Објавени видеа од апсењето на жената бомбаш во Истанбул


Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и е одведена во притвор. „Лицето кое го изврши нападот, сириската државјанка Ахлам Албашир, беше фатена жива. При сослушувањето, таа призна дека била обучена како специјален разузнавач од терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ …

Објавени видеа од апсењето на жената бомбаш во Истанбул Read More »

Борел: Белград и Приштина на работ на нова криза, да се бараат решенија


Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел утрово изјави дека Белград и Приштина се „на работ на нова криза“ и порача дека е неопходно да се излезе од кризната логика и да се сврти кон барање решенија. Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Борел потсети дека на 11 ноември се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ …

Борел: Белград и Приштина на работ на нова криза, да се бараат решенија Read More »

Светски ден на дијабетес: Секој четврти човек не ја добива потребната помош


 Секој четврти човек во светот со дијабетес не ја добива потребната помош, покажува новото истражување објавено на Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември.   Меѓународната фондација за дијабетес (ИДФ) наведува дека околу 26 отсто од луѓето не добиваат доволно информации за нивната состојба откако ќе им биде дијагностицирана.   Овој факт може да доведе до …

Светски ден на дијабетес: Секој четврти човек не ја добива потребната помош Read More »

Зеленски ги обвини руските сили за воени злосторства во Херсон


Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги обвини руските војници за воени злосторства и убиства на цивили во Херсон, град кој минатата недела беше вратен од украинската армија по повлекувањето на Русија. „Истражителите веќе документираа повеќе од 400 руски воени злосторства. Пронајдени се тела на загинати цивили и војници. Руската армија зад себе остави траги на дивјаштво, …

Зеленски ги обвини руските сили за воени злосторства во Херсон Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Богоев ќе гради хотел на брегот на Беровското Езеро, тој вели, не наскоро


Семејството на Стефан Богоев купило имот со маркица за хотел на четири ката на самиот брег на Беровско Езеро по цена од 400 денари за м2, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Имотот на Богоев се простира на над 7.000 метри квадратни на самиот брег на езерото, и на истиот има маркица, за градба на хотел. Со хотел на …

ВМРО-ДПМНЕ: Богоев ќе гради хотел на брегот на Беровското Езеро, тој вели, не наскоро Read More »

Шортс: Тука сум како дома, се чувствувам како Македонец


 Јунакот во победата на македонската кошаркарска репрезентација на синоќешниот дуел со Данска, Ти-Џеј Шортс и се заблагодари на публиката во Гевгелија за големата поддршка. Новиот натурализиран играч на „црвено-жолтите“ натпреварот го заврши со 33 поени, шест асистенции и пет освоени топки. – Сакам да им честитам на Данците за отпорот кој го пружија. Им благодарам …

Шортс: Тука сум како дома, се чувствувам како Македонец Read More »

Без вода дел од „Илинденска“ и „Аминта Трети“


Поради менување вентил во шахта, без вода утрово од 9 часот без вода ќе бидат корисниците на ул. „Аминта Трети“ и дел од бул. „Илинден“ (потегот од Фонтана Парк до Влада). Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Алегри: Ќе биде тешко да го освоиме Скудетото оваа сезона


 Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не е уверен дека неговиот тим може да ја освои шампионската титула оваа сезона во Серија А. – Мислам дека не можеме да го освоиме Скудетото оваа сезона со помалку од 90 бодови. Јувентус е далеку зад лидерот Наполи. Сепак, мора да продолжиме да се бориме. Ќе ги наполниме батериите …

Алегри: Ќе биде тешко да го освоиме Скудетото оваа сезона Read More »

Од 15 ноември задолжителна зимска опрема во возилата


 Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, започнува во вторник следната недела (15 ноември) информира АМСМ. Обврската е пропишана во член 361 од  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде во став 1 е наведено дека моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на …

Од 15 ноември задолжителна зимска опрема во возилата Read More »

(Видео) Ангелов покажа колку е опасен надвозникот во Визбегово, од кој висат бетонски блокови


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, јавно соопшти дека во неколку наврати ЦУК побарал интервенција од потенцијално надлежните институции, но опасноста се уште не е отстранета од надвозникот кај Визбегово. Тој денеска револтиран од тоа што надлежните и по неколку месеци од пријавата не ја санирале дупката на надвозникот кај Визбегово, денеска со видео снимка покажа …

(Видео) Ангелов покажа колку е опасен надвозникот во Визбегово, од кој висат бетонски блокови Read More »

Децата невакцинирани во Црна Гора: Пропишани казни до 2.000 евра, досега казнети 94 родители


