Евакуирана првата група цивили од „Азовстал“


Првата група цивили синоќа е евакуирана од челичарницата „Азовстал“, што е последна точка на украинскиот отпор во Мариупол. – Тие се префрлени на договорената локација и се надеваме дека ќе бидат евакуирани во Запорожје, на територијата под контрола на Украина. Се надеваме дека овој процес ќе продолжи и дека ќе можеме да ги евакуираме сите …

Евакуирана првата група цивили од „Азовстал“ Read More »

Зголемувањето на платите во фокусот на 1 Мај


Барањата за повисоки плати годинава се во фокусот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. Порастот на цените на храната и енергенсите и зголемената инфлација што се јавија како последица од глобалната енергетска криза и руско-украинскиот конфликт ги принудија синдикатите да се мобилизираат и секој на свој начин, преку протести и штрајкови, да бараат зголемување …

Зголемувањето на платите во фокусот на 1 Мај Read More »

Првомајски синдикален протест, се бара зголемување на платите


Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата. Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата. Протестот ќе почне во 12:30 часот пред зградата на …

Првомајски синдикален протест, се бара зголемување на платите Read More »

Променливо облачно со повремен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 13 до 19 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и со …

Променливо облачно со повремен пороен дожд Read More »

(Фото) На ГАК родено близначе во амнионска обвивка


На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска беше родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка. Родилката беше со близначка бременост, а бебињата се родени во 34-та гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаа засебни амнионски обвивки и засебни постелки, а породувањето беше извршено со царски …

(Фото) На ГАК родено близначе во амнионска обвивка Read More »

Денеска почнуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН со медијатор


Денеска во 14 часот започнуваат преговорите помеѓу СОНК и Министерството за образование и наука. Преку овие преговори, како што вели Јаким Неделков, по пат на помирување со помош на овластен помирувач ќе се обидат да најдат решение за барањата на наставниот кадар. – Тоа што денеска продолжи наставниот процес не значи дека сме ги прифатиле …

Денеска почнуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН со медијатор Read More »

(Во живо) Прес-конференција на СОНК


Прес-конференција на претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков во врска со известувањето од Министерството за труд и социјална политика за покренување постапка за помирување.

ССМ на Првомајскиот протест ќе побара линеарно зголемување на платите од 2.806 денари


Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика сите работници, синдикати и невладини организации да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, а на кој ќе се побара линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски денеска на прес-конференција рече дека анализите …

ССМ на Првомајскиот протест ќе побара линеарно зголемување на платите од 2.806 денари Read More »

Претрес во седиштето на „Дојче банк“ во Франкфурт


Истражните органи по налог на германското Обвинителство денеска влегоа во „Дојче банк“ во Франкфурт на Мајна. Во акцијата се вклучени припадници на Федералната криминалистичка служба, Финансиската полиција и Обвинителството. Засега не е позната позадината на претресот на канцелариите во „Дојче банк“. Од Обвинителството соопштија дека се постапува врз основа на наредба на Судот во Франкфурт, …

Претрес во седиштето на „Дојче банк“ во Франкфурт Read More »

Јанакиески за „ТНТ“: Ако добијам шеста осудителна пресуда, ќе смени ли нешто во општеството?


Пресудата за случајот „ТНТ“ е закажана за 20 мај. Завршни зборови денеска дадоа дел од обвинетите, кои се изјаснија дека немаат сторено кривично дело во однос на уривањето на објектот „Космос“ и оти се надеваат на ослободителна пресуда. Претходно, завршен збор имаше поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој посочи дека не постои ниту еден …

Јанакиески за „ТНТ“: Ако добијам шеста осудителна пресуда, ќе смени ли нешто во општеството? Read More »

Големи пожари во САД, уништени повеќе од 160 станбени објекти


Големата суша што го зафати северниот дел на американската сојузна држава Ново Мексико предизвика големи шумски пожари при што се уништени 166 станбени објекти, а стотици домови се загрозени од силните ветрови што ја носи огнената стихија кон планинските населби. Локалните власти укажуваат дека илјадници жители се подготвуваат за евакуација доколку пожарите се приближат до …

Големи пожари во САД, уништени повеќе од 160 станбени објекти Read More »

Општина Кисела Вода започнува со реконструкција на сите улици во Пржино


Потпишан е Договорот помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и изведувачите ДПГТТУ „Филип Инженеринг” и ДЗЗГ “Изолација”, со што следната недела започнува капиталниот проект за реконструкција на сите улици во населбата Пржино. Се работи за договор во износ од околу 14 милиони денари кои Општина Кисела Вода ги обезбеди од Светска банка, преку проектот МСИП2 овозможен преку …

Општина Кисела Вода започнува со реконструкција на сите улици во Пржино Read More »

Жичницата од недела ќе работи два часа повеќе


Од недела (1.05.2022 год), жичницата на Средно Водно ќе работи два часа повеќе, односно од 10 до 20 часот. Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно Одлуката за работно време на жичницата во период мај – …

Жичницата од недела ќе работи два часа повеќе Read More »

Голема еколошка акција во Аеродром на 6 мај


Општествено одговорните компании Пивара Скопје / Pivara Skopje, Пакомак и Man And Mountain преку заедничко партнерство на 6 мај (петок) ја почнувааат една од најголемите акции за чистење во Општина Аеродром наречена „Генералка викенд“. Жителите на Аеродром ќе можат отпадот од своите домови или од околината да го однесат во специјално обележани места за селектирање …

Голема еколошка акција во Аеродром на 6 мај Read More »

Јавниот превоз во Скопје в понеделник по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено


 Поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје в понеделник ќе се одвива по неделен возен ред. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе работат билетарниците кај Транспортниот центар и Зелено пазарче, како и во Ѓорче Петров. Утре, сабота …

Јавниот превоз во Скопје в понеделник по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено Read More »

Прекинато водоснабдување за корисниците од прва зона Припор


Поради дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на улица „Христо Татарчев“ крак 14 број 2, без вода ќе бидат корисниците од прва зона на населбата Припор. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето е прекинато од 10:50 и ќе трае се до завршување на активностите.

Државата имаше комплетно погрешен концепт на субвенционирање во земјоделството


Државата имаше комплетно погрешен концепт на субвенционирање воведен доминантно заради финансирање покрај на земјоделството и за финансирање на други политички цели, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговорајќи на прашање на форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”, Ковачевски истакна дека годишно се инвестирани по осум до девет милијарди денари и …

Државата имаше комплетно погрешен концепт на субвенционирање во земјоделството Read More »

„Форд“ остана без чипови, сопре производството на „мустанг“


  Компанијата „Форт мотор“ соопшти дека поради недостаток на полупроводнички чипови следната недела ќе сопре производството во нивната фабрика во Флет Рок, каде се склопува моделот „мустанг“. „Форд“, вториот најголем производител на автомобили во САД, порано објави дека планира оваа недела да го сопре производството во тој погон на два дена, пренесе Ројтерс. Порталот Automotive …

„Форд“ остана без чипови, сопре производството на „мустанг“ Read More »

Дојави за бомби во над 20 училишта во Белград, сите евакуирани


 Дваесетина средни училишта и гимназии во Белград добија циркуларна електронска пошта за подметната бомба. Учениците и професорите веднаш се евакуирани, а известени се Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција (БИА). – Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема …

Дојави за бомби во над 20 училишта во Белград, сите евакуирани Read More »