Владата прогласи тридневна жалост


Фото: Б. Грданоски

Владата попладнево на седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост во Република Северна Македонија поради автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, потврдија за МИА од владината прес-служба.

Државните знамиња пред Владата се спуштени на половина Скопје.

За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 до 25 ноември (вторник, среда и четврток).

– Се одложуват сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост, соопштина владината прес-служба.

Во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 46 лица.

Претходно и Бугарија прогласи ден на жалост, со оглед на тоа дека вчера изгореа и девет лица штитеници во старечки дом.