Прекршочните судови во изминатите три години казниле 94 родители затоа што не ги вакцинирале децата, а најголемата казна изнесувала 800 евра. Според податоците на судовите, од 2020 година до сега биле поднесени 547 предлози за поведување прекршочна постапка против родители кои не ги вакцинирале своите деца според задолжителниот распоред за имунизација, од кои решени се …

Децата невакцинирани во Црна Гора: Пропишани казни до 2.000 евра, досега казнети 94 родители Read More »

Кралот Чарлс поради инфлацијата од свој џеб исплати бонус на персоналот


  Персоналот кој работи за британскиот крал Чарлс ќе добијат бонус до 600 фунти како помош поради сè поголемите трошоци за живот во кризните времиња. Таблоидот „Сан“ објави дека вкупните бонуси, кои ќе бидат исплатени овој месец покрај регуларната плата, ќе изнесуваат десетици илјади фунти и дека потекнуваат од кралскиот приватен приход. Весникот истакнува дека …

Кралот Чарлс поради инфлацијата од свој џеб исплати бонус на персоналот Read More »

Почина затвореник од „Идризово“


 Вработен во Затвор Идризово вчера во 7:17 часот во СВР Скопје пријавил дека осуденикот Џ.И.(63) од Тетово починал во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од 29 октомври годинава бил на болничко лекување, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина-Скопје.

Во автобуска несреќа загинаа најмалку 19 лица


Најмалку 19 лица загинаа, а шест се повредени денеска кога автобус излета од патот во канал во северен Египет, соопшти тамошното министерство за здравство. Во автобусот имало 35 лица, објави „Ројтерс“. Причината за несреќата засега не е позната.

ЕП: Русија неочекувано добро се справува со санкциите


Руската економија се соочува подобро од очекуваното со санкциите воведени од Западот, смета претседателот на Комитетот за економски развој во украинската Врховна Рада, Дмитро Натаљуха. За време на сослушувањето во Комитетот за економска и монетарна политика на Европскиот парламент, тој побара деветтиот пакет санкции да биде насочен во две насоки. Од една страна, станува збор …

ЕП: Русија неочекувано добро се справува со санкциите Read More »

Студентите на протест против уништувањето на студентскиот стандард


Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард, вели претседателството на Студентски oтпор. „Затоа, време е за студентски отпор! Нашите барања до надлежните институции се следни: 1. Повлекување на новите измени на законот за студентски субвенциониран оброк, и …

Студентите на протест против уништувањето на студентскиот стандард Read More »

Во Србија повторно виден црн пантер – предупредување за жителите


  Црн пантер неодамна беше виден крај Апатин во Србија, на границата со Хрватска, а денеска повторно е воочен, во близина на бањата „Јунаковиќ“, 12 километри од каде што бил забележан првиот пат. „Се работи за многу опасно и непредвидливо диво животно“ Од Општината Апатин ги предупредија граѓаните да не одат во тој правец, затоа …

Во Србија повторно виден црн пантер – предупредување за жителите Read More »

Сообраќајка на влезот во Македонска Каменица


Поради сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случила вечерва во прекин е сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Увид на местото на настанот вршат екипи на сообраќајната полиција од каде информираат дека несреќата е резултат на судир помеѓу две возила кои се движеле во спротивен правец. На местото на несреќата поставена …

Сообраќајка на влезот во Македонска Каменица Read More »

Во обука на украинските вооружени сили ќе учествува и Бугарија


Покрај Полска и Германија, во обуката на украинските вооружени сили како дел од мисијата на Европската унија планира да учествува и Бугарија. Во оваа земја, како што изјави за медиумите рускиот воен експерт Алексеј Леонков, ќе има неколку полигони каде војниците ќе ги обучуваат американски, британски и бугарски инструктори. Прес-службата на бугарското Министерство за одбрана …

Во обука на украинските вооружени сили ќе учествува и Бугарија Read More »

Османи за Законот за здруженија: Не смееме да дадеме никому аргумент ако сметаме дека некои елементи може да се спорни


Венецијанската комисија ја споменав само во делот на ретроактивното важење на законот, а не за одредбите за новите клубови кои можат да се отвораат со проблематични имиња, соопшти на денешната средба со медиумите министерот за надворешни работи Бујар Османи. Одговарајќи на новинарско прашање за одлуката да се испратат измените на Законот за здруженија и фондации до …

Османи за Законот за здруженија: Не смееме да дадеме никому аргумент ако сметаме дека некои елементи може да се спорни Read More »