Халанд: Не постоеше можност да играм за Англија


Фудбалерот на Манчестер сити, норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, рече дека никогаш не сакал да настапува за репрезентацијата на Англија, пренесуваат британските медиуми. Халанд е роден во Англија во 2000 година, во време кога неговиот татко Алф – Инге настапува во англиската лига. Британските медиуми шпекулираа дека Халанд би можел да ја избере англиската репрезентација, но напаѓачот …

Халанд: Не постоеше можност да играм за Англија Read More »

Украинската полиција и јавниот сервис се вратија во ослободениот Херсон


Украинската полиција и јавниот сервис се вратија во неодамна ослободениот град Херсон.   Началникот на националната полиција на Украина, Ихор Клименко, денеска напиша дека околу 200 полицајци се на терен во градот, поставувајќи контролни пунктови и документирајќи докази за можни воени злосторства.   „Се работи и на деминирање на површината, а еден деминер е повреден …

Украинската полиција и јавниот сервис се вратија во ослободениот Херсон Read More »

Деветмина повредени во пад на балон во источните Алпи


 Девет лица се повредени денеска при пад на балон со топол воздух на источниот крај на Алпите во Австрија.   Австрискиот Црвен крст соопшти дека двајца патници се тешко повредени во несреќата во регионот Буклиге Велт, област наречена по нејзиниот ридски предел.Тие се пренесени со хеликоптер во локалните болници.   Двајца полесно повредени патници се …

Деветмина повредени во пад на балон во источните Алпи Read More »

ЕУ ја повика Кина да ја убеди Русија да го почитува меѓународното право


 Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ја повика Кина да ги „искористи сите средства“ за да ја убеди Русија да го почитува меѓународното право, неколку дена пред самитот на Групата 20 најиндустриски развиени земјиво светот и земји во развој (Г20) посветен на  конфликтот во Украина.   „Ги охрабруваме кинеските власти да ги искористат сите …

ЕУ ја повика Кина да ја убеди Русија да го почитува меѓународното право Read More »

Албанската полиција кај Берат откри „фабрика” за марихуана и заплени 870 килограми


Албанската полиција ја финализираше полициската мега-операција со шифра „Бурa”, при што се запленети 870 килограми марихуана и уапсени 11 лица. Во акцијата се запленети и два пиштола, една автоматска пушка, четири автомобили, повеќе мобилни телефони, како и предмети што се користат за преработка и пакување на наркотици. Директорот на Одделот за криминалистичка полиција во Генералната …

Албанската полиција кај Берат откри „фабрика” за марихуана и заплени 870 килограми Read More »

Државата ќе обезбеди средства за сервисирање на долгот за струја на Клиничкиот центар


 Обврска на државата и на Министерството за финансии е да обезбеди средства за непречено функционирање на Клиничкиот центар во Скопје, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Мора да бидеме свесни дека Министерството за здравство помина низ еден долг процес на борба со корона кризата и тогаш сите граѓани беа згрижени без да има какво било нарушување на …

Државата ќе обезбеди средства за сервисирање на долгот за струја на Клиничкиот центар Read More »

Османи: Комуникацијата со Бугарија мора да биде постојана и интензивна


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска порача дека комуникацијата со Република Бугарија мора да биде постојана и интензивна. -Колку повеќе оставаме простор без комуникација, некој друг влегува во таа комуникација и ја киднапира агендата и не одвраќа од траекторијата која сме ја исцртале од јули годинава. Се договоривме веднаш да ги активираме секторските работни …

Османи: Комуникацијата со Бугарија мора да биде постојана и интензивна Read More »

И ракија се печеше на Првиот национален саем за храна и пијалаци во паркот во Скопје (Галерија)


Ракија во казан се печеше на сред Градскиот парк во Скопје денеска, на Првиот национален саем на храна и пијалоци. Во преполниот парк, во кој вриеше како во кошница, се месеа кори (јуфки), имаше мазници, зелници, мантии, пити, макала, бело сирење, јаболка, маџун, ракија, секој што произведува по традиоционалниот домаќински начин, беше распослан со своите …

И ракија се печеше на Првиот национален саем за храна и пијалаци во паркот во Скопје (Галерија) Read More »

Хаос на Твитер по воведувањето на „сината штикла“


Бранот нови платени таканаречени „blue tick” или (сина штикла) профили кои лажно се претставуваат како влијателни поединци и брендови доведе до сеопшт хаос на Твитер. Тие лажни „проверени“ налози (сината штикла означува дека налогот е проверен) со имиња на политичари, славни сличности, големи организации и компании, почнаа да се појавуваат на оваа социјална мрежа во …

Хаос на Твитер по воведувањето на „сината штикла“ Read More »

Две згради се урнаа во францускиот град Лил, нема информации за жртви


Две соседни згради се урнаа во францускиот град Лил, пренесоа светските агенции. Засега нема информации за жртви. Зградите се наоѓаат на централна шопинг улица. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини. Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. …

Две згради се урнаа во францускиот град Лил, нема информации за жртви Read More »

