќеска, на автопат во блзина на Соефија во Бугарија, загинаа најмалку 46 луѓе, кои се враќале од екскурзија во Истанбул Турција.  Поради несреќата, Владата прогласи тридневна жалост, …

Минута молк во Владата за жртвите од автобуската несреќа Read More »

Холандски ковид-пациенти се носат во болница во Германија


Холандија почна да превезува ковид-пациенти преку границата во Германија за да го олесни притисокот на своите болници, кои се борат со пораст на бројот случаи со корона вирус. Пациентот во вторникот наутро пренесен е во болничко возило од Ротердам во болницата во Бохум, околу 240 километри источно, а во текот на денот ќе биде пренесен …

Холандски ковид-пациенти се носат во болница во Германија Read More »

Францускиот премиер позитивен на корона вирус


Францускиот премиер е позитивен на корона вирус и ги повика белгиските министри да бидат во излоација, поради состанокот на кој во понеделникот присуствуваа сите заедно. Жан Кастекс (56) по само неколку часа од состанокот беше тестиран позитивно на корона вирус. На фотографиите од состанокот се гледа како двајца мажи стојат покрај него без маски на …

Францускиот премиер позитивен на корона вирус Read More »

Владата прогласи тридневна жалост


Владата попладнево на седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост во Република Северна Македонија поради автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, потврдија за МИА од владината прес-служба. Државните знамиња пред Владата се спуштени на половина Скопје. За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 до 25 …

Владата прогласи тридневна жалост Read More »

Граѓани положуваат цвеќе пред македонската Амбасадата во Софија


Пред македонската Амбасада во Софија граѓани положија цвеќе во знак на сочувство за загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа што се случи синоќа во Бугарија, во којашто загинаа најмалку 45 лица, јави дописникот на МИА од Софија. Младите девојки, коишто го положија цвеќето, не сакаа да ги кажат своите имиња, само рекоа дека тоа го …

Граѓани положуваат цвеќе пред македонската Амбасадата во Софија Read More »

Сочувство од Мета и Џачка до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија


Длабоко и искрено сочувство до семејставата на загинатите и брзо закрепнување на повредените изразија албанскиот претседател Илир Мета и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. -Голема болка и длабока тага за трагичната несреќа во која животот го загубија наши сонародници од Северна Македонија. Во овие тешки моменти изразувам искрено и длабоко сочувство до …

Сочувство од Мета и Џачка до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија Read More »

Сочувство од МНР на Турција до Северна Македонија и Бугарија за сообраќајната несреќа и пожарот за стари лица


Министерството за надворешни работи на Република Турција изрази сочуство до Владите и народите на Бугарија и Северна Македонија за загинатите во пожарот што избувна во домот за стари лица во Варна на 22 ноември 2021 година и во сообраќајната несреќа на автобусот со македонски регистарски ознаки, што се случи ноќеска во близина на бугарскиот град …

Сочувство од МНР на Турција до Северна Македонија и Бугарија за сообраќајната несреќа и пожарот за стари лица Read More »

МНР: Формиран кризен штаб за сообраќајната несреќа во Бугарија


Министерството за надворешни работи формираше кризен штаб во врска со автобуската несреќа што се случи во Бугарија во којашто загинаа најмалку 45 лица.   – Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија …

МНР: Формиран кризен штаб за сообраќајната несреќа во Бугарија Read More »

Бројот новозаразени со Австрија конечно падна под 10.000


Втор ден од заклучувањето на Австрија бројот на новозаразени падна под 10.000. истовремено поранса бројот починати, па така денеска се регистрирани 72 жртви. Во последните 24 часа во Австрија регистрирани 9.513 новозаразени од корона вирус. По подолго време, повеќе од дев недели, дневниот број новозаразени по прв пат паѓа на четирицифрен број. Вчера пак беа …

Бројот новозаразени со Австрија конечно падна под 10.000 Read More »

Кривокапиќ: Ја споделувам мојата тага со граѓаните на Северна Македонија и Бугарија


Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека споделува огромна тага со премиерите и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија поради автобуската несреќа кај Софија во која загинаа 46 лица, главно патници од Северна Македонија. – Затекнат сум од трагичната вест дека недалеку од Софија се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа најмалку 46 лица, …

Кривокапиќ: Ја споделувам мојата тага со граѓаните на Северна Македонија и Бугарија Read More »