Ковачевски: УО на М-НАВ постапи добро со тоа што го заврши конкурсот за контролори на летање онака како што бил започнат


Управниот одбор (УО) на М-НАВ постапи добро со тоа што го заврши конкурсот за контролори на летање онака како што бил започнат и како што бил евалуиран од страна на данските консултанти, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. „Уште во текот на минатата недела ги повикав тројцата директори од М-НАВ да дојдат и да реферираат на …

Ковачевски: УО на М-НАВ постапи добро со тоа што го заврши конкурсот за контролори на летање онака како што бил започнат Read More »

Ковачевски: Зголемено производство на домашна храна е приоритет


Премиерот Димитар Ковачевски, се обрати на Првиот национален саем за храна и пијалаци – „Вкуси ја традицијата“ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и „Слоу Фуд“ Македонија. За прв пат се организира Саем од ваков обем со учество на 40 здруженија и над 200 изложувачи на вкусна храна и пијалаци. Во своето …

Ковачевски: Зголемено производство на домашна храна е приоритет Read More »

Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна и нема никакви индици за нарушување


 Безбедносната состојба во државата во целата територија во моментов е стабилна, безбедна и нема никакви индикации за нарушување, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврдувајќи дека може имаат влијание настаните од поблиското и поширокото опкружување, но и кризата. -Сега дали може да ја ефектуираат настаните кои што ни се случуваат и поблиското и …

Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна и нема никакви индици за нарушување Read More »

Душко Ивановиќ наскоро седнува на клупата на Црвена ѕвезда


Според информациите објавени во голем број српски медиуми многу скоро ќе уследи смена на тренерската клупа на Црвена ѕвезда, а нов стратег на кошаркарите на белградскиот клуб ќе биде црногорскиот стратег Душко Ивановиќ. Како играч Ивановиќ своите најуспешни години ги мина во дресот на сплитска Југопластика, додека во долгата тренерска кариера најголема трага остави во …

Душко Ивановиќ наскоро седнува на клупата на Црвена ѕвезда Read More »

Бочварски: Во М-НАВ не смее да има манипулации во која било постапка


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оцени дека прашањето за вработување контролори на летање е затворено согласно со домашните процедури и законите и меѓународните правила и оти во Македонска навигација М-НАВ не смее да има никакви манипулации во која било постапка. Одговарајќи на новинарски прашања Бочварски рече дека М-НАВ е институција која што …

Бочварски: Во М-НАВ не смее да има манипулации во која било постапка Read More »

ЛДП: Отказот за Кашиковски покажува дека во град Скопје владее режим и едноумие


Во Град Скопје почнува да владее режимот и едноумието на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од Либерално-демократската партија по информацијата на Сојузот на синдикати на Македонија дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација“ Стојанче Кашиковски добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски. „Отказот на Кашиковски не само што е спротивна на закон …

ЛДП: Отказот за Кашиковски покажува дека во град Скопје владее режим и едноумие Read More »

Ковачевски: Украинскиот политичар доби државјанство врз основа на позитивните мислења од сите релевантни институции


 Државјанство се издава врз основа на одобрение од повеќе државни институции, а за државјанството на укринскиот политичар имаше позитивни мислења од сите релевантни институции, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. -При издавањето на тоа државјанство биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да …

Ковачевски: Украинскиот политичар доби државјанство врз основа на позитивните мислења од сите релевантни институции Read More »

За колку ќе се зголеми субвенционираниот оброк за студентите, повлечен новиот закон


По неколку недели неизвесност од стартот на академската 2022/2023 година, студентите ќе го дочекаат конкурсот за субвенциониран оброк, пишува порталот Факултети.мк.. Според последните информации, субвенционираниот студентски оброк студентите ќе го добијат во втората половина на ноември, откако следната недела ќе бидат изгласани законските измени на Законот за субвенциониран оброк. Изготвувањето на предлог-законот со кој требаше …

За колку ќе се зголеми субвенционираниот оброк за студентите, повлечен новиот закон Read More »

Во две возила фатени дрвокрадци во Ресенско


Вчера во атарот на село Болно кај месноста Речиште, полицијата од Ресе одзеде возило „застава“ без регистарски таблички, управувано од Е. К.(34) од Ресен, натоварено со огревни дабови дрва без жиг и без документација и возило „шкода фелиција“ без регистерски таблички, управувано од А.М. (19) од Ресен, исто така натоварено со огревни дабови дрва без …

Во две возила фатени дрвокрадци во Ресенско Read More »

Презентиран веб портал etransport: Електронски ќе се проверуваат лиценците на превозниците


 Министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи Благој Бочварски и Оливер Спаосвски, директорот на Инспекторатот за транспорт Гајур Рушити и директорката на Царинската управа Славица Кутиров потпишаа договор за размена на податоци во делот на патниот и товарнит транспорт, а беше презентиран и веб портал etransport.mtc.gov.mk. Министерот  Бочварски истакна дека водејќи се од транспарентноста на работата, а се …

Презентиран веб портал etransport: Електронски ќе се проверуваат лиценците на превозниците Read More »